1 Летописи 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

СЕМЕЈНИТЕ ЛОЗИ НА СВЕШТЕНИЦИТЕДруги потомци од Левиј

1 1 Мојс 46,11; 2 Мојс 6,16 Синови на Левиј беа: Гершом, Каат и Мерари.

22 Мојс 6,18Синови на Каат: Амрам, Јицхар, Хе­врон и Узиил.

32 Мојс 6,20.23Синови на Амрам: Арон, Мојсеј и Мирјам. Синови на Арон: Надав, Ави­уд, Елеазар и Итамар.

42 Мојс 6,25Елеазар го роди Финес. Финес го роди Авишуа.

5Авишуа го роди Буки, Буки го роди Озиј,

6Озиј го роди Зараја, Зараја го роди Мериел.

7Мариел го роди Амарија, Амарија го роди Ахитув.

8Ахитув го роди Садок, Садок го роди Ахимаа.

9Ахимаа го роди Азарија, Азарија го роди Јоанан.

10Јоанан го роди Азарија, тој беше свештеник во домот во кој живееше Соломон во Ерусалим.

11И Азарија го роди Амарија, Амарија го роди Ахитув.

12Ахитув го роди Садок, а Садок го роди Селум.

13Селум го роди Хелкија, а Хелкија го роди Азарија.

14Азарија го роди Сераја, Сераја го роди Јоцадак.

15А Јоцадак отиде во пленство со Јуда и Ерусалим во рацете на Навухо­доносор.

164 Мојс 3,17-20; 26,57-61

1 Мојс 29,34И така, синови Левиеви беа: Гер­шом, Каат и Мерари.

17Еве ги имињата на Гершомовите синови: Ливни и Семеј.

182 Мојс 6,18Синови Каатови: Амрам, Јицхар, Хеврон и Узиил.

19Синови Мерариеви: Махли и Муши. Тоа се потомците Левиеви спо­ред родовите нивни.

20Гершом имаше: Ливни, негов син; Јахат, син негов; Зима, негов син;

21Јоах, негов син; Идо, негов син; Зерах, негов син; Јеатрај, негов син.

22Синови Каатови: Аминадав, негов син; Кореј, негов син, Асир, негов син;

23Елкана, негов син; Евијасаф, негов син; Асир, негов син;

24Тахат, негов син; Уриил, негов син; Озија негов син; Саул, негов син.

25Синови на Елкана: Амасај и Ахимот.

26Елкана, негов син; Цофај, негов син; Нахат, негов син;

27Елијав, негов син; Јерохам, негов син; Елкана, негов син; Самоил, негов син.

28Синови Самоилови: првородениот Јоил, втор Авија.

29Синови Мерариеви: Махли, негови­от син Ливниј; неговиот син Семеј, син му Оза,

30Шима, негов син; Хагија, негов син; Асаја, негов син.

Пејачите во храмот

31Ете, нив ги постави Давид да пеат во Господовиот дом, откако го внесе во него ковчегот.

3225,1; Пс 67,24; 1 Езд 3,10; Неем 12,45; 2 Лет 29,25-26Тие служеа како пејачи пред скинијата на собранието, додека Соломон го изгради домот Господов во Ерусалим. Тие настапуваа во службата своја според редот свој.

3315,17Еве ги оние што настапуваа со синовите свои: од синовите Каатови – Еман, пејач, син на Јоил, син на Са­моил,

34син на Елкана, син на Јерохам, син на Елиил, син на Тоах,

35син на Цуф, син на Елкана, син на Маат, син на Амасај,

36Син на Елкана, син на Јоил, син на Азарија, син на Цефанија,

37син на Тахат, син на Асир, син на Евијасаф, син на Кореј,

38син на Јицхар, син на Каат, син на Исара, син Левиин, син Израилев.

3925,1.9 И брат му Асаф, кој стоеше од десната страна негова, – Асаф, син на Варахија, син на Шима,

40син на Михаил, син на Баасеј, син на Малкија,

41син Етниев, син Зерахов, син Адаев,

42син Етанов, син Зимин, син Се­меиев,

43син Јахатов, син Гершомов, син Левиев.

