Сирахова 38 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Лекарот и болеста

1 2 Лет 16,12; Мк 5,26 Почитувај лекар со чест што ја стекнал од неговата служба, заш­то Господ го создал.

228,3; 5 Мојс 32,39; Ос 6,1; Јов 5,18Лекувањето од Севишниот доаѓа, како дар што се добива од цар.

3Знаењето лекарот го прославува; и меѓу големци ќе биде на чест.

4Господ од земјата создал лекарства; човек разумен не ги отфрла.

5Нели преку дрво стана водата слатка, за да се види Неговата сила?

6Затоа на луѓето им дал знаење, за да Го прослават во Неговите чудесни дела;

7со нив Тој човекот го лекува и бо­лестите негови ги отклонува;

8оној што готви лекови, од нив прави смеса; на делата негови нема крај, а преку нив добро станува по лицето на целата земја.

9Синко, во болеста твоја не биди немарен; моли Му се на Господа, Тој ќе те излекува.

10Остави го грешниот живот, крени ги рацете и очисти го срцето од секаков грев.

1135,2-9Принеси жртва добромирисна и спомен – жртва од првокласно брашно, а врз неа прелив од масло според мож­ностите твои.

12А и на лекарот дај му место. И него Господ го создал; од тебе не оддалечувај го, зашто и тој ти е потребен.

13Понекогаш и во рацете на лекарите има спас;

14Јк 5,15и тие на Бога Му се молат, за да им помогне на болниот олеснување да му дадат и исцелување за продолжување на животот.

15Оној, кој греши пред Господа, нека падне во рацете на лекарот!

Однесување во случаи на жалост

16 22,11-12 Синко, солзи пролеј над умрен и, како да си во голема несреќа, почни да плачеш; пристојно облечи му го телото и не однесувај се небрежно кон погребението негово.

1722,12; Ер 9,17-21; Ез 24,15-23; Амос 5,16; Мк 5,38Горчливо плачи и со чувство – ри­дај; и, според достоинството негово, продолжи да жалиш по него, ден или два, за да ја избегнеш осудата, а потоа утеши се од жалоста.

18Зашто од тагата настанува смрт; ис­крено жалење ги истоштува силите.

19Со злото оди и жалоста; и животот на сиромавиот е тежок за срцето.

207,36; 28,6; 30,21Срцето твое не предавај го на жа­лоста, и отстранувај ја од себеси, мислејќи на крајот.

212 Цар 12,22-23; Јов 7,9; 10,21; 16,22; Мудр 2,1-5И не заборавај! Враќање нема; нему не му користиш, а на себе штета си пра­виш.

22Спомни си на мојата пресуда, зашто таа е иста и над тебе: „Вчера мене, а де­нес – тебе!“

23Со упокојување на мртвиот, и спо­менот негов упокој го; утеши се откако ќе излезе душата негова.

Лошата страна на физичката работа

24Во слободно време мудрост на книжник се добива; кој има слободно време, мудрост придобива.

25Како може мудар да стане оној што со рало работи и со бич се фали, кој во­лови тера и е зафатен со работа околу нив, а најчесто разговор само со јунци води?

26Срцето му е зафатено со тоа бразди да прави, а грижата негова е: на телињата крма да им даде.

27Така е и со ѕидарите и дрводелците, коишто работат ден и ноќ; така е и со оние што резба прават и постојано се трудат околу измислување на нови ша­ри;

28со сите сили се трудат сликата нив­на да личи на она што го прават; и се грижат за да го усовршат своето дело.

29Така е и со ковачот, кој стои покрај наковалната и размислува за своето де­ло од железо; димот од огнот телото му го истоштува, а тој се бори со го­реш­ти­ната од огнот;

30звукот од чеканот ушите негови ги заглушува, а очите му се впе­рени – на образецот пред него;

31со срце се стреми кон крајот на делото, гри­жа­та му е да го оформи до совршенство.

32Тоа и грнчарот го прави: седи кај работата и со нозете тркалото го врти,

33опфатен со грижа за делото свое, сите негови движења однапред се смислени:

34со раката своја на глината облик ѝ да­ва, а со нозете ја гмечи – мека да биде;

35со срцето копнее – садови добри да на­прави, и се грижи да ја очисти печката.

362 Мојс 35,10.25; 35,31-35; 36,1; 3 Цар 7,14Сите на рацете свои се надеваат, се­кој ја усовршува својата работа.

37Без нив град не се изградува, ни жи­тели се населуваат да живеат во него,

38на собир во собранија нив не ги ка­нат, на судски места не седат, не рас­праваат за судски дела, не бранат и пресуди не донесуваат;

391,25; 13,26; 20,20ги нема ни меѓу творците на мудри мисли. Но тие го одржуваат животот на светот; молитвата им е насочена кон успехот на нивното уметничко дело.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help