Колосјаните 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Поздрав

1 Дела 16,1; Рим 1,1; 1 Кор 1,1-2; Ефес 1,1-2 Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, и братот Тимотеј,

2Дела 9,13; Рим 1,7до светиите и верните браќа во Исус Христос што се во Колоси: благодат вам и мир од Бога нашиот Отец и Гос­под Христос!

Благодарност за Евангелието

3 1,12; Рим 1,8-9; Ефес 1,15-16; 5,4.20; 1 Сол 1,2; Фил 1,4-5 Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас,

4бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта ваша, ко­ја ја имате кон сите светии,

51 Кор 13,13; Ефес 1,13поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слуш­на­ле од словото на вистината – Еван­ге­ли­ето,

6Мт 28,19-20; Мк 4,8; 13,10; Дела 14,3; 20,24.32; 1 Тим 3,16кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината;

74,12; Фил 1,23како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е верен служител Христов заради вас,

81 Кор 13,1и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот.

Молитва за Црквата

9 3,10; Лк 12,47; Ефес 1,15-17; Фил 1,9 Затоа и ние, од оној ден кога го чув­ме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Него­ва­та волја во секоја мудрост и духовно разбирање,

10Ефес 2,10; 4,1; Фил 1,27; 1 Сол 2,12та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога,

11Ефес 1,19; 3,16; 6,10укрепувајќи се со секаква сила пре­ку Неговата славна моќ за секаква тр­пеливост и великодушност со радост,

125 Мојс 33,3-4; Ис.Н. 14,1-5; Мудр 5,5; Дела 20,32; 26,18; Рим 1,7; Ефес 1,11-13; 1 Птр 1,4; 2,9благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината,

132 Мојс 14,30; Мт 3,17; Лк 22,53; Јн 8,12; Дела 26,17-18; Ефес 1,6; 2,2; 5,8нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син,

14Рим 3,24; Ефес 1,7во Кого имаме откуп преку крвта Негова и простување на гревовите.

Личноста и Христовото дело

15 1,18; 1 Мојс 1,26; Изреки 8,22-36; Мудр 7,26; Сир 1,4-9; Јн 1,1-18; 2 Кор 4,4; Фил 2,6-11; 1 Тим 3,16; Евр 1,3; Откр 3,14 Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание;

162,8.10; Јн 1,3; Рим 8,38-39; 1 Кор 8,6; Ефес 1,21; 3,10; 6,12бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.

17Изреки 8,22-31; Јн 1,1; 3,31; 8,58Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.

18Дела 26,23; Рим 8,29; 1 Кор 12,12-27; 15,20; Ефес 1,22-23; 5,23; Евр 1,6; Откр 1,5; 3,14И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.

192,9; Ефес 1,23Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,

201,16-17; Ефес 1,7.10; 2,13.16и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.

21Рим 5,10; Ефес 2,12; 4,18И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помисли­те кон лоши дела,

221,28; Јн 1,14; Рим 7,4; 2 Кор 11,2; Ефес 1,4; 2,14-16; 5,27сега ве примири во телото на Не­го­вото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непо­роч­ни и без вина,

231,5-6; Мк 16,15; 1 Кор 5,5-8; Евр 3,14само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чув­те, кое е проповедано на секое подне­бесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.

Павловата дејност како слуга на Црквата

24 2,1; Дела 9,16; 2 Кор 4,10-12; 11,23; 2 Тим 2,10 Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам не­достигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата.

25Ис 42,1-4; Мк 13,9-10; Дела 20,24; Ефес 3,2Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,

26Ефес 3,3.5.9тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,

27Дела 13,47; Рим 5,2; 8,19-21; Ефес 1,18на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.

281 Кор 2,6; Ефес 4,13Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос;

29Ефес 3,7; Фил 4,13затоа се трудам и се борам. Зашто Неговата сила со голема моќ дејствува во мене.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help