Исаија 28 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Суд над Самарија

1 .“

1133,19; Ер 5,15; 1 Кор 14,21Зашто со неразбирлив говор и на туѓ јазик ќе му се зборува на тој народ.

1230,5; Ер 6,16; Пс 94,11; 131,14Им говореа: „Еве одмор, дајте му одмор на изморениот, и ете му одмор.“ Но тие не сакаа да слушаат.

138,15И стана во нив според словото Гос­подово: заповед врз заповед, заповед врз заповед, правило врз правило, правило врз правило, тука малку, таму малку, – така што тие одејќи да паднат на грб и да се разбијат, да паднат во стапица и да бидат уловени.

Лажната сигурност е погубна

14 3,1-4 И така, слушајте го словото Гос­по­дово, хулители, управници на овој на­род, кој е во Ерусалим.

158,7-8; 31,1; Ер 5,12; Амос 9,10; Мудр 1,16; Сир 14,12Бидејќи говорите: „Сме склучиле сојуз со смртта и со пеколот сме на­пра­виле договор: кога ќе минува кам­ши­кот, кој казнува сѐ, тој нема да дојде до нас, зашто лагата ја направивме наше за­солниште и со измама ќе се при­кри­е­ме“, –

167,9; Пс 117,22-23; Мт 16,18; 21,42; Рим 9,33; 1 Кор 3,11; Ефес 2,20; 1 Птр 2,6затоа вака вели Господ Бог: „Ете, Јас полагам во основата на Сион камен, камен испитан, аголен, скапоцен, темелен: кој верува во него, нема да се посрами.

171,27; 28,15Ќе ја поставам правдата за мерило и справедливоста за терезија; врнежи од град ќе го уништат засолништето на ла­гата, и води ќе го потопат местото на заклонот.

18И сојузот ваш со смртта ќе биде уништен, договорот ваш со пеколот нема да остане. Кога ќе мине камшикот, кој казнува сѐ, вие ќе бидете згазени.

19Пс 118,67Секојпат кога ќе мине тој, ќе ве фа­ти; а тој ќе оди секое утро, дење и ноќе и само слухот за него ќе предизвикува ужас.“

20Многу кратка ќе биде постелката, за човек да се протега; многу тесна и покривката, за да се завитка со неа.

2129,14; Ис.Н. 10,10-14; 2 Цар 5,17-25Зашто Господ ќе се крене, како на гората Перасим; ќе се разгневи, како во долината Гаваон, за да го изврши делото Свое, необично дело, и да ја заврши работата Своја, Својата таинствена ра­бо­та.

2210,22-23; Соф 1,18И така, не потсмевајте се, за да не ста­нат оковите ваши поцврсти; зашто јас чув од Господ Бог Саваот дека е од­редено истребување за целата земја.

Мудроста доаѓа од Господ

23 32,9; Пс 77,1 Приклонете го увото и послушајте го гласот мој; бидете внимателни, ис­лу­шајте ја речта моја.

24Земјоделецот секогаш ли ора, за да посее, секогаш ли ора бразди и ја израмнува земјата своја?

25Не, откако ќе ја израмни по­вр­ши­на­та, тој сее граор, распрскува ким или фрла пченица, на редови и јачмен во оп­ре­де­леното место, а најпосле 'рж по ср­товите.

26Јов 32,8; 35,11И на таков ред го учи неговиот Бог; Тој го упатува.

2741,15; Амос 1,3Зашто не се врши граор со чукање, ниту тркалата што вршат го газат ки­мот; туку со стап го чукаат граорот, а со стап го чукаат и кимот.

28Житото го вршат, но не го дробат; пуштаат преку него вршечки колца со коњи, но не го смачкуваат.

299,6; 41,20; Пс 117,23; Рим 11,33И тоа станува од Господ Саваот: чудни се неговите судови, голема е Не­говата мудрост!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help