Марко 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 13,30; Рим 1,4 И им рече: „Има некои меѓу овие што стојат овде, кои нема да вкусат смрт, додека не го видат царството Божјо, дојдено во сила.“

Исусовото преображение(Мт 17,1-9; Лк 9,28-36)

2 1,29; 5,37; Лк 8,51 А по шест дни, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и ги одведе сами на висока гора, насамо, и се преобрази пред нив.

316,5; Мт 28,3; Откр 3,4Алиштата Му станаа сјајни, многу бели, како снег, какви што белило на земјата не може да избели.

44 Цар 2,11-12; Мт 11,14И им се јави Илија со Мојсеј, и раз­го­вараа со Исус.

510,51; 11,21; 14,44-45Тогаш проговори Петар и Му рече на Исус: „Рави, добро ни е да бидеме ов­де; да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“

614,40Зашто не знаеше што да каже, би­дејќи беа многу уплашени.

71,11; 5 Мојс 18,15; 3 Мојс 16,2; Мт 17,5; Дела 3,22; 2 Птр 1,17И се појави облак, па ги засени; и од облакот дојде глас, кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, Него слушајте Го!“

8И одеднаш, кога погледнаа наоколу, никого веќе не видоа покрај себе, освен Исус.

91,34; Лк 9,36А кога слегуваа од гората, им за­по­веда никому да не кажуваат што ви­де­ле, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.

10И го задржаа тој збор во себе, пра­шувајќи се еден со друг што значи тоа: „Да воскресне од мртвите?“

За Илија(Мт 17,10-13)

11 Мал 3,23 И Го прашаа, велејќи: „А зошто книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“

128,31; Ис 53,3; Мал 3,23-24; Пс 21,1-17А Тој, пак, одговори и рече: „Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ; а Синот Човечки, како што е напишано за Него, треба да пострада многу и да биде понизен.

133 Цар 19,2.10; Мт 11,14Но ви велам дека и Илија дојде, ка­ко што е напишано за Него, и му на­пра­вија што сакаа.“

Исцелувањето од нечист дух(Мт 17,14-21; Лк 9,37-43)

14И кога дојде кај учениците Свои, виде многу народ околу нив и книж­ни­ци, кои се препираа со нив.

15И штом Го виде, сиот народ се зачуди; и притрчувајќи, Го поз­дра­вуваа.

16Ги праша книжниците: „Зошто се препирате со нив?“

17Тогаш еден од народот одговори и рече: „Учителе, го доведов кај Тебе син ми, во кого има нем дух;

18и секогаш, каде и да го фати, го кутнува, и тој се запенува, и крцка со забите, и се здрвува. И им кажав на уче­ниците Твои да го изгонат, но тие не можеа.“

19Мт 12,39А Исус одговори и рече: „О, роде безверен, до кога ќе бидам со вас? До ко­га ќе ве трпам? Доведете го кај Мене!“

20И кога го доведоа кај Него – штом го виде духот, веднаш го стресе; и тој падна наземи и се валкаше запенет.

21Го праша Исус татко му: „Колку време има откако станува тоа со него?“ Тој одговори: „Од детството;

22и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!“

235,36; 11,23-24; Лк 17,6А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сѐ е можно за оној што ве­рува!“

24Лк 17,5И одеднаш таткото на момчето из­вика и со солзи рече: „Верувам, Гос­по­ди, помогни му на моето неверие!“

251,25; Лк 4,39А Исус, штом виде дека се собра народ, строго му заповеда на нечистиот дух и му рече: „Духу нем и глув. Јас ти заповедам: излези од него, и не влегувај веќе во него!“

261,26И кога извика, силно го стресе и из­лезе; а момчето беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело.

271,31; 5,41Исус, пак, откако го фати за рака, го исправи; и тоа стана.

28И кога влезе Исус во една куќа, учениците Негови Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истера­ме?“

29И им рече: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“

Исус по вторпат ја навестува Својата смрт и воскресение(Мт 17,22-23; Лк 9,43-45)

30И кога излегоа оттаму, минуваа преку Галилеја; и Тој не сакаше некој да разбере.

318,31; Мт 20,18-19Зашто ги учеше учениците Свои и им велеше дека Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат, и на третиот ден по убивањето ќе воскресне.

324,13Но тие не ги разбираа овие зборови, а се плашеа да Го прашаат.

Кој е најголем?(Мт 18,1-5; Лк 9,46-48)

33И дојде во Капернаум; и кога беше дома, ги праша: „Што се расправавте меѓу себе патем?“

34Лк 22,24А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓу себе, кој е најголем.

3510,43-44; Мт 20,26Тој седна и ги повика дванаесетмината, па им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и слуга на – си­те!“

36И тогаш зеде едно дете, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече:

37Мт 10,40; Лк 10,16; Јн 13,20„Кој прима едно од ваквите деца во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној, Кој Ме пратил.“

Кој не е против нас, тој е со нас!(Лк 9,49-50)

38 4 Мојс 11,28 Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој не врви по нас, а во Твое име демони изгонува, а не врви по нас; и му забранивме, зашто не оди по нас.“

391 Кор 12,3А Исус рече: „Не бранете му, заш­то никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене.

40Мт 12,30; Лк 11,23Зашто, кој не е против вас, тој е со вас.

41Мт 10,42; 1 Кор 3,23И кој ве напои со чаша вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата на­града.“

За соблазната(Мт 18,6-9; Лк 17,1-2)

42 Мт 5,29 „А кој ќе соблазни едно од овие ма­лите, што веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да се фрли в море.

43Мт 5,30И ако те соблазнува раката твоја, отсечи ја; подобро е за тебе без рака да влезеш во животот, отколку со две раце да отидеш во пеколот, во не­изгасливиот оган,

44каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.

45И, ако те соблазнува ногата твоја, отсечи ја; подобро е за тебе сакат да влезеш во животот, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пе­ко­лот, во неизгасливиот оган,

46каде што нивниот црв не умира ниту огнот не изгаснува.

47Мт 5,29И, ако окото твое те соблазнува, из­вади го; подобро е за тебе со едно око да влезеш во царството Божјо, отколку да имаш две очи и да бидеш фрлен во ог­нениот пекол,

48Ис 66,24каде што нивниот црв не умира, и огнот не изгаснува.

493 Мојс 2,13Зашто секој со оган ќе се посоли, и секоја жртва со сол ќе се осоли.

50Мт 5,13; Лк 14,34; Кол 4,6; Рим 12,18; 1 Сол 5,13Солта е добра; но, ако солта облута­ви, со што ќе ја осолите? Имајте сол во себе, и мир имајте меѓу себе!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help