1 Макавејска 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Битката кај Вереа и смртта на Јуда Макавејски. – Погребот на Јуда Макавејски

1Кога Димитриј слушна дека Никанор и неговите војници паднале во битката, одново ги испрати Вакид и Ал­ким во Јудеја и со нив десното крило на војската.

2Тие појдоа на пат кон Галилеја и поставија логор кај Месалот, во под­рач­јето на Арвили, па, откако го освоија, убија многу луѓе.

3Во првиот месец, во сто педесет и втората година, нивниот логор беше пред Ерусалим,

4но станаа и појдоа кон Вереа со дваесет илјади пешаци и две илјади коњаници.

5А Јуда се расположи во својот логор кај Еласа, а со него беа три илјади од­брани јунаци.

6Но кога ја видоа големата војска, ко­га видоа колку е многубројна, многу се исплашија и многумина избегаа од ло­горот; и од нив останаа не повеќе од осумстотини војници.

7Кога Јуда виде дека неговата војска се разбега, неговото срце се обесхрабри, војната го тревожеше, а немаше време одново да ги собере своите војници.

8Ис.Н. 8,1-3Тој се натажи и им рече на оние што беа останале: „Да станеме и да појдеме против нашите противници; можеби ќе имаме сила да се бориме со нив!“

9Но тие го одвраќаа, велејќи му: „Ние немаме сила; можеме само да си ги спасиме животите, а потоа ќе се вра­ти­ме заедно со нашите браќа и ќе про­должиме да се бориме со нив; сега сме малкумина.“

10А Јуда им рече: „Не, тоа никогаш нема да биде со мене – јас да бегам од нив; ако, пак, нашиот час дошол, да ум­реме храбро за нашите браќа и да не дозволиме да има дамка врз нашата слава.“

11Војската се дигна од логорот и зас­та­на спроти нив; коњицата се раздели на два дела, а пред војската одеа пра­ќа­рите и стрелците и сите предни силни војници.

12А Вакид се наоѓаше на десното крило; одредите се приближуваа од двете страни и трубите трубеа.

133 Цар 1,40Со труби затрубеа и луѓето што беа со Јуда; се потресе земјата од вревата на војските и упорна борба започна, која траеше од утрото до вечерта.

14Јуда виде дека Вакид и најсилниот дел од неговата војска се наоѓаат на дес­ната страна; кај него беа собрани сите што имаа храбро срце,

152 Цар 13,23го разбија десното крило и го гонеа дури до планината Азара.

16Кога оние, што беа на левото кри­ло, видоа дека десното крило е разбие­но, се свртеа и појдоа по стапките на Ју­да и на оние што беа со него и зад него.

17Борбата беше многу жестока; паднаа убиени и од едната и од другата страна;

18падна и Јуда, а другите се спуштија да бегаат.

19А Јонатан и Симон го зедоа својот брат и го погребаа во гробницата на нивните предци во Модин.

20Сите Израилци многу го оплакуваа и многу дни тажеа, велејќи:

212 Цар 1,19.21„Како падна силниот кој го спасува­ше Израил?“

223 Цар 11,41А другите дела на Јуда, борбите, храбрите подвизи што ги изврши, како и делата на неговата слава не се опи­шани затоа што беа извонредно многу.

Јонатан го наследува Јуда

23 Пс 91,7 По смртта на Јуда во сите израил­ски предели се појавија беззаконици и одново се кренаа сите оние што вршеа неправда.

24Во тие денови настапи голема глад, земјата премина кон страната на непријателите.

25Тогаш Вакид ги одбра безбож­ни­ци­те и ги постави за началници во земјата;

26тие се распрашуваа и ги бараа при­ја­телите на Јуда и ги доведуваа кај Ва­кид, а тој им се одмаздуваше и се подби­ваше со нив.

27Настана голема жалост во Израил, каква што не била од денот откако кај нив веќе пророк не се појавил.

28Тогаш се собраа сите пријатели на Јуда и му рекоа на Јонатан:

29„Откако умре брат ти Јуда, не се најде човек сличен на него, кој може да излезе против Вакид и против неприја­телите на нашиот народ,

30а, ете, сега ние те избравме тебе место него – за да ни бидеш началник и водач – да ја водиш нашата војска.“

312,1Тогаш Јонатан го прими водството и го зазеде местото на својот брат Јуда.

Јонатан во пустината Текоа и во моавската земја

32Вакид дозна за тоа и бараше да го убие.

331 Цар 24,2; 26,2; Амос 1,1; 2 Лет 20,20А штом тоа го слушнаа Јонатан и Симон, брат му, и сите оние што беа со него, избегаа во пустината Текоа и поставија логор кај водите на езерото Асфар.

34Вакид, кога го разбра тоа, во еден саботен ден, ја мина реката Јордан, тој и неговата војска.

355,25А Јонатан го испрати својот брат, како водач на придружбата, и ги замоли пријателите свои, Наватејците, да со­бе­рат многу храна.

36Но од Медева излегоа синовите на Јамври, го фатија Јован со сѐ што има­ше и избегаа.

37По тој настан го известија Јонатан и брат му Симон дека синовите на Јам­ври прават голема свадба и дека во го­лем раскош водат невеста од Надават, ќерка на еден од прочуените ханански кнезови.

