1Тогаш Рафаил му рече на Товија: „Не знаеш ли, брате, во каква состојба го оставивме твојот татко?
2Ајде да побрзаме напред, пред твојата жена за да ја средиме куќата.
31 Мојс 46,28Ти земи ја в рака жолчката од рибата.“ И така тргнаа, а и кучето потрча по нив.
4А тогаш и Ана седна покрај патот и чекаше да го здогледа своето чедо.
510,7И кога го препозна и виде дека се враќа, му рече на Товит: „Еве, се враќа синот твој и човекот што тргна со него.“
6Рафаил му рече на Товија: „Знај дека на татко ти ќе му се отворат очите;
7ти само намачкај му ги очите со жолчката, а тој, откако ќе почувствува јадеж, ќе почне да ги трла и така ќе паднат белите пердиња, и тој ќе прогледа.“
86,9Ана потрча, го гушна својот син и му рече: „Чедо мое, те видов; сега можам и да умрам.“ Тогаш обајцата се расплакаа.
91 Мојс 46,30Товит излезе од вратата и се сопна, но син му притрча и го придржа татко си.
Товит прогледува10Му намачка од жолчката преку очите и му рече: „Татко мој, биди силен!“
115,10; 6,9Тогаш почувствува лутина и јадеж во очите и почна да ги трла,
12Дела 9,18па белите перденца паднаа од краиштата на неговите очи. Кога го виде својот син, го гушна,
1311,9; 1 Мојс 46,29; Лк 15,20заплака и проговори: „Благословен си, Боже, и благословено е Твоето име во сите векови, благословени се сите Твои ангели!
14Зашто, Ти ме накажа, но пак се смилува на мене. Еве, го гледам мојот син Товија!“ А синот негов Товија со радост влезе во домот и му раскажа на својот татко за сите големи дела што му се случија во Мидија.
15Товит, преполн со радост и благословувајќи Го Бога, појде да ја пречека својата снаа кај портите на Ниневија. Оние што го видоа како оди, се чудеа дека прогледал.
16А Товит призна пред нив дека Бог го помилувал. Кога се доближи до својата снаа Сара, тој ја благослови и рече: „Добре дошла, ќерко моја! Нека е благословен Бог, Кој те доведе кај нас! Нека бидат благословени и татко ти и мајка ти!“ Се зарадуваа и сите негови браќа во Ниневија.
Дочекувањето на Сара17И дојдоа Ахијахар и неговиот внук,
182,10па сите со веселба ја празнуваа свадбата на Товија седум дена.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
