1 1 Езд 7 1 Лет 6,4-14; 3 Езд 1,1-3 По тие настани, во царувањето на персискиот цар Артаксеркс, дојде Ездра, син на Сераја, син на Азарија, син на Хелкија, син на Селум,
2син на Садок, син на Ахитув, син на Амарија, син на Озиј, син на Буки, син на Авишуа, син на Финеа, син на Елеазар, син на Арон првосвештеникот.
3Лк 1,68 Тој Ездра дојде од Вавилон како учен и опитен во законот Мојсеев, даден од Господ, Бог Израилев,
4и царот му направи чест, така што тој се здоби со благонаклоност кај него за сите свои молби.
58,22.49; 1,3; 5,29 Со него дојдоа во Ерусалим и некои од синовите Израилеви, од свештениците и левитите, свештенопевците и чуварите на вратите и служителите при храмот,
68,50; Сир 10,5 на седмата година од царувањето на Артаксеркс, во петтиот месец на истата седма година од царувањето; зашто, откако излегоа од Вавилон за време на новомесечието од првиот месец, тие стигнаа во Ерусалим, за време на новомесечието од петтиот месец, по успешното патување што Господ им го даде.
7А Ездра поседуваше големо знаење, така што ништо не пропушти од законот Господов и од заповедите, та да го научи сиот Израил на сите уредби и судови.
Царскиот указ на Артаксеркс8 9,39.42.49 Дојде и следнава писмена заповед, дадена од царот Артаксеркс на Ездра, свештеник и толкувач на Господовиот закон:
96,7; 9,39.42.49„Царот Артаксеркс до Ездра, свештеник и толкувач на Господовиот закон, поздрав.
10Согласно со мојата милосрдна одлука, дадов наредба, според која оние што се во нашето царство од јудејскиот народ и свештениците и левитите и кои доброволно сакаат, можат да одат заедно со тебе во Ерусалим.
11Ест 1,14 Сите оние што имаат желба, нека се соберат и одат, зашто така одлучив јас и моите седум најблиски советници;
12нека видат, што се прави во Јудеја и Ерусалим согласно со законот Господов,
13и да Му однесат во Ерусалим дарови на Господ Израилев, што ги ветив јас и моите блиски, и секакво злато и сребро, што се наоѓа во земјата Вавилонска, за Господ во Ерусалим, заедно со даденото од народот за храмот на нивниот Господ Бог, Кој е во Ерусалим,
14и заедно со златото и среброто – за волови, овни, јагниња и за друго, што се однесува на тоа,
15за да се принесуваат жртви на Господ врз жртвеникот на нивниот Господ Бог во Ерусалим.
16И сѐ, што мислиш со браќата свои да направиш со тоа злато и сребро, направи го според волјата на твојот Бог.
17И свештените садови Господови, што ти се дадени тебе за употреба во храмот на твојот Бог во Ерусалим, постави ги пред Господ, твојот Бог.
18И друго, што ти е потребно за храмот на твојот Бог, давај од царската ризница.
192,17; 6,31; 9,39.42.49И ете, јас, цар Артаксеркс, заповедав на ризничарите во Сирија и Феникија, сѐ, што посака Ездра, свештеникот и читач на законот на Бога Севишниот, редовно да му се даваат – до сто таланти сребро;
20Јн 2,6 исто така и пченица до сто кори и вино – до сто мери.
216,31 И сѐ друго по законот Божји грижливо да Му се принесува на Бога Севишниот, за да не падне гнев на царството, на царот и на синовите негови.
228,5.49 И уште ви велам, да не се зема никаков данок или друга давачка од свештеници и левити, свештенопевци и чуварите на вратите, служители на храмот и писарите на тој храм, и никој да нема власт да им наложува нешто.
232,17 А ти, Ездра, со мудроста Божја, постави ги за судии и за судители по цела Сирија и Феникија, оние што го знаат законот на твојот Бог, а кои не знаат, поучувај ги;
24и сите оние, што го газат законот на твојот Бог, или царскиот закон, бездруго нека бидат казнети – било со смрт, или со телесна казна, било со парична глоба, или со прогонување.“
25Тогаш учениот Ездра рече: „Благословен да е Господ, Бог на моите татковци, Кој ги стави овие мисли во срцето на царот да го прослави домот негов во Ерусалим.
26и Кој ми искажа почит пред царот и пред советниците и пред сите негови блиски и големци,
27така што јас се охрабрив со помошта на Господ, мојот Бог, и ги собрав мажите израилски, за да тргнат со мене.“
Список на вратените од пленство28 1 Езд 8 А ова се началниците според родовите нивни и по старешинство, што тргнаа со мене од Вавилон за време на царувањето на цар Артаксеркс:
29од потомците на Финеас – Гершом; од потомците на Итамар – Гамил; од потомците на Давид – Хагуш, синот на Шеканија;
30од потомците на Парош – Захарија, и од него се запишаа сто и педесет мажи;
31од потомците на Панат-Моав – Елиаонија, синот на Зерахија, и со него двесте души.
