Сирахова 28 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 5 Мојс 32,35; Јов 10,6 Одмаздникот ќе добие одмазда од Господа, Кој не ги заборава неговите гревови.

2Мт 5,23.24; 6,12.14; 18,21-35; Мк 11,25; Лк 6,37Прости му ја навредата на ближниот твој и тогаш, откако се помолиш, гре­во­вите твои простени ќе ти бидат.

3Пс 40,4; 103,3; Мт 6,14-15; 18,35Кога човек човека го мрази, како може од Господа исцелување да бара?

4За човек сличен на себе, тој милост нема, а се моли гревовите негови прос­тени да му бидат.

510,6; 1 Мојс 6,3; 3 Мојс 19,17-18; Мт 18,21-22Самиот, кој е од месо полн е со ом­раза, па кој гревовите ќе му ги прости?

67,36; 38,20Спомнувај си за крајот твој и прес­та­ни да мразиш; спомни си за смртта и гниењето, па заповедите извршувај ги.

7На заповедите мисли и ближниот не мрази го.

8Помни го заветот на Севиш­ниот, и вината на братот твој прости му ја.

Караници

9 Изреки 15,18; 29,22 Од кавга бегај, така помалку ќе гре­шиш.

10Грешникот раздор сее меѓу прија­те­лите; меѓу оние што живеат во мир, клеветења шири.

11Изреки 26,20-21Огнот се разгорува во зависност од тоа што е она што гори;

12каква е силата на човекот, таков ќе биде и неговиот гнев; гневот се зголемува и според бо­гатството негово.

1322,24Жешка расправија оган распалува, а жестока кавга крв пролева.

14Јк 3,10Дуваш ли искра – таа ќе се распали, плукнеш ли на неа, таа ќе се угасне; и едното и другото излегуваат од твојата уста.

Штетите од лоши јазици

15 Јк 3,1-12 Изреки 16,28 Озборувачот и лажливецот прокол­на­ти да се; тие погубиле многумина што живееле во мир.

16Третиот јазик многумина изгонил, ги гонел од еден народ во друг,

17уривал градови утврдени, уривал палати на бо­гати;

18Изреки 31,10-31третиот јазик избркал чесни жени, ги лишил од плодовите на нивниот труд.

19Кој него го слуша, мир нема да има, ни спокоен дом.

20Изреки 25,15Ударот со бич модрици прави, а ударот со јазик, коски крши.

21Многумина паднале од остар меч, но повеќе се оние што паднале од јазик.

22Пс 30,20Блазе на оној што од него се заш­ти­тил; неговиот бес не го почувствувал, кој во јаремот негов не бил и не бил вр­зан со неговите вериги.

23Јаремот негов е железен, а веригите негови – бакарни.

24Страшна е смртта што ја донесува; и пеколот е подобар од неа,

2551,4; Јк 3,5-6но нема сила на побожните; нив не ги гори пламенот негов.

26Жртви негови се оние што Го оста­виле Господа; во нив ќе се разгори и нема да изгасне; како лав ќе ги нападне и како пантер ќе ги раскине.

27Слушај, со трње загради го имотот твој,

28добро заклучи ги златото и среброто,

2921,25; 22,27а за зборовите направи си мерка; на устата твоја – врата и клучалка.

30Изреки 13,3Пази да не се сопнеш од јазикот свој; на оние што демнат – плен да не им бидеш.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help