Левит 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Жртва за мир

1 7,11-21; 19,5-8 2 Мојс 12,5; 32,6 „Но, кога некој принесува жртва за мир, а ја принесува од крупниот добиток, било машко или женско, нека ја принесе пред Господ без недостаток;

22 Мојс 24,6; 29,15.20; 40,2и нека ја стави раката своја врз гла­вата на жртвата, и нека ја заколе при влезот во скинијата на собранието, а свештениците, синовите Аронови, нека го попрскаат со крвта жртвеникот од сите страни.

39,18-21; 2 Мојс 29,13Од жртвата за мир нека Му принесе на Господ принос – лојот што ја обвива внатрешнината и сиот лој по внатреш­нината.

4И обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката што е на црниот дроб: нека ја извади со буб­резите;

54 Мојс 28,3-10синовите Аронови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со жртвата сепаленица, што е врз дрвата, на огнот. Тоа е жртва со благопријатен мирис пред Господ.

64 Мојс 15,3.8Ако, пак, Му принесува на Господ жртва за мир од ситниот добиток, машко или женско, нека принесе таква што е без недостаток.

7Ако јагне принесува како своја жртва, нека го приведе пред Господ;

8и нека ја стави раката своја врз гл­а­вата на својата жртва, и нека ја заколе пред вратата од скинијата на собранието, а синовите Аронови нека го по­прскаат жртвеникот со крвта нејзина наоколу.

9Ис 34,6; Ез 39,19Потоа од жртвата за мир нека го принесе како жртва на Господ и лојот, целата опашка до грбот, сиот лој што ја обвива внатрешнината и сета маст во внатрешнината,

10и обата бубрега и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката околу црниот дроб: сето тоа заедно со бубре­зите нека го оддели;

114 Мојс 28,2свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот; тоа е храна на огнот – принос на Господ.

12Ако, пак, принесува жртва на Гос­под од козите, нека ја претстави пред Господ,

132 Мојс 24,6и нека ја стави раката своја врз гла­вата нејзина, па нека ја заколе пред ски­нијата на собранието, а синовите Аро­нови нека го попрскаат со крвта жртве­никот од сите страни.

14Од неа нека Му го принесе на Гос­под како принос и лојот, што ја обвива утробата и сиот лој во неа,

15и обата бубрега, и сиот лој што е околу нив, што е по слабините, и ко­шулката на црниот дроб: сето тоа заедно со бубрезите нека го оддели.

161 Мојс 4,4; 1 Цар 2,16А свештеникот нека го изгори врз жртвеникот; тоа е храна на огнот – благопријатен мирис на Господ; сиот лој е за Господ.

177,26; 17,10-14; 19,26; 1 Мојс 9,4; 5 Мојс 12,16-23; 15,23Тоа нека е вечен закон за сите ваши поколенија, во сите ваши живеалишта: никаков лој и никаква крв да не јадете.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help