1 3,11; 5,7; 10,29; 13,10; 14,9.61-62; 15,39 Почеток од Евангелието на Исус Христос, Син Божји.
22 Мојс 23,20; Мал 3,1Како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој ќе го подготви Твојот пат пред Тебе:
3Ис 40,3; Јн 1,23‚Гласот на оној, што вика во пустината: подгответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.‘“
4Изреки 28,13; Мт 3,1-2; Лк 18,13-14; Дела 13,24Се јави Јован, крштевајќи во пустината и проповедајќи покајно крштевање за проштевање на гревовите.
53 Мојс 5,5-6; 26,40; Мт 3,6И доаѓаа кај него од целата Јудејска земја и од Ерусалим, и сите се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7Дела 13,25Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
8Мт 3,11; Дела 1,5Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крсти со Дух Свети.“
Исусовото крштевање(Мт 3,13; Лк 3,21-22)9А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јордан.
10Ис 11,2; 42,1; 63,11И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него.
119,7; 1 Мојс 22,2И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“
Исусовото искушување во пустината(Мт 4,1-11; Лк 4,1-13)12Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината.
134,15; Зах 3,1; Јов 1,6; Јн 13,27; Рим 16,20; 1 Сол 2,18; 2 Сол 2,9И беше таму, во пустината, четириесет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.
Исус го проповеда Евангелието во Галилеја(Мт 4,12-17; Лк 4,14-15)14 Мт 4,12; Рим 1,1; 15,16 А потоа, откако Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и го проповедаше Евангелието за царството Божјо,
15Мт 3,2; Гал 4,4; Ефес 1,10и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“
Повик до четирите рибари(Мт 4,18-22; Лк 5,1-3.10-11)16 1,29; Јн 1,40-41 И, одејќи покрај Галилејското Море, Исус го виде Симон и брат му Андреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.
17Мт 13,47-50Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“
18Мт 19,27И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
191,29; 3,17; 10,35Па, штом одмина малку, го виде Јаков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите;
20веднаш ги повика и нив. И тие, откако го оставија татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
Исус во Капернаум(Лк 4,31-37)21 6,2; Лк 4,16 И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поучуваше.
226,2; 11,18; Мт 7,28-29И се чудеа на Неговата наука, зашто Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.
235,2Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика,
24Мт 2,23; 8,29; Лк 4,34; Јн 6,69; Дела 3,14; 4,27.30говорејќи: „Што имаш Ти со нас, Исусе од Назарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“
257,36; 9,9.25; Лк 4,39.41Но Исус му заповеда, велејќи: „Замолкни и излези од него!“
26Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него.
271,22; 10,24И се ужаснаа сите, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? И како е ова ново учење, што со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“
28И веднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.
Исцелување на тештата на Симон(Мт 8,14-17; Лк 4,38-39)29 13,3 Штом излегоа од синагогата, дојдоа со Јаков и Јован во куќата на Симон и Андреј.
30Јн 4,52; Дела 28,8А тештата на Симон лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа.
31Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа им служеше.
Исус исцелува мнозина(Мт 4,24; 8,16-17; Лк 4,40-41)32 Мт 8,16; Лк 4,40 А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни.
33И целиот град се беше собрал пред портата.
341,25; 3,12И излекува многу болни што страдаа од разни болести; истера многу демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, дека знаат оти Тој е Христос.
Исус во Галилеја(Мт 4,23; Лк 4,42-44)35 Мт 14,13.23; 26,36; Лк 3,21 А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше.
36А Симон, и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат;
37Лк 8,40па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“
38Лк 4,43; Јн 18,37А Тој им рече: „Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, зашто затоа сум дошол.“
39Мт 4,23И проповедаше во нивните синагоги, по цела Галилеја и изгонуваше демони.
Исус исцелува лепрозен(Мт 8,1-4; Лк 5,12-16)40 3 Мојс 13,45; Мт 17,14 И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“
415,30; 8,2; 9,22; Мт 9,36; 18,27; Лк 7,13; 10,33; 15,20А Исус, кога се смилува, протегна рака, се допре до него и му рече: „Сакам! Очисти се!“
42И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист;
43Мт 9,30Па, откако го отпушти, му заповеда,
441,25.34; 3 Мојс 14,2-32; Лк 17,14и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистување, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.“
45А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се задржуваше надвор, во осамени места. И доаѓаа кај Него отсекаде.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.