Даниил 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Даниил во лавовска јама

1 9,1; Ис 13,17 Дариј реши во своето царство да постави сто и дваесет гувернери за да бидат управители во целото царство.

22,4; Ест 1,1А над нив тројца кнезови, од кои еден беше Даниил – на кого гувернерите ќе му даваат сметка, за да не му доса­дува­ат на царот.

32,48-49; 1 Езд 4,22Даниил ги надминуваше другите кнезови и гувернери, бидејќи во него има­ше висок дух, и царот веќе се мисле­ше да го постави над целото царство.

41,20; 5,12-14; 1 Мојс 41,41; Ер 20,10Тогаш кнезовите и гувернерите се договорија да го обвинат Даниил во уп­ра­вувањето со царството, но никако не можеа да најдат повод, ниту пак греш­ка, бидејќи тој беше верен и немаше ни­каква грешка ни вина.

5Дела 24,13-16Но тие луѓе рекоа: „Нема да најдеме причина против Даниил, ако не најдеме против него нешто во Законот на не­го­виот Бог.“

6Неем 2,3Тогаш тие кнезови и гувернери отидоа кај царот и му рекоа вака: „Царе Дариј, жив да си довека!

73,6; Пс 63,1-5Сите кнезови во царството, намесни­ците, гувернерите, советниците и вое­ни­те началници се согласија помеѓу се­бе да се издаде царска наредба и да се објави заповед: секој што во текот на триесет дена ќе се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, него да го фрлат во лавовска јама.

8Ест 1,19И така, утврди го царе тоа решение и потпиши ја наредбата за да биде неотповиклива како непроменлив закон ми­диски и персиски.“

9Царот Дариј го потпиша решението и заповедта.

103 Цар 8,48-49; Пс 94,6; Тов 3,11; Мт 6,6; Дела 5,29А Даниил, штом разбра дека е пот­пишана таква повелба, отиде во домот свој. Прозорците на неговата дворна со­ба му беа отворени кон Ерусалим, тој трипати во текот на денот ги приклонуваше колената свои и Му се молеше на својот Бог и Го славеше, како што го правеше тоа и порано.

113 Цар 8,48-50; Пс 54,16; 1 Сол 5,17-18Тогаш тие луѓе, демнејќи го, го најдоа Даниил дека се моли и Го призовува својот Бог;

12Ест 1,19потоа отидоа и му кажаа на царот за царската заповед: „Нели ти потпиша повелба дека секој човек, кој во текот на триесет дена ќе му се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, ца­ре, да биде фрлен во лавовска јама?“ Царот одговори и рече: „Тој збор е цврст како и законот на Мидијците и Персијците, што не допушта измени.“

133,8-12; Ест 3,8Тогаш тие одговорија и му рекоа на царот: „Даниил, кој е од заробените си­нови од Јудеја, не обрнува внимание ни на тебе, царе, ниту на повелбата што си ја потпишал, туку по трипати на ден се моли со свои молитви.“

14Мк 6,26Царот кога го чу тоа, многу се за­гри­жи и си стави при срце да го спаси Даниил и дури до зајдисонце многу раз­мислуваше како да го избави.

156,9; Ест 8,8Но оние луѓе дојдоа кај царот и му рекоа: „Царе, ти знаеш дека според за­конот на Мидијците и Персијците ниедно решение или заповед, потврдено од царот не може да се измени.“

16Пс 36,39-40; 96,10; Јов 5,19Тогаш царот заповеда, и го доведоа Даниил, па го фрлија во лавовската ја­ма; па царот му рече на Даниил: „Тво­јот Бог, Кому без престан Му служиш, Тој нека те избави!“

17Мт 27,66Па донесоа камен, го ставија врз отворот на јамата, и царот го запечати со својот прстен и со прстењата на ве­ликодостојниците свои, за да не се изме­ни ништо по однос на Даниил.

182 Цар 12,17; Ест 6,1Потоа царот си отиде во својот двор, легна да спие без вечера, па дури и порача да не му доаѓаат конкубините, но сонот бегаше од него.

19А утредента царот стана во зори и брзо се упати кон лавовската јама;

203,17и кога се приближи до јамата, со на­жален глас го повика Даниил и му рече: „Данииле, слуго на живиот Бог! Твојот Бог, Кому без прекин Му служиш, мо­жеше ли да те избави од лавовите?“

21Неем 2,3Тогаш Даниил му одговори на царот: „Царе, да си жив довека!

223,28; Дела 12,11; 2 Тим 4,17; Евр 11,33Мојот Бог го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите, така што тие не ме повредија, зашто јас из­легов пред Него чист, па и пред тебе, царе, не сум извршил никаков престап.“

233,27; Ис 12,2; 1 Лет 5,20Тогаш царот многу се зарадува за Даниил и заповеда да го извадат од јамата; го извадија Даниил од јамата, и ни­каква повреда не се забележа на него, зашто тој веруваше во својот Бог.

245 Мојс 19,18-19; 4 Цар 14,6; Ест 7,9-10Царот заповеда, па ги доведоа оние луѓе, што го беа обвиниле Даниил, и ги фрли во лавовската јама, како нив са­ми­те, така и децата нивни и жените нивни и уште не беа стигнале до дното на ја­мата, лавовите ги беа зграбиле и им ги беа здробиле сите нивни коски.

253,4; 4,1Потоа царот Дариј им напиша на сите народи, племиња и јазици кои жи­вееја по целата земја: „Мирот да ви се умножи!

263,29; Ис.Н. 2,11; 3,10; Ер 10,10; Пс 98,1; Ест 8,17Издавам повелба во секоја област на царството мое да треперат и да се плашат пред Данииловиот Бог, зашто Тој е Бог жив и вечно живее, а царството Негово е непобедливо, и Неговото владение е бескрајно.

27Тој избавува и спасува, прави чу­де­са и знаци по небото и земјата; Тој го избави Даниил од шепите на лавовите.“

281,21; 2 Лет 36,22И така Даниил живееше добро и за на царувањето на Дариј, а и во времето кога царуваше Кир Персиски.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help