1 .
14И зборуваа меѓу себе за сите овие настани.
15Мт 18,20И додека разговараа и се расправаа еден со друг, Самиот Исус се приближи и одеше со нив;
16Јн 20,14; 21,4но очите им се замрежија за да не Го познаат.
17А Тој им рече: „Какви се тие зборови што ги разменувате меѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?“
18Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?“
19Мт 2,23; 16,14; 21,11; Дела 7,22И го праша: „Што?“ Тие Му одговорија: „За Исус од Назарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ;
20Како нашите првосвештеници и началници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа;
211,54.68; 2,25.38; Дела 1,6а ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израил; но и покрај сето тоа, денес е веќе трет ден, откако се случи ова.
22Мт 28,1; Јн 20,1А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот,
2324,9и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале дека е Тој жив.
24Јн 20,3-8Отидоа на гробот и некои од нашите и го најдоа истото она, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.“
25Тогаш им рече: „О, безумни! Срцето ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците!
26Јн 13,31-32; Дела 3,13Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“
2716,16.29-31; 24,44; 1 Птр 1,11Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им разјаснуваше што е кажано за Него во сите Писма.
28Мк 6,48И тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи.
29Суд 19,9; Дела 16,15Но тие Го задржаа, велејќи: „Остани со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив.
3022,19; 1 Кор 11,24А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде.
31Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив.
32Пс 38,3И си рекоа еден на друг: „Зар не гореа во нас срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?“
33Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани Единаесетте и они кои беа со нив,
341 Кор 15,4-5каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симон.
351 Мојс 42,29; Дела 20,7И тие кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го прекршувал лебот.
Појавување пред учениците(Мт 28,16-20; Мк 16,14-18; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)36 Тов 12,17; 1 Кор 15,5 Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им рече: „Мир вам!“
37Мт 14,26А тие, така се уплашија и бидејќи застрашени, помислија дека гледаат дух.
38Но Тој им рече: „Што сте збунети и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши?
391 Јн 1,1Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“
40А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.
41Јн 21,5Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“
42Јн 21,9-10Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе.
43Дела 10,41И кога зеде, јадеше пред нив.
4418,31; 24,27; 1 Мојс 3,15; 49,10-11; Ис 7,14; 9,5-6; 53,1-12; Мих 5,1.3; Зах 9,9; 12,10–13,1; 13,7; Мал 3,1; Пс 2; Дан 7,13-14; 9,24; Мт 16,21; Јн 5,39.46; Дела 26,22Па им рече: „Ете, ова се зборовите што ги говорев уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“
45Јн 20,9; Дела 4,10-11Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата,
46Ис 53; Ос 6,2; 1 Кор 15,3-4и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден,
47Дела 1,4-8; 2,38; 10,43; 13,38-39; 1 Тим 3,16и да биде проповедано во Негово име покајание и проштевање на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим;
48Јн 15,27; Дела 1,8а вие сте сведоци за ова.
491,35; 4,14; Јн 14,16; 15,26; Дела 1,4.8; 2,33И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се облечете во сила одозгора.“
Христовото вознесение(Мк 16,19-20; Дела 1,9-11)50 3 Мојс 9,22; Сир 50,20 И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови.
51И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото;
529,51; Јн 14,28; 16,22; Дела 1,12тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост.
53Јн 2,20; Дела 2,46И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.