1 Изреки 10,7; Сир 16,3 Подобро е бездетност со добродетел, зашто споменот за неа е бесмртен, таа се признава и од Бога и од луѓето.
25,16Кога е овде, на неа се угледуваат, кога ќе си отиде – се стремат кон неа, овенчана со вечност – вечно прославувана, зашто победила преку непорочни подвизи.
3Сир 23,25; 40,15А од многубројното потомство на безбожниците нема никаква полза; потомците на прељубниците не пуштаат длабоки корења и немаат тврда основа.
4Зашто, ако набрзина пуштаат гранки, слабо вкоренети, ќе се расклатат од ветрот, и од ударите на силните ветрови – ќе бидат искорнати.
5Кревките гранки ќе се искршат, плодот ќе им биде бесполезен, незрел за храна и непотребен за ништо;
6зашто деца родени од незаконска постела – сведоци се за развратот на своите родители при истрагата на судот.
Смислата на предвремената смрт на праведниците7 3,3; Ис 57,1-2 А праведникот и рано да умре, ќе биде во мир,
8Сир 25,4-6зашто чесната старост не е во долговечноста, ниту се мери со бројот на годините.
9Мудроста – тоа се белите човечки коси, а непорочниот живот – зрела старост.
101 Мојс 5,21; Сир 44,16; Евр 11,5Откако Му угодил на Бога, праведникот е засакан и, откако живеал меѓу грешниците, Бог го прибрал;
11грабнат е, злобата да не го измени неговиот разум или подмолноста да не ја заведе неговата душа.
12Зашто, постојаното правење лошо го помрачува доброто, а виорот на копнежот го развратува незлобивиот ум.
13Кој достигнал совршенство за кратко време, тој живеел долго;
14Ис 57,1зашто неговата душа Му била угодна на Господ, затоа и побрзал да ја напушти од безбожноста околу него. А луѓето го видоа тоа, и не го разбраа, дури и не помислија за тоа,
153,9дека Бог има благодат и милост за Своите светии и обзир – за Своите избраници.
16Праведникот, кој умира, ги осудува живите безбожници и младоста што предвремено завршила, претворајќи се во – долговечна старост на неправедникот,
173,2зашто тие ќе го видат крајот на мудриот и не ќе сфатат што определил Господ за него и зошто го поставил во безопасност;
18Пс 36,13; 59,9тие ќе видат и ќе го понижат, но Господ ќе им се потсмее;
19Изреки 1,26; Дела 1,18и потоа тие ќе бидат презрен труп и срам меѓу умрените довека, зашто Тој ќе ги турне и тие ќе паднат безгласно ничкум – ќе ги оттргне од нивната основа и тие најпосле ќе опустеат, ќе бидат во жалост и споменот за нив ќе загине;
Каењето на безбожниците20сознавајќи ги своите гревови, тие ќе застанат со страв и нивните беззаконија нив самите ќе ги осудат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.