1 Ер 31,38-39; Ез 41,13 И пак ги подигнав очите и видов: и, ете, еден маж, кој во раката имаше мерно јаже.
2Откр 11,1; 21,15Го прашав: „Каде одиш?“ Тој ми рече: „Одам да го измерам Ерусалим, за да видам колкава му е ширината и колкава му е должината.“
3Тогаш ангелот, што зборуваше со мене, истапи напред, а друг ангел му дојде во пресрет,
4Ис 49,19-20; 54,2-3; Ер 31,27; Ез 36,37-38и тој му рече на оној: „Побрзај и кажи му на оној млад човек: ‚Ерусалим ќе се насели како село без ѕидини поради многуте луѓе и добиток во него.
5Ис 60,19; Откр 21,23; 22,3И Јас ќе му бидам огнен ѕид, околу него, вели Господ, и слава во него.‘“
Повик на покрет6 Ис 48,20; 52,11; Ер 50,8; 51,6; Откр 18,4 „Еј, еј! Бегајте од северната земја, вели Господ, зашто Јас ве растргнав по сите четири ветра небески“, вели Господ.
7Ис 52,2Спасувај се Сионе, ти што живееш кај ќерката Вавилонска.
85 Мојс 32,10; Пс 16,8; Изреки 7,2Зашто така вели Господ Седржителот, Кој ме прати за слава кај народите, што ве пљачкосуваа: „Зашто кој чепка во вас, чепка во зеницата на окото Мое.
9Ис 14,2; Ер 50,10; Ез 33,33; Соф 2,9И, ете, Јас ќе ја кренам раката Своја против нив, и тие ќе станат плен на робовите свои.“ Тогаш ќе познаете дека Господ Саваот ме пратил.
108,3; Ис 12,6; Соф 3,14„Ликувај и весели се, ќерко Сионова, зашто ете, Јас ќе дојдам и ќе живеам во тебе“, вели Господ.
11Ис 45,22; Пс 101,22; Тов 13,13И ќе се приберат многу народи кај Господ во оној ден и ќе станат Негов народ. И Тој ќе се насели кај тебе, и тогаш ќе разбереш дека Господ Саваот ме пратил кај тебе.
121,17; Мудр 12,3Тогаш Господ ќе ја завладее Јудеја, Својот дел на светата земја, и пак ќе го избере Ерусалим.
13Авак 2,20; Соф 1,7; Пс 75,8Нека замолкнат сите луѓе пред лицето на Господ, зашто Тој стана од Своето свето живеалиште.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
