2 Летописи 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Авија го победува Јеровоама(3 Цар 15,1-8)

1Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоам над Јуда стана цар Авија;

2тој царуваше три години во Ерусалим; мајка му се викаше Михаја, ќерка Уриилова, од Гива. И Авија воде­ше војна со Јеровоам.

3Авија поведе во војна војска од храб­ри луѓе, четиристотини илјади одбрани мажи, а Јеровоам излезе против него во бој со осумстотини илјади мажи, исто така одбрани јунаци.

4И застана Авија на врвот од планината Цемараим, една од Ефремовоите гори, и рече: „Чујте ме, Јеровоаме и си­те Израилци!

53 Мојс 2,13; 2 Цар 7,13; 1 Лет 17,12Не знаете ли дека Господ, Бог Изра­илев, му го даде на Давид царството над Израил засекогаш, нему и на синовите негови, според заветот вечен.“

63 Цар 11,26Но се крена Јеровоам, синот Нава­тов, слуга на Давидовиот син Соломон, и се побуни против господарот свој.

7Суд 9,4; 1 Лет 29,1И се собраа околу него луѓе долни, развратници и станаа против Ровоам, синот Соломонов; а Ровоам беше млад и со слабо срце, и не издржа против нив.

82 Мојс 32,4; 2 Цар 4,3; 3 Цар 12,28-30А сега вие мислите дека можете да застанете против царството Господово, кое е во рацете на Давидовите синови, зашто вас ве има многу и затоа што имате златни телиња, што ви ги напра­ви Јеровоам за богови.

92 Мојс 29,35-36; 3 Цар 12,31; Ер 2,11; Гал 4,8Нели вие ги изгонивте свештени­ците Господови, синовите Аронови, и левитите, и си поставивте свештеници, какви што има кај народите во другите земји? Секој, што доаѓа за свое посветување со теле и седум овни, тој станува кај вас свештеник на лажни богови.

10А кај нас – Господ е наш Бог; ние не сме Го оставиле; на Господ Му служат како свештеници синовите Аронови, и левитите се на својата служба.

112 Мојс 29,39; 1 Лет 9,32Тие Му жртвуваат на Господ сепаленици, секое утро и секоја вечер, и ми­ризливо кадиво, ги поставуваат лебо­вите на трпеза од чисто злато и ги па­лат кандилцата на златниот светилник за да горат секоја вечер, зашто ние ја пазиме наредбата на Господ, нашиот Бог, а вие сте Го оставиле.

124 Мојс 10,8-9; Суд 2,15; 2 Мак 7,19; Мудр 12,13-14; Дела 5,39И, ете, нам на чело ни е Бог и Него­вите свештеници и громогласните тру­би, за да грмат против вас. Синови Из­раилеви, не војувајте против Господ, Бог на вашите предци, зашто нема да успеете!

13Ис.Н. 8,9Во тоа време Јеровоам направи за­седа зад нивниот тил, така што самиот тој беше пред Јудејците, а заседата – зад нив.

14И кога се обѕрнаа Јудејците, – туку гледај борба и отспреди и одзади; и по­викаа кон Господ, а свештениците за­трубија со труби.

151 Лет 9,1И почнаа да викаат Јудејците. И кога Јудејците повторно извикаа, Бог го порази Јеровоам и сите Израилци пред Авија и Јуда.

16И синовите Израилеви почнаа да бегаат пред Јудејците; и Бог ги предаде во рацете нивни.

17Авија и народот негов страшно ги поразија; и паднаа од Израилците петстотини илјади одбрани јунаци.

18Пс 21,4Така синовите израилски беа пони­зени, а синовите Јудини станаа силни, зашто се надеваа на Господ, Бог на нив­ните предци.

19Авија, пак, го гонеше Јеровоама и му ги одзеде градовите: Ветил и нему потчинетите села, Јешан со селата не­гови и Ефрон со потчинетите му села.

20И Јеровоам веќе не се совзеде во дните на Авија. Господ го порази и тој умре.

21Авија, пак, се засили; си зеде чети­ринаесет жени и роди дваесет и два си­на и шеснаесет ќерки.

22Другите дела на Авија, делата него­ви и зборовите негови се опишани во записите на пророкот Идо.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help