1 ?“
5А тие му одговорија: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:
62 Цар 5,2; Мих 5,1; 1 Цар 11,2; Јн 7,42; Евр 7,14‚И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу владетелствата Јудини; зашто од тебе ќе излезе Водач Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“
7Тогаш Ирод тајно ги повика мудреците и го дозна од нив времето кога се појавила ѕвездата,
81 Цар 23,23па, испраќајќи ги во Витлеем, им рече: „Одете и распрашајте се добро за Младенецот и, штом ќе Го најдете, јавете ми за да дојдам и јас да Му се поклонам.“
9Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И, ете, ѕвездата, што ја беа виделе на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре одозгора каде што беше Младенецот.
10А кога ја видоа ѕвездата, тие многу се зарадуваа со голема радост.
11Ис 49,23; 60,6; Пс 71,10-15И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; потоа ги отворија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна.
121,20; 1 Мојс 20,3-7; 31,24; 46,2-4; 3 Цар 13,9; Дела 16,9И откако на сон примија вест да не се враќаат кај Ирод, по друг пат заминаа за својата земја.
Бегството во Египет13 1,20; 3 Цар 11,17.40; 4 Цар 25,26; Ер 26,21 А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосиф на сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.“
14И откако стана, Го зеде Новороденчето и мајка Му ноќно време и отиде во Египет.
151,22; Ос 11,1И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Мој.“
Убиството на витлеемските деца16Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го надитрија, се разгневи многу и испрати да ги погубат сите деца во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.
17Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој говори:
18Ер 31,15„Глас се слушна во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахила ги оплакува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема.“
Враќање од Египет. Населување во Назарет19А по смртта на Ирод, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф во Египет
202 Мојс 4,19-20и му рече: „Стани, земи го Младенецот и мајка Му, и оди во земјата израилева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.“
212,14А тој откако стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата израилева.
223,13; 4,23; Ис 9,1; Јн 4,3Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, на местото од татка си Ирод, се уплаши да оди таму; и откако доби вест на сон, тој замина во галилејските предели.
2321,11; Ис 11,1; Јн 1,45А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека ќе се нарече Назареец.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.