Судии 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Идолопоклоникот Миха

1 3,27; 18,13 Имаше еден човек од Ефре­мовата Гора, по име Миха.

21 Цар 13,15; 23,21; 2 Цар 2,5; Рута 2,20; 3,10Тој ѝ рече на мајка си: „Илјада и сто шекели што ти беа украдени и за кои ти изрече пред мене проклетство, тоа среб­ро е кај мене, јас го зедов.“ Мајка му рече: „Благословен нека биде синот мој пред Господ!“

318,17-18; 2 Мојс 20,4; 5 Мојс 27,15И тој ги врати на мајка си илјадата и сто шекели сребро. И мајка му рече: „Тоа сребро го посветив од себе на Господ за мојот син за да направи од него идол и излеана статуа, и така, ти го давам.“

42 Мојс 32,4; Ис 17,8Но тој ѝ го врати среброто на мајка си. Мајка му зеде двеста шекели сребро и ги даде на леарот. Тој направи од нив идол и излеа статуа, која стоеше во домот на Миха.

58,27; 2 Мојс 29,9И така, Миха имаше дом Божји. И направи тој ефод и серафим и посвети еден од синовите свои за да му биде свештеник.

618,1; 19,1; 21,25; 5 Мојс 12,8Во тие денови Израил немаше цар; затоа секој го правеше она што го сме­таше за право.

71 Цар 16,4; Мих 5,1; Мт 2,1Тогаш живееше таму еден млад човек, левит, од Витлеем Јудејски, од Јудиното колено;

8тој човек излезе од градот Витлеем Јудејски, од Јудиното колено за да се насели како придојден каде што ќе најде погодно место, и, како што одеше по патот, дојде до Ефремовата Гора, до домот на Миха.

9И Миха го запраша: „Од каде доаѓаш?“ А тој му одговори: „Јас сум левит од Витлеем Јудејски и одам да се населам, каде што ќе најдам погодно место.“

1018,19А Миха му рече: „Остани кај мене и биди ми отец и свештеник; ќе ти давам годишно по десет шекели сребро, потребната облека и исхрана.“

11Левитот се согласи да остане кај оној човек, и тоа момче му беше како син.

1218,4Миха го посвети левитот, и тој мо­мок му беше свештеник и живееше во домот на Миха.

13И Миха си рече: „Сега знам дека Господ ќе ми прави добро, зашто имам левит свештеник.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help