3 Царства 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1Потребите од храна за Соломон и за неговиот персонал за еден ден беа: триесет кори пченично брашно и шеесет кори друго брашно,

2десет одбрани телиња и дваесет згоени волови и сто овци, а покрај тоа елени и срни, и диви кози и птици;

3зашто тој господареше над целата земја од оваа страна на Еуфрат, од Тифса до Газа, над сите цареви од оваа страна на реката, и имаше мир со сите околни земји.

4Мих 4,4; Зах 3,10; Сир 47,13И живееја Јудејците и Израил спо­којно, секој под лозата своја и под смоквата своја, од Дан до Вирсавија, преку сите Соломонови дни.

5Соломон имаше четириесет илјади коњи за коли и дванаесет илјади за коњицата.

6И управниците му доставуваа на цар Соломон сѐ што требаше за царската трпеза, секој во својот месец, и не доз­волуваа да има не­достиг од нешто.

7Исто така и јачмен, и слама за ко­њите и за маските доставуваше секој навремено во местото, каде што се наоѓаше царот.

8Проп 1,16А Бог му даде на Соломон мудрост, многу голем разум и широчина на срцето како песокот на морскиот брег.

9И Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите синови на Исток, од сета мудрост на Египќаните.

101 Лет 2,6; Сир 47,16Тој беше помудар од сите луѓе, по­мудар и од Етан Езрахиецот и од Хе­ман, и од Калкол и од Дарда, синови на Махол, и името негово се славеше по сите околни народи.

11Изреки 1,1; 10,1; 25,1; Песна 1,1Тој изрече три илјади мудри изреки, а песните негови беа илјада и пет;

12тој говореше и за дрвјата, од кедар што е во Ливан, до исопот што никнува по карпите; тој говореше и за животните, за птиците, за влекачите и за ри­би­те.

13И од сите народи доаѓаа да ја чујат Соломоновата мудрост, и сите земни цареви што беа слушнале за неговата мудрост.

Подготовка околу изградбата на храмот(2 Лет 2,1-18)

14 2 Цар 5,11 Хирам, тирскиот цар, ги испрати слугите свои кај Соломон, откако слуш­на дека го помазале за цар на местото на татко му, зашто Хирам беше Дави­дов пријател во текот на целиот негов живот.

15А и Соломон испрати да му кажат на Хирам:

16„Ти знаеш дека татко ми Давид не можеше да изгради дом за името на Господ, својот Бог, поради војните со околните народи, додека Господ не ги покори под нозете негови;

17но сега Господ, мојот Бог, ми даде спокојство од сите страни: нема противник и нема веќе стапици.

182 Цар 7,12-13; Сир 47,13И, ете, јас имам намера да изградам дом за името на Господ, мојот Бог, како што му беше рекол Господ на татко ми Давид, велејќи: ‚Твојот син, кого што ќе го поставам на твојот престол место тебе, ќе изгради дом за Моето име.‘

192 Лет 2,8-12; 1 Езд 3,7Затоа, заповедај да ми насечат кед­рово дрво од Ливан; и ете, моите слуги ќе бидат заедно со твоите слуги, како ти што ќе определиш, зашто знаеш дека кај нас нема луѓе, кои умеат да сечат дрва така, како сидонците.“

20Кога Хирам ги слушна зборовите од Соломон, многу се зарадува и рече: „Благословен нека е денес Господ, Кој му даде на Давид мудар син за да упра­вува со тој многуброен народ!“

21И Хирам испрати кај Соломон да кажат: „Го сослушав тоа, за кое ти бе­ше испратил порака до мене; ќе ја ис­полнам твојата желба за кедровото дрво и кипарисовото:

22слугите мои ќе ги довлечкаат од Ливан до морето, и на сплавови ќе ги дотераат по море до местото што ќе ми го определиш; таму ќе ги растоварам, и ти ќе ги земеш; но и ти исполни ја желбата моја да доставуваш храна за мојот дом.“

23И Хирам му даваше на Соломон кедрово дрво и кипарисово дрво, според желбата негова.

24А Соломон му даваше на Хирам дваесет илјади кори пченица за исхрана на неговиот дом и дваесет кори цедено маслиново масло, – толку Соломон му даваше на Хирам секоја година.

25Господ му даде на Соломон мудрост, како што му беше ветил. И меѓу Хирам и Соломон имаше мир, а склучија и сојуз меѓу себе.

269,15Цар Соломон наложи принудна работа во сиот Израил, а бројот на мажите што работеа принудно изнесуваше триесет илјади.

27Тој ги испраќаше во Ливан, по де­сет илјади на месец, на смени; еден ме­сец престојуваа во Ливан, а два месеци – по домовите свои. Хадорам, пак, беше нивни управник.

28Соломон имаше уште седумдесет илјади мажи што го пренесуваа това­рот, и осумдесет илјади каменоделци во планините,

29освен трите илјади и триста настој­ници што Соломон ги беше поставил над работата, да го надгледуваат народот што ги извршуваше работите.

30И царот заповеда да донесуваат големи камења за основата на храмот, камења делкани.

31Ги делкаа, пак, Соломонови работници и Хирамови работници и Гевлиј­ци, и подготвуваа дрвја и камења за градење на храмот три години.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help