Еремија 23 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Против лажните духовни пастири

1 10,21; 50,6 Тешко им на пастирите, што ги погубуваат и растураат овците на Моето стадо, вели Господ.

2Затоа вака вели Господ, Бог Из­ра­и­лев, кон пастирите, кои го пасат народот Мој: вие ги растуривте овците Мои, ги упропастивте и не се грижите за нив; еве, Јас ќе ве казнам за вашите злос­тор­ства, вели Господ.

3И ќе го соберам остатокот од Моето стадо, од сите земји каде што ги бев из­гонил, и ќе ги вратам во трлата нивни, па ќе се плодат и ќе се размножуваат.

4И ќе поставам над нив пастири, што ќе ги пасат, и тие нема веќе да се пла­шат, ниту ќе треперат и нема да се гу­бат, вели Господ.

52 Цар 7,12; Мих 5,3; Ис 9,7Еве, доаѓа времето, вели Господ, и ќе му издигнам на Давид фиданка, и ќе се зацари Цар, Кој ќе постапува мудро и ќе суди праведно на земјата.

632,37; Мал 3,20; Рим 10,4Во дните Негови Јуда ќе се спаси, и Израил ќе живее безопасно; и еве, – Не­говото име со кое ќе Го именуваат е „Господ – Нашата правда!“

7Затоа, еве, идат дните, вели Господ, кога веќе нема да се зборува: „Жив Гос­под, Кој ги изведе синовите Израилеви од земјата египетска“,

83,18; Ис 43,6туку „Да е жив Господ, Кој го изведе и Кој го доведе племето на домот Из­ра­илев од северната земја и од сите земји, каде што ги беше изгонил“, и тие ќе живеат во земјата своја.

9Поради пророците срцето ми се ки­не во мене, сите коски ми се тресат, јас сум како пијан, како човек што го фа­тило виното, заради Господа и заради Неговите свети зборови,

10зашто земјата се наполни со прељубници, и земјата плаче поради прок­летството; се исушиле пасиштата по пустините, зашто стремежот им е зло, а силата нивна – неправда;

11Плач 4,13бидејќи и пророкот и свештеникот се безбожни: дури и во домот Мој го за­бележав бесчестието нивно, вели Гос­под.

Казна за неверните духовни пастири

12 Пс 34,6 Затоа патот нивни ќе биде лизгаво место во темнината – ќе ги туркаат и тие ќе паѓаат таму; зашто Јас ќе ис­пра­там врз нив беда во годината, кога ќе ги казнам, вели Господ.

13А кај пророците во Самарија видов безумие, тие пророкуваат во името на Ваал и го воведуваат во заблуда народот Мој, Израил.

145,30-31; 18,13А кај пророците во Ерусалим гле­дам нешто уште пострашно: тие прељубодејствуваат и одат во лага, ги поткрепуваат рацете на злодејците, та никој од нив да не се откаже од бесчестието свое; сите тие се пред Мене како Содом, а жителите негови – како Гомора.

155 Мојс 32,32Затоа вака вели Господ Саваот за пророците: еве, ќе ги нахранам со пе­лин и ќе ги напојам со затруена вода, поради тоа што од ерусалимските пророци се разнесе безбожие по целата земја.

Господ предупредува

16 14,14; Плач 2,14 Така вели Господ Саваот: немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви пророкуваат – тие ве лажат, ка­жуваат измислени работи од срцето свое, а не она што доаѓа од устата Гос­подова.

17Постојано им зборуваат на оние, кои не Ме почитуваат: „Господ рече, мир ќе имате.“ И на секого кој се уп­ра­вува според тврдокорноста на срцето свое, велат: „Зло нема да ве снајде.“

18Зашто, кој е тој што присуствувал на советот на Господ, па видел и го чул словото Негово? Кој го разбрал Не­го­вото слово и кој го чул тоа?

194,11; 22,22; Ис 29,6; Наум 1,3Еве, иде бу­рата Господова со јарост, бу­ра страшна, и ќе се свие врз главата на безбожниците.

20Гневот Господов нема да се одврати сѐ додека Тој не ги изврши и додека не ги исполни замислите на Своето срце; во последните дни тоа наполно ќе го разберете.

2123,32; 27,15Јас не ги праќам тие пророци, а са­мите се беа растрчале; Јас не им зборував, а тие пророкуваа.

2223,18Да беа стоеле во советот Мој, тие ќе му ги објавеа на Мојот народ зборовите Мои и ќе го отклонеа од неговиот лош пат и од неговите лоши дела.

23Зар Јас сум Бог само одблизу, вели Господ, а не Бог и оддалеку?

24Пс 138,7-12; Дела 7,49Може ли човек да се сокрие на мес­то тајно, каде што Јас не би го видел? – вели Господ. Зар не ги исполнувам Јас небото и земјата – вели Господ.

25Јас слушав што зборуваат проро­ци­те, кои во името Мое пророкуваат лага. Тие велат: „Ми се сони, ми се сони.“

2614,14До кога ќе трае тоа во срцето на пророците, кои пророкуваат лага, кои пророкуваат измама од срцата свои?

27Тие мислат дека преку своите со­ништа, што си ги раскажуваат еден на друг, ќе го доведат Мојот народ дотаму, да го заборави името Мое, како што го заборавија татковците нивни името Мое заради Ваал!

28Пророкот што видел сон, нека го раскаже како сон, а во кого е словото Мое, нека го каже верно словото Мое. Што заедничко има плевата со пченицата? – вели Господ.

29Зар не е Моето слово како оган, ве­ли Господ, и не е ли како чекан што кр­ши карпа?

30Затоа, еве, Јас сум против проро­ци­те, вели Господ, кои ги крадат збо­ро­ви­те Мои еден од друг.

31Еве, Јас сум против пророците, ве­ли Господ, кои го креваат својот јазик и велат: „Тој рече.“

327,8; 14,14-15; 23,21; 29,32Еве, Јас сум против пророците на лажни соништа, вели Господ кои ги ка­жуваат и преку своите измами и итрини го заблудуваат Мојот народ, кога Јас не сум ги пратил, ниту сум им заповедал; затоа тие не донесуваат никаква полза за тој народ, вели Господ.

33Ако те праша тој народ, или пророк, или свештеник: какво е бремето од Господ? а ти кажи му – „Вие сте бреме. Јас ќе ве напуштам,“ вели Господ.

34Ако пророкот, или свештеникот, или народот каже: „Тоа е бреме од Гос­под“, Јас ќе го казнам тој човек и домот негов.

35Туку вака да кажувате еден на друг и брат брату: „Што одговори Господ?“ или – „Што вели Господ?“

36Мт 15,6А тој збор: „Бреме од Господ“, не употребувајте го во иднина, зашто на таков човек бреме ќе му биде неговиот збор, бидејќи вие ги изопачувате збо­ро­вите на живиот Бог, Господ Саваот, на­шиот Бог.

37Вака прашувај пророк: „Што ти од­говори Господ?“ или – „Што рече Гос­под?“

38Ако пак сѐ уште велите: „Бреме од Господ“, тоа така вели Господ, поради тој збор што го кажувате – „Бреме од Господ“, кога пак, Јас ве пратив да не велите „Бреме од Господ“,

39еве затоа ќе ве заборавам наполно, ќе ве оставам и ќе го отфрлам од лицето Свое овој град, кој ви го дадов вам и на татковците ваши.

40И врз вас ќе испратам вечна поруга и вечен срам, кој нема да се заборави.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help