1 Летописи 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Потомците на Исахар

1 4 Мојс 26,23-25 1 Мојс 30,18; 46,13 Синови Исахарови беа: Тола, Пуа, Јашув и Шиврон, четворица.

2Синови Толови: Озиј, Рефаја, Јери­ел, Јахмај, Јивсам и Самоил, началници на домовите во Толовите поколенија, мажи воинствени во своите родови; нивниот број во времето на Давид беше дваесет и две илјади и шестотини.

3Озиев син: Јизрахија; а Јизрахиеви синови: Михаил, Авдија, Јоил и Јишија – петмина. Сите тие беа началници.

4Тие имаа, според родовите свои и поколенијата свои, триесет и шест илјади војска подготвена за борба, зашто имаа многу жени и синови.

5А браќата нивни во сите поколенија Исахарови беа до осумдесет и седум илјади, мажи борбени, запишани во родословните списоци.

Потомци на Венијамин и Дан

6 1 Мојс 46,21; 4 Мојс 26,38-41 Венијамин имаше синови: Бела, Бе­хер и Једиаел – тројца.

7Синови на Бела: Ецбон, Озиј, Узиил, Јеремот и Ири – петмина, началници, мажи воинствени. Во родословните спи­соци запишани дваесет и две илјади триесет и четири.

8Синови Бехерови: Земира, Јоас, Елиезер, Елиоенај, Амвриј, Јеремот, Авија, Анатот и Алемет; сите тие се синови Бехерови.

9Во родословните списоци од нив се запишани, по родовите и по стареши­н­ство, мажи борбени – дваесет илјади и двесте.

10Једиаелов син: Билхан; синови Бил­ханови: Јеус, Венијамин, Аод, Кенаана, Зетан, Тарсис, Ахишахар.

11Сите тие синови Једиаелови беа на­чалници на домови, мажи воинствени; кои одеа во војна, беа седумнаесет илјади и двесте.

12Шупим и Хупим беа синови Ирови; Хушим беше син Ахеров.

Потомци на Нефталим

13 1 Мојс 30,8; 46,24; 4 Мојс 26,48-50 А синовите Нефталимови беа: Јаха­циел, Гуни, Јецер и Селум беа деца од Билха.

Потомци на Манасија

14 4 Мојс 26,29-34 5,23; 1 Мојс 41,51; Ис.Н. 17,1 Синови Манасиеви: Азриил, кого го роди прилежницата негова, Арамејка; таа го роди уште Махир, Галаадов та­т­ко.

154 Мојс 26,33Махир ја зеде за жена сестрата на Хупим и Шупим, – сестрата нивна се ви­каше Мааха; вториот син на Ма­насија се викаше Салпаад. Салпаад има­ше са­мо ќерки.

16Мааха, жената Махирова, роди син и го нарече Переш, а брат му се викаше Шереш. Негови синови: Улам и Рекем.

174 Мојс 26,30Уламов син: Бедан. Тоа беа синови на Галаад, син на Махир, син Манасиев.

18Сестра му Молохета ги роди Иш­ход, Авиезер и Махла.

19Шемидови синови беа: Ахјан, Си­хем, Ликхи и Анијам.

Потомци на Ефрем

20 4 Мојс 26,35-37 1 Мојс 41,52; 4 Мојс 1,33 Ефремови синови: Шутелах; и Бе­ред, негов син, Тахат, негов син, Елада, негов син, Тахат, негов син,

21Завад, негов син, Шутелах, негов син, Езер и Елад. Нив ги убија жите­лите гатски, родени во таа земја, затоа што беа отишле да ги заграбат стадата нивни.

22И татко им Ефрем плачеше по нив многу денови, а браќата негови доаѓаа да го утешуваат.

23Потоа тој влезе при жена си; таа зачна и роди син, и тој го нарече со име­то Берија, затоа што зло го снајде домот негов.

24Ис.Н. 10,10Тој имаше и ќерка Шеера. Таа го изгради Долни и Горни Веторон и Узен-Шеера.

25Негов син беше Рефах; негови си­нови Решеф и Телах; Тахан, негов син,

26Ладан, негов син, Амихуд, негов син, Елишама, негов син,

27Нун, негов син, и Исус, негов син.

28Ис.Н. 10,33Имотот нивни и живеалиштата нивни беа: Ветил и селата негови: кон исток Нааран, кон запад Гезер и селата нивни; Сихем и нему потчинетите градови сѐ до Газа со селата нејзини,

29Ис.Н. 11,2; 17,11Во рацете на синовите Манасиеви: Бет-Шан и селата негови, Танах со се­лата негови, Мегидо со селата негови, Дор и неговите села. Во нив живееја синовите на Јосиф, Израилев син.

Потомци на Асир

30 1 Мојс 46,17; 4 Мојс 26,44-47 Синови Асирови: Јимна, Јишва, Јишви, Берија и сестра им Зара.

31Синови Бериеви: Хевер и Малхиил. Тој е татко Бирзаитов.

32Хевер ги роди Јафлет, Шомер, Хо­там и сестра им Шуа.

33Синови Јафлетови: Пасах, Бимхал и Ашват. Тоа беа синови Јафлетови.

34Синови Шомерови: Ахи, Рохга, Ху­ба и Арам.

35Синови на Хелем, негов брат: Цофах, Јимна, Шелеш и Амал.

36Синови Цофахови: Суах, Харне­фер, Шуал, Бери и Јимра,

37Бецер, Ход, Шама, Шилша, Јитран и Бера.

38Синови Јетерови: Јефуне, Писпа и Ара.

39Синови на Ула: Арах, Ханиил и Риција.

40Сите тие беа потомци Асирови, на­чалници на домовите, одбрани силни и храбри мажи, началници на началници­те. Запишани беа во нивните родослов­ни списоци, за војна, на број дваесет и шест илјади души.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help