3 Царства 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Соломон отстапува од Господ(2 Лет 11,18–12,1)

1Царот Соломон засака, освен фараоновата ќерка, и многу же­ни туѓинки – Моавки, Амонки, Едомки, Сидонки и Хитијки, –

22 Мојс 23,31-33; 34,12-16; 5 Мојс 7,1-4од оние народи, за кои Господ им беше рекол на Израилевите синови: не влегувајте кај нив, и тие да не влегуваат кај вас за да не го приклонат срцето ваше кон своите богови. Кон нив се прилепи Соломон со љубовта своја.

3Тој имаше седумстотини жени и триста наложници; и неговите жени го развратија срцето негово.

4Кога Соломон остаре, неговите же­ни го приклонија срцето негово кон други богови, и срцето негово не беше наполно предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на татко му Давид.

5И Соломон почна да ѝ служи на Аштарта сидонската богинка, и на Милком, одвратен амонски бог.

6И Соломон го вршеше она што беше неугодно пред очите на Господ, и не го следеше наполно Господ како татко му Давид.

7Тогаш Соломон изгради многу­божечко светилиште на Хамос, моавско паганско божество, на планината што е спроти Ерусалим, и на Молох, гнасен бог на Амониевите синови.

8Така направи тој за сите свои жени туѓинки, кои кадеа и принесуваа жртви на своите богови.

93,5; 9,2И Господ се разгневи на Соломон поради тоа што го отстрани срцето свое од Господ, Бог Израилев, Кој на два­пати му се беше јавувал

10и му беше заповедал да не оди по други богови; но тој не го исполни тоа што му го беше заповедал Господ Бог.

11Тогаш Господ му рече на Соломон: „Затоа што тоа се врши кај тебе, и ти не го зачува Мојот завет и Моите наредби што ти ги бев заповедал, ќе го одземам царството од тебе и ќе го дадам на твојот слуга;

12но во твоите дни Јас нема да го направам ова поради татко ти Давид: од рацете на синот твој ќе го одземам;

13но нема целото царство да го одземам: едно племе ќе му дадам на синот твој заради Мојот слуга Давид и заради Ерусалим што сум го избрал.“

Соломоновите непријатели

14И Господ му подигна на Соломон противник – Едомецот Адад, кој беше од едомски царски род.

152 Цар 8,13-14Кога Давид беше во Едом и вој­сководецот Јоав дојде да ги погребе убиените, откако беше испотепал сѐ што е машко во Едом, –

16бидејќи Јоав и сите Израилци престојуваа таму шест месеци, додека не истребија сѐ живо во Едом, –

17тогаш Адад избега во Египет и со него неколкумина Едомци што беа служеле кај татко му; Адад тогаш беше дете.

18Кога тргнаа од Мидјан, тие дојдоа во Фаран и зедоа со себе луѓе од Фаран и стигнаа во Египет кај фараонот – еги­петскиот цар; (Адад влезе кај фара­онот), и тој му даде дом, му одреди пла­та и му даде земја.

19Адад се здоби со голема милост кај фараонот, така што го ожени со сестрата на жена си, сестра на царицата Тах­пенеса.

20Тахпенесината сестра му роди син Генуват. Тахпенеса го воспитуваше во фараоновиот дом; и Генуват живееше во фараоновиот дом заедно со фарао­новите синови.

21Кога Адад слушна дека Давид по­чинал кај татковците свои и дека војводата Јоав умрел, му рече на фараонот: „Пушти ме да појдам во земјата своја?“

22Фараонот му рече: „Зар си незадо­во­лен од мене, па сакаш да одиш во земјата своја.“ Тој одговори: „Не, но пушти ме.“ (И Адад се врати во својата земја).

232 Цар 8,3-8Господ крена против Соломон и друг противник – Резон, Елијадовиот син, кој беше избегал од својот господар Адраазар, цовскиот цар,

24и, откако собра околу себеси луѓе, стана старешина на чета, откако Давид го беше победил Хададезера; и тие отидоа во Дамаск, се настанија таму и гос­подареа во Дамаск.

