Битие 48 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јаков ги благословува синовите на Јосиф

1 Ис.Н. 14,4 Потоа му јавија на Јосиф: „Ене, татко ти е болен.“ А тој ги пове­де со себе двајцата синови свои, Мана­сија и Ефрем, (и дојде кај Јаков).

2И го известија Јаков, велејќи му: „Ете, синот твој Јосиф доаѓа кај тебе.“ А Израил собра сили и седна на постелата своја.

317,1; 35,6.11-12И му рече Јаков на Јосиф: „Сесилниот мој Бог Ел-Шадај ми се јави во Луз, во земјата Ханан, ме благослови,

4и ми рече: ‚Ќе те направам плоден и многуброен; и ќе направам од тебе да произлезат многу народи, ќе ја дадам оваа земја и на твоето потомство по тебе во вечна сопственост.‘

541,50-52; 1 Лет 5,1-2А сега, двајцата синови твои, Ефрем и Манасија, кои ти се родија во египетската земја, пред да дојдам во Египет, нека бидат мои, како што ми се Рувим и Симеон.

6Децата, пак, кои ти се родија по нив, нека останат твои; а во наследството свое нека се викаат според имињата на браќата нивни.

735,16-20А кога се враќав од рамнината Арам, ми умре (мајка ти) Рахила во ха­нанската земја, по пат, близу до Ефрат, и јас ја погребав таму на патот за Еф­рат, сега наречен Витлеем.“

8А, откога ги виде Израил синовите Јосифови, праша: „Кои се овие?“

9Евр 11,21А Јосиф му рече на својот татко: „Тоа се моите синови, кои ми ги даде Бог овде.“ И рече Јаков: „Доведи ги кај мене, да ги благословам.“

101 Цар 4,15Зашто очите на Израил му беа ослабеле од староста, па не можеше добро да гледа. А кога му ги доведе, ги прегрна и ги бакна.

1137,35И му рече Израил на Јосиф: „Не се надевав дека ќе го видам лицето твое; но, ете, Бог ми ги покажа и твоите деца.“

12Тогаш Јосиф ги истави од колената негови и се поклони со лицето доземи.

13Па ги зеде Јосиф обајцата, Ефрем во својата десна рака, спроти левата на Израил, а Манасија во својата лева рака, спроти десната на Израил, и ги приближи до него.

14А Израил ја пружи десната рака своја и ја стави врз главата на Ефрем, иако тој беше помал, а левата врз главата на Манасија. Така ги стави рацете намерно, макар што Манасија беше првороден.

1549,22-26; Ез 34,15.23; Пс 22,1; 80,2-3; Јн 10,1-18И го благослови Јосифа, велејќи: „Бог, по чиј пат секогаш одеа пред него татковците мои Авраам и Исак, Бог, Кој ми беше Пастир, откако сум настанал па сѐ до денешен ден,

165 Мојс 33,17ангелот, Кој ме избавуваше од се­кое зло, нека ги благослови овие деца; со името мое и името на татковците мои, Авраам и Исак, по нив да се спомнува, и во многубројни мноштва на земјата да се намножат.“

17А на Јосиф му беше тешко кога ви­де дека татко му својата десна рака ја стави врз главата на Ефрем. Па ја зеде татковата десна рака за да ја премести од главата Ефремова на главата Мана­сиева,

18и му рече Јосиф на татко си: „Не така, татко, зашто оној е првенец; стави ја својата десна рака врз неговата глава.“

1925,23Но таткото негов не сакаше, туку рече: „Знам, синко, знам, и од него ќе излезе народ, и тој ќе биде голем; но помалиот брат ќе биде поголем од него, и од неговото семе ќе произлезе многуброен народ.“

2012,3И ги благослови во оној ден и рече: „Преку вас ќе се благословува Израил и ќе се вели: ‚Бог нека ти направи, како што им направи на Ефрем и на Манасија.‘“ Така го постави Ефрем над Манасија.

2115,16; 46,4А потоа Израил му рече на Јосиф: „Еве, јас умирам; но Бог ќе биде со вас и ќе ве врати во земјата на вашите татковци.

22И јас ти давам еден дел повеќе отколку на браќата твои; она што го зедов од Аморејците, со својот меч и со својот лак.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help