3 Макавејска 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Жалоста и страдањата на Јудејците во Египет

1Секаде, каде што ќе пристигнеше оваа царска заповед, незнабошците приредуваа народни гозби со радосни извици и на таков начин вкоренетата омраза смело се покажуваше.

2Меѓу Јудејците започна неутешна тага, горко плачење и лелекање; на­се­каде се слушаа воздишките на оние што ја оплакуваа ненадејно најавената страшна смртна казна; тоа ги плашеше нивните срца.

3Која област, кој град или кое село, кои патишта не се исполнија со нивниот плач и писок?

4Властите од секој град без чувство на жал и со жестокост ги испраќаа за­едно; гледајќи ја таа грозна слика, дури некои и од непријателите го оплакуваа нивното прогонување и размислуваа за превртливоста на животот.

5Водеа групи старци, престарени, по­криени со бели коси, подгрбавени и со треперливи нозе и, според, барањето за насилно прогонство, ги принудуваа без срам да чекорат побрзо.

6Девојки, тукушто склучиле брак и влегле во брачната одаја, место да се радуваат, се вдадоа во плач и своите, со масла намирисани коси ги посипуваа со пепел; ги водеа без превез и место да пеат свадбени песни, тие го прифаќаа општиот лелек, бидејќи туѓинците ги измачуваа страшно;

7ги влечкаа јавно и насила, врзани со вериги и ги фрлаа во кораби.

8И нивните млади сопрузи, место со венци на глава, беа врзани со јажиња околу вратот, во цветот на својата младост; место свадбена гозба и младински наслади, свадбените денови ги минаа во плач, зашто под нозете свои го гледаа пеколот отворен.

9Ги водеа како ѕверови, оковани во железни вериги: едни беа приковани за седиштата на корабите, а други – на но­зете имаа тешки окови.

10Освен тоа, тие беа во внатрешноста на бродовите, одделени од светлината, од сите страни заобиколени со темнина – за сето време додека пловеа; со нив се однесуваа како со најлоши злосторници.

11Кога ги доведоа до едно место, на­речено Схедија, а според царската за­по­вед, пловењето беше завршено, тогаш беше наредено да бидат оставени пред градот, на хиподромот, кој беше многу широк и доста погоден за јавна поруга пред сите што влегуваа во градот и кои излегуваа оттаму. Но немаа никакво општење со војската, а немаа ни достоен покрив над главите.

12Кога сето тоа беше направено, и ко­га царот разбра дека нивни сонародници често излегуваат тајно од градот за да ја оплакуваат тешката мака на сво­ите сограѓани,

13Пс 113,13тој се разгневи многу и нареди и тие да бидат не помалку казнети од дру­ги­те.

14Тој нареди да ги пребројат сите по име, не за да им пресуди тешка робија, туку најнапред да ги подложи на тешки измачувања, а најпосле сите да ги погуби во еден ден.

15И макар што пописот се вршеше со голема брзина и до крајна ревност, од изгревот до залезот на сонцето, сепак не можеа потполно да го завршат ни за четириесет дена.

16А царот непрестајно и прекумерно се предаваше на задоволства, приредуваше гозби пред сите идоли, а со умот свој далеку од вистината, со својата не­чиста уста ги славословеше оние што беа глуви и што не можеа да говорат или да помогнат, а за Великиот Бог збо­руваше она што не е прилично.

17Откако измина тоа време, писарите го известија царот дека не се во состојба да ги пребројат Јудејците поради нивното големо множество;

18освен тоа, уште поголем е бројот на оние што сѐ уште се во областите, по домовите и распрснати во разни места, така што пребројувањето не можат да го направат дури и сите египетски власти.

19А кога царот им се закануваше уш­те построго, претпоставувајќи дека се поткупени со подароци и дека вешто ја избегнуваат казната, тогаш стана по­требно да го убедат уште посилно;

20тие му докажаа дека немаат доволно хартија и трски за пишување.

21Тоа беше всушност дејствување на непобедливата Божја промисла, која им помагаше на Јудејците.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help