1Тогаш Исус стана рано утредента, и тргна од Ситим и дојде до Јордан, тој и сите синови Израилеви, и ноќеваа таму пред да го преминат.
21,11По три дена тргнаа управителите низ логорот,
34 Мојс 10,33; 5 Мојс 31,9и им заповедаа на луѓето, велејќи: „Кога ќе го видите ковчегот на заветот на Господ, вашиот Бог, и (нашите) свештеници, левитите, како го носат, тргнете и вие од вашето место и одете по нив.
4Но растојанието меѓу вас и нив да биде околу две илјади лакти; не се доближувајте до него; така ќе го знаете патот, по кој ќе одите, зашто вие не сте оделе по тој пат никогаш порано.“
57,13; 2 Мојс 19,10.15; 3 Мојс 11,44; Суд 6,13; Ер 10,10; 23,36; Пс 41,2; 84,3; Дан 6,26; Мт 16,16И му рече Исус на народот: „Осветете се, бидејќи Господ ќе изврши меѓу вас чудни дела.“
6На свештениците, пак, им рече Исус: „Земете го ковчегот на заветот и одете пред народот.“ Свештениците го зедоа ковчегот на заветот и тргнаа пред народот.
7Тогаш Господ му кажа на Исус: „Од денес ќе почнам да те возвишувам пред очите на сите синови Израилеви, за да дознаат дека, како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе.
8А сега заповедај им на свештениците, кои го носат ковчегот на заветот, и кажи им: ‚штом ќе влезете во водите на Јордан, запрете во Јордан.‘“
9Исус им кажа на синовите Израилеви: „Дојдете ваму и чујте ги зборовите на Господ, вашиот Бог!“
102 Мојс 34,9; 5 Мојс 7,1Уште им рече Исус: „Од тоа ќе дознаете дека меѓу вас е живиот Бог, Кој ќе ги изгони од вас Хананците и Хитијците, Евејците и Перизијците, Гергесејците, Аморејците и Јевусијците;
11ете, ковчегот на заветот на Господарот над целиот свет ќе тргне пред вас преку Јордан;
124,2.4и земете си дванаесетмина луѓе од синовите Израилеви, по еден човек од секое племе;
132 Мојс 14,22; Ис 11,15и штом нозете на свештениците, кои го носат ковчегот на Господарот над целиот свет, ќе стапнат во водите на Јордан, водата јорданска ќе се прекине, а водата што тече одозгора, ќе запре.“
14И така, кога народот тргна од шаторите свои за да го мине Јордан, и свештениците го понесоа ковчегот на заветот пред народот,
15Пс 113,3; 1 Лет 12,16; Сир 24,24тогаш, штом оние, што го носеа ковчегот влегоа во Јордан, и нозете на свештениците, кои го носеа ковчегот, се наквасија во водите на Јордан; а беше време кога Јордан, во текот на целиот период на жетвата на пченицата се излева од своите брегови,
162 Мојс 14,21-22водата, што течеше одозгора, запре и се претвори во карпа оддалечена на многу големо растојание, кај градот Адам, кој се наоѓа во пределот Царетан; а водата што течеше надолу, истечуваше кон Арабиското, односно Соленото Море, сѐ додека не истече докрај.
174,3А народот премина спрема Ерихон. А, свештениците што го носеа ковчегот на заветот Господов, застанаа на суво среде Јордан. И сите синови Израилеви преминуваа на суво, додека целиот народ не го премина Јордан.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.