Римјаните 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Во мир со Бога

1 3,24.28; Ис 53,5 И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос.

2Ефес 2,14-18Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која сто­име, и се фалиме со надежта во славата Божја.

3Јк 1,2-4; 1 Птр 1,5-7; 4,13-14; Откр 1,9Но не само тоа, туку се фалиме и со маките, знаејќи дека од маката се ра­ѓа трпението;

4од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж.

5Пс 21,4; 24,3.20; 1 Јн 4,13Надежта пак, не посрамотува. Заш­то љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух.

68,32; Јн 3,16-17; Ефес 5,2; 1 Тим 2,6; Тит 2,14; 3,4-7; 1 Птр 3,18; 1 Јн 3,16; 4,10Зашто, уште кога бевме слаби, Христос во одреденото време умре за безбожниците.

7Навистина, тешко би можел некој да умре за праведник, а за добар, можеби, некој и би се решил да умре.

8Но Бог ја докажа љубовта Своја кон нас, со тоа што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.

91,18; 1 Сол 1,10Затоа сега, откако веќе сме оправдани со крвта Негова, многу повеќе ќе се спасиме преку Него од гревот.

102 Кор 5,18-19; Ефес 2,16; Кол 1,20-22Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле.

11А освен тоа, и се фалиме со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого добивме сега помирување.

Адам и Христос

12 6,23; 1 Мојс 2,17; 3,6.19; Мудр 2,24; 1 Кор 15,21-22.45; Јк 1,15 Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија.

134,15Навистина и порано уште пред За­конот имаше грев во светот, но гревот како таков не може да се прифати, кога нема закон.

141 Кор 15,21-22.45А сепак смртта царуваше уште од Адам, па сѐ до Мојсеј и над оние што не погрешија според престапот на Адам. Тој е пралик на Оној што требаше да дојде.

15Мт 20,28; Дела 15,11Но, со дарот не е исто како и со престапот. Зашто ако поради престапот на еден изумреа мнозина, тогаш Бож­ја­та благодат и дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос, во многу поголемо изобилство ќе се излее врз мнозина.

168,1А тој дар е сосема поинаков од гревот на еден што погрешил, зашто судењето за еден престап води кон осудување, а дарот – од многу престапи кон оправдување.

172 Тим 2,12; Откр 20,4-6Бидејќи, доколку со престапувањето на еден завладеала смртта преку едниот, дотолку повеќе оние, што го примија изобилието на благодатта и да­рот на праведноста, ќе царуваат во жи­вотот преку еден – Исус Христос.

181 Кор 15,22И така, како што преку еден престап дојде осудувањето на сите луѓе, така и преку праведното дело на еден дојде врз сите луѓе оправданието, кое дава живот.

19Ис 53,11; Фил 2,8; Евр 5,8Зашто, како што преку непос­луш­носта на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни.

207,7-8; Гал 3,19; 1 Тим 1,14А притоа дојде и Законот за да се наголеми престапот. Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се ја­вува во голема изобилност,

216,22-23та, како што гревот завладеал со смртта, така и благодатта да завладее преку праведноста за живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help