Јудита 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Војна против Западот

1Во осумнаесеттата година, на дваесет и вториот ден од првиот месец, во царската палата на Навуходоносор, асирскиот цар, се разговараше за одмазда, на целата земја, како што беше ре­кол.

2Тој ги повика сите свои помошници и високодостојници, им го откри својот таен план и со својата уста даде наредба за полно уништување на оние пок­ра­ини.

31 Мојс 6,17И тие решија да ги уништат сите што нема да се покорат на зборовите од неговата уста.

4Кога заврши советувањето, Наву­хо­доносор, асирскиот цар, го повика кај себе Олоферн, врховниот заповедник на сите негови војски, вториот човек вед­наш по него, и му рече:

5Ис.Н. 3,11; 4 Цар 18,19; Мих 4,13; Зах 4,14; Мал 1,14; Пс 96,5„Вака говори великиот цар, господарот над целата земја: ќе појдеш и ќе поведеш со себе мажи, убедливи со својата сила, околу сто и дваесет илјади пе­шаци и многу коњи со дванаесет илјади коњаници,

6и тргни во поход против целата зем­ја на запад, зашто тие не се покорија на зборовите од устата моја.

7Ез 38,9; 38,15-16Ќе им наредиш да подготват земја и вода, зашто со гневот свој ќе ги нападнам, целата нивна земја ќе ја покријам со нозете на моите војници и ќе ги пре­дадам на ограбување.

85 Мојс 28,64Доловите и потоците ќе се наполнат со нивните ранети, а реката, преполнета од мртвите тела, ќе се прелива.

9ќе ги прогонам во пленство на кра­јот од целата земја.

10А ти појди и заземи ги за мене сите нивни земји. Тие ќе мора да ти се предадат самите, и чувај ги за мене до денот на нивното казнување.

115 Мојс 7,16; Ез 5,11; 8,18Окото твое да не трепне пред непо­корните: предај ги на смрт и ограбувај ја сета земја што ти е предадена.

125 Мојс 32,40; Ис 46,11Кажав и со својата рака ќе го на­правам тоа, се заколнувам во својот жи­вот и во силата на своето царство.

131 Езд 6,12А ти немој да прекршиш ниедна од заповедите на својот господар, туку на­прави сѐ така како што ти заповедам, неодложно така направи.“

14Така Олоферн, откако излезе откај својот господар, ги повика кај себе сите војсководци, заповедници и началници на асирската војска,

15преброја одбрани мажи за борба, ка­ко што му заповеда неговиот господар: сто и дваесет илјади луѓе и дванаесет илјади стрелци коњаници,

16и ги нареди како што се редат вој­ници кога одат во борба.

17Суд 6,5; 7,12Зеде голем број камили, магариња и маски за пренос на нивната опрема, а и голем број овци, волови и кози – за храна на војниците,

181 Мак 3,28многу храна, како и многу злато и сребро од царската палата.

192,7И појде со сета војска во поход, ка­ко претходница на царот Навухо­до­но­сор за да го покрие целото лице на зем­ја­та со коли, коњаници и одбрани пеша­ци.

202,17А со него појдоа и многу сојузници – многубројни како скакулци и како пе­сок, така што не можеа да ги пребројат.

21Јона 3,3Појдоа од Ниневија и по три дена пристигнаа до рамнината Вектилет, па поставија логор близу до гората, која­што е на север од Горна Киликија.

22Оттаму, тој ја поведе целата своја војска – пешаците, коњаниците и оние со колите, отиде во планинските преде­ли,

23Ис 66,19па ги собори Фуд и Луд и ги ограби сите синови на Расис и на Јишмаел, кои живееја во пустината, јужно од земјата Хелеонска.

24Дан 11,24Потоа, откако го премина Еуфрат, помина низ Месопотамија и ги разурна сите утврдени градови по висините по­крај потокот Аврон, сѐ до излезот на морскиот брег.

25Откако ги зазеде сите области во Киликија, ги погуби сите што му се противставуваа, стигна до областите на Јафет на југ, кои се наоѓаа наспроти Арабија.

26Ги заобиколи сите синови на Ми­ди­јан, шаторите им ги запали и им ги раз­гра­ба стадата.

27потоа се спушти во рамнината на Дамаск токму во време на жетва, сите ниви им ги изгоре, стадата и овците им ги зеде; градовите им ги ограби, полињата им ги опустоши, а со острицата на својот меч ги распра сите нивни мом­чи­ња.

282 Мојс 15,16; 5 Мојс 2,25; Пс 54,5Страв и ужас ги опфати примор­ските градови Тир и Сидон, жителите на Сур и Окина и сите жители на Јам­нија; многу се исплашија од него и сите жители на Азот и Ашкелон.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help