Колосјаните 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 3 Мојс 25,43.53; Сир 5,7; Ефес 6,9 Вие, господари, бидете справедливи спрема слугите свои и давајте им го она што е правично, зашто знаете дека и вие имате Господар на небесата!

Препораки

2 Ефес 6,18-20 Мт 26,41; Рим 12,12; Фил 4,6 Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност!

3Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови,

4та да ја откријам, како што треба да зборувам!

5Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето!

6Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!

Последни поздрави и лични пораки

7 Ефес 6,21-22 Дела 20,4; 2 Тим 4,12; Тит 3,12 Што се однесува до мене, сѐ ќе ви со­општи Тихик, љубениот брат и верен служител и соработник во Господ,

8кого нарочно поради тоа го испратив кај вас за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши,

9заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви рас­ка­жат сѐ што станува овде.

10Дела 12,12.25; 15,37-39; 19,29; 20,4; 27,2; 2 Тим 4,11; Флмн 1,23-24; 1 Птр 5,13Ве поздравува Аристарх, кој е зат­ворен со мене, и Марко, внукот на Вар­нава – за кого добивте заповед: ако дојде кај вас, примете го.

11Исто така и Исус, наречен Јуст; тие се од обрезаните и единствени сотрудници за царството Божјо, кои ми беа утеха.

121,7; 2,1; 1 Мојс 32,29; 2 Мојс 11–14; Рим 15,30; Флмн 1,23Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исус Христос, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја.

132,1Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаодикија и Јерапол.

142 Тим 4,10-11; Флмн 1,24Ве поздравува Лука, возљубениот лекар, и Димас.

15Рим 16,5; Флмн 1,2Поздравете ги браќата во Лаоди­ки­ја, и Нимфана, и неговата домашна црк­ва!

16Откако ова послание ќе биде про­чи­тано кај вас, потрудете се да биде про­читано и во лаодикиската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие.

17Флмн 1,2Кажете му на Архип: „Гледај ја службата, што си ја примил во Господ да ја извршуваш!“

181 Кор 16,21; Гал 6,11; Ефес 3,1; 4,1; 6,20; Фил 1,7.13; 2 Сол 3,17; 2 Тим 1,8Своерачен поздрав од мене, Павле. Пом­нете ги оковите мои! Благодат меѓу сите вас. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help