1 3 Цар 1,1.30; 2 Лет 1,8 Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израил синот свој Соломон.
2И ги собра сите началници израилски, свештениците и левитите;
34 Мојс 4,3; 8,24а левитите од триесет години и нагоре беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум илјади души.
4Ез 44,24; Неем 4,11; 2 Лет 19,8Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири илјади, писари и судии – шест илјади,
54 Мојс 3,17; Пс 91,2; Неем 12,45; 2 Лет 8,14четири илјади вратари и четири илјади, оние што ќе Го слават Господа со свирки, направени од Давид за прославување на Господ.
6И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови – Гирсон, Каат и Мерари.
7Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј.
8Синови Ладанови: прв Јехиил, Зетам и Јоил – тројца.
9Синови Семеиеви: Шеломит, Хазиел и Аран – тројца. Тие беа Ладанови родовски началници.
10А и уште синовите Семеиеви: Јахат, Зина, Јеус, Берија. Тоа беа синови Семеиеви – уште четворица.
11Јахат беше главен, Зина втор; Јеус и Берија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом.
122 Мојс 6,18Синовите Каатови: Амрам, Ицхар, Хеврон и Узиил – четворица.
132 Мојс 6,20; 30,7-10; 4 Мојс 6,23Синовите Амрамови: Арон и Мојсеј. Арон беше определен да ги посветува најсветите работи довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господ, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека.
145 Мојс 33,1А Мојсеј, човек Божји, и синовите негови беа придодадени кон Левиевото племе.
152 Мојс 18,4Синови Мојсееви: Гершом и Елиезер.
16Синови Гершомови: прв беше Шевуел.
17Синови Елиезерови беа: прв Рихавија. Други синови Елиезер немаше; а Рихавија имаше многу синови.
18Синови Јицхарови: прв Шеломит.
19Синови Хевронови: прв Јерија, втор Амарија, трет Јахазиел и четврти Јекамам.
20Синови Узиилови: прв Миха и втор Јишија.
212 Мојс 6,19Синови Мерариеви: Махли и Муши. Синови Махлиеви: Елеазар и Кис.
224 Мојс 36,8Елеазар умре и немаше синови, туку само ќерки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди.
23Синови Мушиеви: Махли, Едер и Јеремот – тројца.
2423,3; 4 Мојс 4,3Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени сите до еден по име, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре.
25Зашто Давид рече: „Господ, Бог Израилев, му даде мир на Својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш,
264 Мојс 4,5.15та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа.“
27Затоа, според последните Давидови заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре,
284 Мојс 1,50-53; 3,6-9; 4,1-33
Неем 13,9; 2 Лет 29,15за да бидат покрај синовите Аронови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да ја извршуваат секоја служба во Божјиот дом;292 Мојс 25,30; 3 Мојс 2,4-7да ги надгледуваат принесените лебови, пченичното брашно за лебен принос, пресните пити, сѐ печено и пржено и над сите мерки и тежини;
30Пс 133,1секое утро да стојат за да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер,
314 Цар 4,23; Ис 1,13-14; Кол 2,16при сите сепаленици, принесувани на Господ во саботни дни, во новомесечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, – постојано пред лицето на Господ, –
324 Мојс 3,6-8.38; Ез 44,14; 2 Лет 23,18и да ја пазат скинијата на собранието, светилиштето и синовите Аронови, нивни браќа, на службите во домот Господов.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.