1 , па исеков две камени плочи, како поранешните, и отидов на планината со двете плочи во раце.
4И ги напиша Тој на плочите, како што беше напишано порано; оние десет заповеди, што ви ги кажа Господ на планината среде огнот во денот на собранието, и ми ги предаде Господ.
5Јас се свртев и слегов од планината и ги положив плочите во ковчегот, што го бев направил, за да бидат тие таму, како што ми заповеда Господ.
64 Мојс 33,30-38Потоа заминаа синовите израилски од изворот на синовите Јаканови кон Мосера; и таму умре Арон и беше погребан, а на местото негово свештеник стана синот негов Елеазар.
7Оттаму отидоа во Гудгода, а од Гудгода во Јатевата, во земјата со водни потоци.
831,9.25Тогаш Господ го оддели Левиевото племе, за да го носи ковчегот на заветот Господов, за да стои пред Господ и да Му служи (и да се моли), и да го велича името Негово, како што е тоа и до ден денес;
9поради тоа левитите немаат дел и наследство со браќата свои: Самиот Господ е нивни дел, како што им беше говорел Господ, твојот Бог.
10И престојував на планината, како и порано, четириесет дена и четириесет ноќи; Господ ме послуша и овој пат, и не посака Господ да ве погуби;
11и Господ ми рече: „Стани, тргни на пат пред овој народ; нека отидат и нека ја населат земјата, за која им се заколнав на предците нивни дека ќе им ја дадам.“
Заповедта за љубов и послушност12 6,5 И сега, Израиле, што бара од тебе Господ, твојот Бог? Само да се плашиш од Господ, твојот Бог, да одиш по сите Негови патишта, да Го сакаш, и да Му служиш на Господ, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа;
134,40да ги пазиш заповедите на Господ, твојот Бог, и наредбите Негови, кои денес ти ги заповедам, за да ти биде добро.
14Пс 23,1-2Ете, небото и небото над небесата, земјата и сѐ што е на неа, е на Господ, твојот Бог;
154,37но само предците ваши ги прими Господ и ги засака, и ве избра вас, нивното семе по нив, од сите народи, како што гледаш денес.
1630,6И така, отстранете ја нечистотијата на вашето срце, и немојте да бидете во иднина тврдоглави;
172 Лет 19,7; Дела 19,16; Рим 2,11; Гал 2,6; 1 Тим 6,15; Откр 17,14; 19,16зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови,
18Кој право суди, на сирак и на вдовица, го сака придојдениот и му дава леб и облека.
1923,8; 2 Мојс 12,43; 22,20Сакајте го и вие придојдениот, бидејќи и вие самите бевте придојдени во египетската земја.
20Мт 4,10; 1 Кор 6,17Плаши се од Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му, кон Него приврзи се и во Негово име колни се;
21Лк 1,49Тој е твојата пофалба, Тој е твојот Бог, Кој поради тебе ги направи оние големи и славни дела, што ги видоа очите твои;
221,10твоите предци дојдоа во Египет седумдесет души, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен како ѕвездите небески.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.