1Возљубениот: Дојдов во градината своја, сестричке, невесто, ја обрав смирната моја и мирисите мои, ги јадев медените питки со мојот мед, го пиев виното со моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и наситете се, мили мои!
Таа му ја отвора својата врата, но веќе е доцна2 2,8; Откр 3,20 Возљубената: Спијам, но срцето мое е будно; ете го гласот на мојот возљубен, кој чука: Отвори ми сестро, мила моја, гулабице моја, совршена моја, зашто главата моја е целата со роса покриена, и косата моја – со ноќна влага.
3Го соблеков хитонот свој, пак ли да го облекувам? Сум ги измила нозете свои, како да ги валкам?
4Мојот возљубен ја протегна раката низ отворот, и срцето мое затрепери од него.
5Суд 6,36-40; Ос 14,6Станав да му отворам на мојот возљубен; од рацете ми капеше смирна, од прстите мои пријатен мирис на смирна врз дршката од клучалката.
63,1Му отворив на мојот возљубен, а мојот возљубен си беше отишол. Душата ми премре, додека тој говореше; го барав, но не го најдов; го викав, но не ми се јавуваше.
7Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваа градот, ме натепаа, ме изнаранија; ми го симнаа превезот оние, што ги чуваа ѕидиштата.
82,7; 2,5Ве заколнувам, ќерки ерусалимски! Ако го сретнете мојот возљубен, кажете му дека изнемоштувам од љубов.
91,13Хорот: Со што е твојот возљубен подобар од другите возљубени, о, најубава меѓу жените? Во што твојот возљубен е подобар од другите, па така нѐ заколнуваш?
101 Мојс 25,25; 1 Цар 16,12; 2 Цар 18,3; Проп 7,28Возљубената: Мојот возљубен е бел и румен, поубав од десет илјади други;
11главата негова – чисто злато; кадрите негови – брановидни, црни како гавран;
121,15очите негови – како гулаби крај водни потоци, што се капат во млеко, што стојат задоволни;
131,10образите негови – ароматен цветник, леи со миризливи билки; усните негови – кринови од кои капе чиста смирна;
14рацете негови – златни валци, опсипани со топази; стомакот негов – како сад од слонова коска, обложен со сафири;
15Пс 143,12; Сир 26,18нозете негови – мермерни столбови, поставени врз златни подлоги; изглед има како Ливан, величествен е како кедар;
162,3устата негова е сладост, целиот е прекрасен. Ете, кој е мојот возљубен, и ете, кој е пријателот мој, ќерки ерусалимски.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
