1 2 Лет 6,42 Сети се, Господи, на Давид и на сета негова ревност,
21 Мојс 49,24како што се заколна пред Господ, и Му вети на Јакововиот Бог:
32 Цар 7,1-2; 1 Лет 28,2„Нема да влезам под шаторот на домот свој, и нема да легнам на леглото мое;
4Изреки 6,4нема да им дадам сон на очите мои, ни дремка на веѓите мои, ниту одмор на слепоочниците мои,
5Дела 7,46додека не најдам место за Господ, дом за Јакововиот Бог.“
61 Цар 7,1; 2 Цар 6,2Ете, ние чувме дека е во Ефрата, го најдовме во Јаарските полиња;
75,7; 98,5; Ис 60,13да влеземе во неговиот дом, да се поклониме пред местата каде што стојат нозете негови.
867,1; 4 Мојс 10,35; 2 Лет 6,41-42Стани, Господи, дојди во местото каде што е Твојата почивка, Ти и светиот ковчег Твој.
9Ис 61,10Твоите свештеници нека се облечат во праведност; Твоите светии нека се зарадуваат.
102,2; 83,9Поради Давид, Твојот слуга, не одвраќај го лицето Свое од Твојот помазаник.
1188,2-3; 109,4; 2 Цар 7,12-16; 1 Лет 17,11-14; Дела 2,30Му се заколна Господ на Давид со верност, и од неа нема да се откаже: „Од плодот на твојата утроба ќе поставам на престолот твој.
12Ако твоите синови го пазат Мојот завет и Моите сведоштва, на кои ќе ги научам, тогаш и синовите нивни ќе седат вечно на твојот престол.“
1367,16; 77,68; 2 Цар 5,9Зашто Господ го избра Сион, Му омиле да живее во него.
14„Тоа е моето одмориште засекогаш: тука ќе се населам, бидејќи многу го засакав.
15Ќе го благословувам и преблагословувам трудот негов, сиромасите негови со леб ќе ги наситувам;
16Ис 61,10; Ер 31,14; 2 Лет 6,41свештениците негови ќе ги облечам во спасение, и светиите негови радосно ќе воскликнуваат.
171 Цар 2,10; Ис 11,1; Ер 33,15; Ез 29,21; Зах 3,8; Лк 1,69Таму ќе кренам рог за Давид, му подготвив светилник на Мојот помазаник.
1870,13; Јов 8,22Непријателите негови ќе ги облечам во срам, а на него ќе блешти круна.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