32Од потомците на Затуј – Сехенија, синот на Јахазиел, и со него триста души; од потомците на Адин – Овед, синот на Јонатан, и со него двесте и педесет души;
33од потомците на Елам – Јешаија, синот на Готолија, и со него седумдесет души;
34од потомците на Шафат – Зераја, синот на Михаил, и со него седумдесет души;
35од потомците на Јоав – Авдија, синот на Исиил, и со него двесте и дванаесет души;
36од потомците на Вани – Шеломит, синот на Јосифија, и со него сто и шеесет души;
37од потомците на Бевај – Захарија, син на Бевај, и со него дваесет и осум души;
38од потомците на Азгад – Јоанан, синот на Акатан, и со него сто и десет души;
39од потомците на Адоникам тргнаа последни од нив; еве ги имињата нивни: Елифелет, Јеуил, и Шемаја, и со нив седумдесет души.
40од потомците на Бигвај – Утај, синот на Исталкур, и со него седумдесет души.
Свештеници и левити за служење во храмот41 8,61; 1 Езд 8,15.21.31 Ги собрав кај реката, наречена Тера, каде што останавме три дена, и јас ги прегледав.
42И откако не најдов таму ниеден потомок од свештениците и левитите,
43испратив до Елеазар, Идуил, Маасмас, Елнатан, Мамеја, Шемаја, Јарив, Натан, Елнатан, Захарија и Мешулам, кои беа водачи и учени луѓе,
44и им реков да одат кај Идо, кој беше водич до местото,
45и им заповедав да му кажат на Додеј и на браќата негови и на оние, што беа на местото кај ризницата, да ни испратат свештеници за домот на Господ, нашиот Бог.
46И тие ни доведоа, со моќната рака на Господ, нашиот Бог, учени мажи од потомците на Мали – син на Левиј, син Израилев, односно Асевевија и синовите негови и браќата негови – вкупно осумнаесет мажи;
47Хашавија и Анун и неговиот брат Јешаја од потомците на Ананија, и синовите нивни – дваесет души;
488,5.22 и од служителите на храмот, коишто ги беше дал Давид и началниците да им служат на левитите – двесте и дваесет служители, а сите нивни имиња се забележани на список.
498,6Таму за младите објавив пост пред Господ, Нашиот Бог,
50за да измолиме од Бога успешен пат за нас и за нашите сопатници, за децата наши и за добитокот.
51Сепак ми беше срам да барам од царот пешаци и коњаници и водачи за поголема безбедност од нивните непријатели;
52бидејќи му бевме рекле на царот дека силата на нашиот Господ ќе биде со оние, што Го бараат за секој добронамерен успех.
53И така, ние пак Му се помоливме на Господ, нашиот Бог, и за сето тоа, и добивме од Него голема милост.
54Тогаш одделив од родоначалниците и свештениците дванаесет мажи, Шеревија и Хашавија, и со нив уште десет мажи од нивните браќа.
Подароци за храмот55 8,56.62; Мт 26,15 И го измерив пред нив среброто и златото и свештените садови од домот на нашиот Господ, што ги подари царот и советниците негови и големците и сите Израилци.
561 Езд 8,27 Го измерив и им предадов сребро шестотини и педесет таланти, и садови сребрени – сто таланти, и злато – сто таланти, садови златни – дваесет, садови бакарни, од првокласен бакар, блескави како злато – дванаесет.
57И им реков: „И вие сте свети пред Господ, и овие садови се свети, како и златото и среброто, дадено по завет на Господ, Бог на татковците наши.
58Одржувајте ги и чувајте ги, додека да ги предадете на постарите свештеници и левитите и родоначалниците израилски во Ерусалим, во ризницата од домот на нашиот Бог.
59Свештениците и левитите го примија среброто, златото и садовите за Ерусалим и ги внесоа во храмот Господов.“
608,41Тргнавме од брегот на реката Тера во дванаесеттиот ден на првиот месец, и одевме за Ерусалим под заштита на моќната рака на Господ. Тој нѐ чуваше и штитеше од секаков непријател, откако тргнавме, и сѐ додека стигнавме во Ерусалим.
618,55Тука, откако изминаа три дни, на четвртиот ден измереното сребро и злато беше предадено во домот на нашиот Господ на свештеникот Мелемот, синот на Уриј.
62Со него беше Елеазар, синот на Финес; со него беа исто така Јозавад, синот на Јешуа, и Моет, синот на Савони, левити; предадоа сѐ под број и мерка; целата мерка во истото време им беше запишана.
