Осија Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ВоведОсија бил пророк во северното царство, Израил, во последните години од неговото постоење како слободна и независна држава.Во првите три глави од оваа книга, семејниот живот на Осија е употребен како слика на пораката што Осија треба да му ја пренесе на народот. Господ му заповедал на Осија да се ожени со блудница, како слика за неверството на израилскиот народ кон Бога. Потоа, Бог му кажува на Осија какви имиња да им даде на своите деца; имињата требало да ги потсетуваат Израилците дека ќе бидат казнети. И покрај ова, Господ му заповедал на Осија да ја сака својата неверна жена; ова требало да биде слика за Божјата верна љубов кон Неговиот неверен народ.Преостанатиот дел од книгата го нагласува Божјиот завет со Израил, кој говори за обврската за меѓусебна верност помеѓу Господ и Израил. Господ постојано ја одржувал Својата верност, додека Израилците зачестено Го изневерувале. На моменти, Израилците повеќе се надевале на својата војска, па и на туѓите, соседни армии, отколку на Господ. Исто така, тие честопати им служеле на идоли, очекувајќи од кипови да им донесат добар род.Во оваа книга, Господ ги става пред суд Израил и Јуда, обвинувајќи ги за неверство кон заветот со Бога, поради што им навестува и казна. Сепак, Божјата љубов кон неговиот народ ќе продолжи и Тој ќе им прости, кога тие ќе се научат да Му бидат верни.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help