1 Сир 17,8; Дела 14,17; Рим 1,19-20 Сите луѓе по природа се суетни, оние кои не Го спознавале Бога, (Кој постои од вечноста), и тие кои од видливите добра не можеле да го спознаат оној Кој е, па гледајќи ги Неговите дела, не Го познавале Него Уметникот,
25 Мојс 4,19; 17,3; Јов 31,26-28туку ги почитувале за богови, кои управуваат со светот: или огнот, или ветрот, или подвижниот воздух, или ѕвездениот круг, или силните води или небеските светила.
3Зашто ако, восхитувајќи се на нивната убавина, тие сили ги почитуваа за богови, тогаш тие требаше да познаат колку е Господ подобар од нив, зашто Тој, Уметникот на убавото – ги создал и нив.
4Ако, пак, се чудеа на силата нивна и на нивното дејство, тие требаше од нив да разберат колку посилен е Оној, Кој нив ги создал,
513,1бидејќи според величината и убавината на созданијата може по сличност да се познае Создателот на нивното битие.
6Дела 17,27Но, сепак тие заслужуваат помал прекор, зашто можеби се заблудуваат, кога Го бараат Бога, сакајќи да Го најдат,
7зашто, свртувајќи се кон Неговите дела, тие испитуваат и се убедуваат преку своите очи дека сѐ видливо е прекрасно.
8Но, сепак, не треба да им се прости.
9Бидејќи, ако можеле да придобијат толкаво знаење, така што можеле да го проучуваат привремениот свет, зошто тогаш веднаш не Го нашле неговиот Господар?
Идолите: примерот со дрводелецот10 Ис 44,9-20; Ер 10,1-16; Посл 1,8-72 5 Мојс 4,28; 4 Цар 19,18; Ис 40,18-20 Но, навистина, за жалење се оние, кои својата надеж ја полагаат на бездушни творби, кои делата на човечки раце ги нарекуваат богови – златото и среброто, уметнички обработени ликови на животни или безвреден камен, изделкан од човечка рака.
11Ис 40,20; Ер 10,3-5Или, пак, кога дрводелец некој отсече погодно дрво, грижливо му ја симне целата кора и, откако го изработи убаво, од него направи сад за некаква корисна употреба во животот,
12а деланките од работата ги употреби за готвење храна и потоа се нахрани,
13но една од тие деланки, негодна за ништо, криво дрво и глуждливо, го зема и во слободното време го изделкува со опитност вешта, па сличен го направи на човечки лик,
14или го направи да личи на некое долно животно, го премачкува со оловна боја, потоа со црвена, му отстранува секој недостаток,
15Ис 46,7и, откако приготви погодно за него место, го закачува на ѕидот, прицврстувајќи го претходно со железо.
16И така, за да не падне неговото дело, однапред се грижи за него, бидејќи знае дека тоа самото не може да си помогне, зашто е идол и има потреба од помош.
17Ер 2,27А молејќи се пред него за својот имот, за женидба и деца, тој не се срамува да му говори на тоа дрво што е без душа,
18Пс 114,4-7и да бара здравје од она што е немоќно, од мртвото – да бара живот, и помош да бара од она што е беспомошно, да го моли за добро патување она што не може чекор да направи,
19за придобивка, за работа и за успех на рацете, коешто воопшто не може со раце да работи, за сила да го моли – најнемоќното.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.