25Тој беше противник на Израил во текот на сите дни на Соломон. Освен злото, извршено од Адад, тој секогаш му правеше пакост на Израил и стана арамејски цар.

Бунтот на Јеровоам(2 Лет 9,29-31)

26Против Соломон крена рака и неговиот слуга Јеровоам, синот на На­ват, Ефратец од Цереда, чија мајка беше вдовица и се викаше Саруа.

27Еве по кој повод тој крена рака против царот: Соломон го градеше Мило, ги поправаше урнатините во градот на татко си Давид.

285,27-31Јеровоам беше силен човек. Соло­мон, откако забележа дека тоа момче го бива за работа, го постави за надзорник над задолжените работници од Јоси­фовиот дом.

29Во она време на Јеровоам му се случи да излезе од Ерусалим; по патот го сретна пророкот Ахија Силомец, об­лечен во нова облека. Тие беа само двај­цата во полето.

30И Ахија ја зеде новата облека што беше на него, ја раскина на дванаесет делови,

3122,11; Ис 20,1-4; Ер 19,1-11; 27,1-8; Ез 5,1-12и му рече на Јеровоам: „Земи си десет делови, зашто така вели Господ, Бог Израилев: ‚Ете го истргнувам цар­ството од раката на Соломон и десет племиња ти давам тебе,

3211,13и едно племе ќе му остане нему за­ради Мојот слуга Давид и заради градот Ерусалим што го избраа од сите Из­раилеви племиња!

3311,5-7Ова е поради тоа што тие Ме оста­вија и почнаа да ѝ се поклонуваат на Аштарта, сидонската богинка, и на Ха­мос, моавскиот бог, и на Милком, амонскиот бог, и не одеа по Моите патишта за да го вршат она што е угодно пред Моите очи, и да ги пазат Моите наредби и Моите заповеди, како татко му Давид.

34Јас не го одземам целото царство од раката негова, туку го оставам да вла­дее до крајот на својот живот заради Мојот слуга Давид, кого го избрав и кој ги пазеше Моите заповеди и Моите наредби;

35но ќе го одземам царството од раката на синот негов и десет племиња од него ќе ти ги дадам тебе;

3615,4; 2 Цар 21,17; 4 Цар 8,19; 2 Лет 21,7; Сир 47,22а на синот негов ќе му дадам едно племе за да остане светилото на Мојот слуга Давид во сите дни пред лицето Мое во градот Ерусалим што го избрав за да остане засекогаш таму името Мое.

37Тебе те избирам, и ти ќе владееш со сѐ што ќе посака душата твоја, и ти ќе бидеш цар над Израил;

38и ако пазиш на сѐ што ќе ти за­поведам, ако одиш по патиштата Мои и ако го вршиш она што е угодно пред очите Мои, пазејќи ги Моите наредби и Моите заповеди, како што правеше Мојот слуга Давид, Јас ќе бидам со тебе и ќе ти воздигнам крепок дом, како што му создадов на Давид, и ќе ти го дадам Израил;

39Ис 11,13-14; Ер 3,18; Ез 37,15-24; Ос 1,10; Мих 2,12ќе го понизам Давидовиот род за тоа, но не засекогаш.‘“

4014,25-26А Соломон сакаше да го убие Јеро­воам, но Јеровоам стана, та избега во Египет кај Шишак, египетскиот цар, и живееше во Египет до смртта Соло­монова.

41Другите дела на Соломон и сѐ што вршеше тој, и мудроста негова, се опи­шани во Книгата на делата Соломо­нови.

42Времето, во кое Соломон царуваше во Ерусалим над целиот Израил, беше четириесет години.

43И Соломон почина кај татковците свои и беше погребан во градот на татко си Давид; а место него се зацари синот негов Ровоам.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help