Псалми 58 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 58Молитва за помош против замки од пакосни непријатели

1Спаси ме од непријателите мои, Бо­же мој, заштити ме од оние што стану­ва­ат против мене!

2Избави ме од оние што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците;

3зашто, ете, тие ја демнат душата мо­ја; ме напаѓаат силните без престап мој и без грев мој, Господи.

4Изреки 1,11Без моја вина навалија на мене; ста­ни, излези ми во пресрет и погледај.

57,6Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израилев, разбуди се и казни ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие.

634,23Навечер тие се враќаат, вијат како кучиња и одат околу градот.

721,16; 54,10И, ете, блујат со јазикот свој; во ус­тата имаат меч, „Зашто, – си велат тие, – кој ќе чуе?“

851,2; 54,21; 56,4; 63,3Но Ти, Господи, им се смееш; им се подбиваш на сите безбожни народи.

92,4; 36,13Сило моја, Тебе те очекувам, зашто Ти си, Боже, мое прибежиште.

10Мојот Бог, ќе ме пресретне со љу­бов, Бог мој, Кој ми ги покорува моите непријатели.

1153,7Не убивај ги, за да не заборави мо­јот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштитниче наш.

12За гревот на устата нивна; за зборот во устата нивна нека се фатат во гордоста своја, бидејќи само клетви и лаги кажуваат.

13Изреки 12,13; 17,6Истреби ги во гнев, и нема веќе да ги има; за да увидат дека Бог управува над Јаков и до краиштата на земјата.

1445,9-10; 82,18; Ез 5,13; 6,11; 12,12Навраќаат секоја вечер, завиваат како кучиња, и одат околу градот;

15тие скитаат, барајќи храна, а кога нема да се заситат, ги поминуваат ноќи­те 'ржејќи.

16Јас, пак, со песна ќе ја славам Тво­јата сила и од рани зори ќе се зарадувам со Твојата милост, бидејќи Ти ми беше закрила и прибежиште во денот на мо­јата несреќа.

1716,15Сило моја, Тебе Ти пеам, зашто Ти си закрила, Боже мој, милост моја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help