Исаија Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведПророкот Исаија бил Божји гласник меѓу Јудејците околу четириесет години. За тоа време во Јудеја се изредиле четири цареви. Ова е период на доминација на Асирците, кои покориле голем број земји, меѓу кои и северното царство Израил. Јужното царство Јудеја не било целосно покорено, но неговите жители биле принудени да плаќаат големи даноци.Книгата на пророкот Исаија има 66 глави и може да се подели на три дела:Првиот дел (1–39) ја истакнува Божјата светост и сила. Поради Својата светост, Господ се гневи на злото меѓу жителите на Јудеја. Власта била корумпирана, а насилството и неправдите царувале. Затоа Господ ја објавува казната што ќе ги снајде Јудејците од страна на Асирците и Вавилонците. Сепак, Господ им навестува и надеж за иднината, доколку народот се покае и се обрати. Овој прв дел од книгата го опфаќа периодот од 740–700-та година пр. Христос.Вториот дел од книгата (40–55) е наречен и Утеха за Израил. Во овој дел Господ му се обраќа на народот кој веќе е казнет и обесхрабрен. Господ им порачува да не се надеваат на немоќни идоли, туку да се обратат кон Семоќниот Господ, Кој ќе ги избави од Вавилон и од другите земји по кои Божјиот народ бил расеан. Тогаш Господ ќе ги врати во нивната земја и ќе ги благослови.Третиот дел (56–66) се однесува на периодот по враќањето од ропството во Вавилон. Во 538 година пр. Христос, персискиот цар Кир потпишал декрет со кој на Евреите им се дозволува да се вратат во Ерусалим и да го обноват храмот. Оние што се вратиле ја затекнале својата земја во урнатини и живееле под многу тешки услови за време на обновата. Сепак, Господ им ветува светла иднина на оние кои ќе Му бидат верни.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help