4415,17

15,17А од синовите на Мерари, нивните браќа, на левата страна: Етан, син Ку­шиев, син Авдиев, син Малухов,

45син Хашавиев, син Амасиев, син Хелкиев,

46син Амасиев, синот Баниев, синот Шомеров,

47синот Махлиев, синот Мушиев, синот Мерариев, син Левиев.

4823,32Браќата нивни, левитите, беа определени за секаква служба во Божјиот дом;

492 Мојс 27,1-8; 30,7; 2 Лет 26,18Арон, пак, и синовите негови ги гореа приносите врз жртвеникот и врз кадилниот жртвеник извршуваа секое свештенодејствие во Најсветата Свети­ња и за исчистување на Израил во сѐ, како што беше заповедал Божјиот слуга Мојсеј.

Потомци од Арон

50 6,4-8 Еве ги синовите Аронови: Елеазар, син негов; Финес, син негов; Авишуа, син негов;

51Буки, негов син; Озиј, негов син, Зерарија, негов син;

52Мерајот, негов син; Амарија, негов син; Ахитув, негов син;

53Садок, негов син; Ахимаац, негов син.

Живеалиштата на левитите

54Еве ги нивните живеалишта според селата нивни во нивните предели: на синовите Аронови од родот Каатов, според она што им се падна со ждрепка;

55го дадоа Хеврон, во земјата Јудина, и околината негова;

56а нивите на тој град и селата негови му ги дадоа на Халев, синот Јефунеов.

57На Ароновите синови им ги дадоа и прибежишните градови: Хеврон и Ливна со околиите нивни, Јатир и Ештемоа со околината негова,

58Хилез и околината негова, Давир и околината негова,

59Ашан со околината негова и Ветсамис со околината негова;

60а од племето Венијаминово – Гева и околината негова, Алемет со околината негова, и Анатот со околината негова; сите нивни градови во родовите нивни беа тринаесет града.

61На другите синови Каатови од челадта на тоа племе им дадоа со ждрепка десет града од делот на поло­ви­ната од племето Манасиево.

62На синовите Гершомови, според родовите нивни, од племето Исахарово, од племето Асирово, од племето Нефталимово и од племето Манасиево во Башан им дадоа тринаесет градови.

63На синовите Мерариеви, според родовите нивни, од племето Рувимово, од племето Гадово, и од племето За­вулоново им дадоа со ждрепка дванаесет градови.

64Така синовите Израилеви им ги раз­дадоа на левитите градовите со околините нивни.

65Ги дадоа со ждрепка од племето на Јудините синови, од племето на Симеоновите синови и од племето на Венијаминовите синови оние градови, што се спомнати по име.

66На некои родови од Каатовите синови им беа дадени градовите од Ефремово племе.

67И им ги дадоа прибежишните гра­дови: Сихем и неговите пасишта во Ефремовата ридеста земја, Гезер со неговите пасишта,

68Јокмеам и околината негова, Вето­рон со неговите пасишта,

69Ајалон со неговите пасишта и Гат-Римон со неговите пасишта;

70од половината на Манасиевото племе – Анер со неговите пасишта и Валаам со неговите пасишта, тоа за семејствата на другите синови Каатови.

71На синовите Гершомови од половината од племето Манасиево им го да­доа Голан во Башан со неговите пасиш­та и Аштарот со неговите пасишта;

72племето Исахарово – Кедес и неговите пасишта, Даверат и неговите пасишта,

73Рамот со неговите пасишта и Анем со неговите пасишта;

74од племето Асирово – Машал и околината негова, Авдон и околината негова,

75Хукок со неговите пасишта и Рехов со неговите пасишта;

76од племето Нефталимово – Кедес во Галилеја и неговите пасишта, Хамон со неговите пасишта и Кирјатаим со неговите пасишта.

77А на другите синови Мерариеви – од племето Завулоново, Римон со неговите пасишта и Тавор со неговите пасишта.

78Од онаа страна на Јордан, спроти Ерихон, на исток од Јордан, од племето Рувимово го дадоа Бецер во пустината и неговите пасишта, Јахца и нејзините пасишта.

79Кедемот со неговите пасишта и Мефаат со неговите пасишта.

80од племето Гадово – Рамот во Галаад и неговите пасишта, Маханаим и неговите пасишта,

81Есевон со неговите пасишта и Јазер со неговите пасишта.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help