38Тогаш си спомнаа за својот брат Јован, излегоа и се сокрија во гората.

39Кога ги подигнаа своите очи, ете, весели извици и голема придружба; младоженецот, неговите пријатели и неговите браќа беа излезени за пречек со свирки, тимпани и со многу оружје.

40Тогаш оние што беа со Јонатан скокнаа од заседа на нив и ги убија; паднаа многу убиени, а другите избегаа во гората; и тие го зедоа целиот плен.

411,39-40; Амос 8,10Така свадбената веселба се претво­ри во жалост, а звуците на нивните свирки во плач.

42Тие се одмаздија за крвта на својот брат и пак се вратија на брегот покрај Јордан.

Тепачката на брегот на Јордан

43За ова слушна Вакид и еден саботен ден дојде со голема војска на брегот под Јордан.

44Тогаш Јонатан им рече на своите луѓе: „Сега да станеме и да ги нападне­ме за нашиот живот, зашто сега не е она што беше вчера и завчера.

45Ене, сега тие се пред нас и зад нас, водата на реката Јордан е од едната и од другата страна, околу нас е мочу­риш­тето и честакот од грмушки, немаме место кај да избегаме.

463,50Па повикајте кон небото за да се из­бавиме од рацете на нашите неприја­те­ли.“

47Борбата почна. Јонатан протегна рака за да го удри Вакид, но тој се тргна назад од него.

48Јонатан и оние што беа со него скокнаа во реката Јордан и ја препливаа на другиот брег, но противниците не појдоа против нив.

49Тој ден паднаа мртви околу илјада луѓе на Вакид.

Вакид се закрепнува во Јудеја. Смртта на Алким

50 3,16.40; Ис.Н. 12,17; Суд 12,13.15 Вакид се врати во Ерусалим и из­гра­ди во Јудеја утврдени градови: твр­ди­ни­те во Ерихон, Емау, Веторон, Ве­тил и Тамната, Фаратон и Тефон – со високи ѕидови, порти и резиња;

51во нив остави одреди војска за да го напаѓаат Израил.

52Ги утврди и градовите Бет-Цур, Газир и тврдината, оставајќи во нив вој­ска и храна;

53собра и заложници, синови на народните водачи и ги стави под стража во ерусалимската тврдина.

54Во сто педесет и третата година, во вториот месец, заповеда Алким да го урнат ѕидот од внатрешниот двор во храмот, и така да го срушат делото на пророците; и почнаа веќе да уриваат.

552 Цар 12,15Но токму тогаш Алким доби удар и се запре она што го беше почнал; устата му се затвори, онеме, не можеше ве­ќе ни збор да проговори, ниту пак да уп­равува со својот дом.

56Така умре во тешки маки.

57Кога Вакид дозна за смртта на Ал­ким, веднаш се врати кај царот, а јудеј­ската земја остана спокојна во текот на две години.

Вакид поразен во Ветваси ја напушта Јудеја

58Тогаш сите беззаконици се советуваа и говореа: „Ете, Јонатан и оние што се со него живеат во безопасност и спо­којство; да го повикаме Вакид да се врати; тој ќе ги фати само во една ноќ.“

59Отидоа кај него и така го советуваа.

60Тој реши да појде со голема војска и тајно им испрати писма на сите свои сојузници што се наоѓаа во Јудеја да го фатат Јонатан и оние што се со него, но тие не можеа, затоа што нивните намери беа откриени.

61Тие фатија педесетина луѓе од земјата, виновници за тоа зло, и ги убија.

62Потоа, Јонатан, Симон и оние што беа со нив се оддалечија од Ветваси, во пустината, ги обновија тамошните урнатини и утврдениот град.

63Вакид, откако разбра за тоа, ја соб­ра сета своја војска, ги извести и оние што се наоѓаа во Јудеја,

64дојде и го опседнаа градот Ветваси; таму се задржа многу дни и постави бој­ни направи.

65Јонатан го остави својот брат Си­мон, а тој отиде во околните предели со својата неголема војска.

66Тој ги нападна во нивните шатори и ги победи: Одомер и неговите браќа, ка­ко и Фасироновите синови, па почна да убива и да напаѓа со војската.

67Тогаш Симон и оние што беа со не­го излегоа од градот и ги изгореа во­ените направи;

68водеа битки и со Вакид и го победија; тоа многу го натажи, зашто неговите планови и походот попусто се свршија.

69Многу им се налути на беззакони­ците што го советуваа да појде во таа земја, а многумина од нив и уби, па од­лучи да се врати во својата земја.

70Кога разбра за тоа, Јонатан испрати гласници кај него со порака да склучат мир и да му ги вратат заробените.

71Тој се согласи со тоа и остана верен на своите ветувања и се заколна дека нема да му прави никакво зло во целиот свој живот;

72му ги врати луѓето што ги беше за­пленил во Јудеја, се врати во својата земја и веќе никогаш не се врати во нив­ните предели.

73Суд 2,16; 3,10; 1 Цар 13,2.5; 13,11.16.23; 14,5.31; Ер 47,6Се смири мечот во Израил. Јонатан се настани во Михмас и почна да му су­ди на народот и ги истреби безбожници­те во израилскиот народ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help