Исус Навин 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Список на царевите поразени од Израилците

1 5 Мојс 2,26–3,17; Пс 135,21 Еве ги царевите на оние земји, кои синовите Израилеви ги убија и чија земја ја наследија од онаа страна на Јордан, од каде што изгрева сонцето, од Арнонската долина сѐ до планината Ермон, и целата рамнина на исток;

24 Мојс 21,21; 5 Мојс 2,36Сион, аморејскиот цар, со престолнина во Есевон, и со власт што се протега од Ароер, што се наоѓа крај бреговите на потокот Арнон, до средината на потокот, и половината Галаад, до потокот Јавок, кој е граница со Амоно­вите синови;

3потоа рамнината на исток од Генисаретското Езеро, сѐ до областа ис­точно од Мртвото Море, во насока на Бет-Јешимот и уште на југ регионот во подножјето на планината Фазга;

421,33и Ог, башанскиот цар, последниот од гигантите кој живееше во Аштарот и во Едреи,

5и владееше во планината Ермон и Салеха, и со целиот Башан, до Ге­сурската и Маахатската граница, и со половината од Галаад, до пределите на хешбонскиот цар Сион.

64 Мојс 21,21-35; 32,28-30Мојсеј, слугата Господов, и синовите Израилеви ги убија; и ја даде Мојсеј, слугата Господов, таа земја во наслед­ство на племето Рувимово и Гадово и на половината од племето Манасиево.

7А ова се царевите (аморејски), кои ги победи Исус и синовите Израилеви од онаа страна на Јордан на запад, од Ваал-Гад во Ливанската долина до планината Халак, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја подели во наследство на племињата Израилеви со ждрепка;

8тоа се областите по планината, по низините, во рамнината и во ридовите, во пустината и во јужните области, каде што живеат Хитијците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците;

9царот ерихонски, еден, и царот на Гај, што е близу до Ветил, еден

10ерусалимски цар – еден, хевронски цар – еден,

11јармутски цар – еден, лахишки цар – еден,

12еглонски цар – еден, гезерски цар – еден,

13девирски цар – еден, гедерски цар – еден,

14цар на Хорма – еден, арадски цар – еден,

15цар на Ливна – еден, адуламски цар – еден,

16македски цар – еден, ветилски цар – еден,

17цар на Тапуах – еден, хеферски цар – еден,

18афекски цар – еден, лашаронски цар – еден,

19мадронски цар – еден, хацорски цар – еден,

20цар на Шимрон-Мерон – еден, ах­шафски цар – еден,

21таанахски цар – еден, мегидонски цар – еден,

22кедешки цар – еден, цар на Јокнеам Кармил – еден,

23дорски цар на висорамнината Дор – еден, гоимски цар во Галил – еден,

24Пс 134,11; 135,18и царот на Тирца – еден. Вкупно триесет и еден цар.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help