637,9; 9,39 Тогаш дојдените од пленство Му принесоа жртва на Бог Израилев, дванаесет вола за сите Израилци, деведесет и шест овни, седумдесет и две јагниња, и како жртва благодарница дванаесет јариња: сето тоа беше наменето за жртва на Господ;
642,17 и им ги предадовме царските заповеди на управителите и началниците на Келе-Сирија и Феникија, и тие му оддадоа почит на народот и храмот Господов.
651 Езд 9Кога заврши тоа, дојдоа кај мене началниците и рекоа:
661 Езд 9,1 „Народот израилски и началниците, и левитите не се држеа настрана од туѓинските народи на таа земја и од нивните нечистотии, од Хананците, Хетитите, Перизијците, Јевусејците, Моавците, Египќаните и Едомците;
67зашто стапија во сопружништво со ќерките нивни, та светото семе го смешаа со другоплемени народи на таа земја; водачите нивни и големците станаа соучесници во тоа беззаконие од самиот почеток.“
Скрбта и молитвата на Ездра68Штом го чув тоа, ја раскинав облеката своја и свештените одежди и ги кубев косите свои на главата и брадата, и седев загрижен и натажен.
698,65И додека тагував поради тоа беззаконие, се собраа кај мене сите, што беа поттикнати од словото на Господ, Бог Израилев, и јас седев нажален до принесувањето на вечерната жртва.
70Тогаш станав од моето место и со раскината облека и раскинати свештени одежди паднав на колена, и подадов раце кон Господ и реков:
71„Господи, се срамувам и се гнасам пред лицето Твое,
72зашто гревовите наши се издигнаа повисоко од нашите глави, и безумствата наши стигнаа до небото;
73уште од времињата на татковците наши и до денес ние сме во голем грев;
74Јудита 7,26 и за гревовите наши и на татковците наши, ние со браќата свои, царевите свои и свештениците свои бевме фрлени под мечот на цареви од други земји, во пленство и грабеж со понижување сѐ до денес.
75Ис 37,31 Но сега каква голема милост ни направи Ти, Господи Боже, кога ни остави корен и име на местото каде што е Твојата светиња,
761 Езд 9,8 кога ни откри светлина во домот на Господ, нашиот Бог, кога ни даде прехрана во текот на нашето робување! И додека бевме во ропство, Господ, нашиот Бог, не нѐ заборави,
771 Езд 9,8 туку нѐ постави во благонаклоност кај персиските цареви, за да ни дадат прехрана
78и да го прослават храмот на нашиот Господ, та да биде подигнат опустошениот Сион и нам да ни биде дадена поткрепа во Јудеја и Ерусалим.
79А сега, што да кажеме, Господи, кога го имаме сето тоа? Ние ги погазивме Твоите заповеди, што ни ги даде преку раката на Твоите слуги – пророците, велејќи:
80‚Земјата во која одите, за да ја наследите, е осквернета од гнасотиите на другоплемениците во таа земја, и тие ја наполнија со нечистотиите свои.‘
81Затоа не ги давајте ќерките свои за синовите нивни, и не земајте ги нивните ќерки за синовите свои,
82и не барајте мир со нив за сето време, за да можете да се зацврстите и да ги вкусите благата на таа земја и да ја оставите во наследство на децата свои довека.
83Ис 37,31 И тоа што ни се случило станало поради нашите лоши работи и поради нашите големи гревови. Ти, Господи, ги олесни гревовите наши
84и ни даде таков корен; но ние одново почнавме да го газиме Твојот закон, смешувајќи се со нечистотиите на народите во таа земја.
85Ис 37,31; Мал 3,19 Дали ни се налути така, што си сакал да нѐ погубиш и да не оставиш ни корен, ни семе, ни име наше?
86Ис 37,31 Ти си справедлив, Господи Боже Израилев, зашто ние останавме корен и до денес!
87Но, ете, ние сме сега пред Тебе со беззаконијата свои, а со нив не би требало да стоиме пред Тебе.“
Ветување за очистување88 1 Езд 10,1-5 Додека Ездра се молеше, исповедуваше и плачеше, испружен на земјата пред храмот, се собра околу него од Ерусалим многу народ: мажи, жени и деца, и настана голем плач меѓу народот.
89Тогаш извика Шеканија, синот на Исиил, синот Јоилев, Израилец, и рече: „Ездра, ние згрешивме пред Господ: зедовме другоплемени жени од народите на оваа земја; и ете, сега е тука сиот Израил;
90да се заколнеме пред Господ дека ќе ги отфрлиме од нас другоплемените жени со децата нивни, според она како што ти е угодно тебе и на сите оние што му се покоруваат на Господовиот закон.
91Стани и изврши го тоа, зашто тоа е твоја работа, и ние со тебе ќе имаме сила да го издржиме тоа.“
92Тогаш Ездра стана и ги заколна постарите свештеници и левитите на сиот Израил дека ќе постапат така; и тие се заколнаа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.