1Откако, изминаа дваесет години, во кое време Соломон го градеше домот Господов и својот дом,
2Соломон ги изгради и градовите, што му ги беше дал Хирам, и ги всели во нив синовите израилски.
3Потоа отиде Соломон против Хамат-Цова и го презеде.
4Ис.Н. 10,10; 2 Цар 8,9; 3 Цар 9,15-18Го изгради Тадмор во пустината и сите градови за житници, какви што направи во Хамат.
5Го изгради Горни Веторон и Долни Веторон, градови утврдени со ѕидишта, порти и резиња,
6и Ваалат и сите градови за складови, во кои Соломон имаше житници, сите градови за коли и градови за коњаница, и сѐ што сакаше да изгради Соломон во Ерусалим и во Ливан и по целата земја на своето царство.
71 Езд 9,1Сите луѓе, останати од Хитијците, Аморејците, Перизијците, Евејците и Јевусејците, што не беа од синовите Израилеви –
8децата нивни, останати по нив на земјата, кои синовите Израилеви не ги беа истребиле – Соломон ги потчини и принуди да плаќаат данок сѐ до ден-денес.
9А синовите Израилеви Соломон што не ги направи слуги за свои работи, тие беа војници и главни над неговите воени началници и заповедници на колите и коњаницата негова.
10Главните настојници, што управуваа со народот кај царот Соломон, беа двесте и педесет.
11Соломон ја пренесе ќерката фараонова од Давидовиот град во домот, што го изгради за неа, зашто, велеше тој, жена не смее да живее кај мене во домот на израилскиот цар Давид, бидејќи домот е осветен: во него е влезен ковчегот Господов.
123 Цар 8,64Тогаш Соломон почна да Му принесува сепаленици на Господ на жртвеникот Господов, што беше го изградил пред тремот,
132 Мојс 29,38; 4 Мојс 10,10; 28,9-15; Неем 8,17за принесување сепаленици, според наредбите секој ден, како што беше заповедал Мојсеј, во саботите и во новомесечијата и во празниците трипати во годината: на празникот Бесквасници, на празникот Седмици и на празникот Сеници.
14Неем 12,45; 1 Лет 9,17.23-26И ги установи, според распоредот на татко си Давид, смените и свештениците според службата нивна, на левитите според смените нивни, за да славословат и да служат при свештениците според потребите за секој ден, и на вратарите според смените нивни, кај секоја врата, бидејќи таква беше заповедта на Давид, Божјиот човек.
15И не отстапуваа од царевите заповеди за свештениците и за левитите во ништо, ниту пак за ризницата.
16Така беше подготвена целата работа на Соломон од денот, кога се основа домот Господов, до целосното завршување негово.
17Тогаш отиде Соломон во Ецјон-Гевер и во Елат, што е на морскиот брег, во земјата едомска.
18И Хирам му испрати по свои слуги кораби и слуги, што го знаеја морето, и тие отидоа со слугите Соломонови во Офир, од каде што изнесоа четиристотини и педесет кикари злато, и му го донесоа на царот Соломон.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.