Товит 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ослепување

1 2 Мојс 34,22; 5 Мојс 16,10 Кога се вратив во мојот дом и откако ми беа вратени мојата жена Ана и мојот син Товија, на празникот Педесетница, во светата седмица над седмиците, беше приготвена добра гоз­ба и седнав да јадам.

2Откако видов многу јадења, му ре­ков на мојот син: „Оди и доведи кого ќе најдеш од сиромашните наши браќа, кој си спомнува за Господ, а јас ќе те по­чекам.“

3Тој се врати и рече: „Татко мој, еден од нашето племе е задавен и фрлен на плоштадот.“

4Тогаш јас го оставив јадењето пред да го пробам, брзо излегов и го однесов во една куќа до зајдисонце.

5Кога се вратив, се измив и натажен го јадев лебот свој.

6Амос 8,10Тогаш си спомнав за пророштвата на Амос, кој рекол: „Празниците ваши ќе се претворат во жалост и сите ваши веселби – во плач.“

7И плачев, а откако зајде сонцето, отидов, ископав гроб и го погребав.

8Моите соседи се подбиваа со мене и велеа: – Тој уште не се плаши дека ќе биде убиен за таа работа; еднаш веќе бе­ше во бегство за тоа, а ете, пак погребу­ва мртовци.

9Истата таа ноќ, откако се вратив од погребот, иако бев нечист, легнав да спијам зад ѕидот на дворот, и лицето мое не беше покриено бидејќи беше топло.

10Мк 5,26Не забележав дека на ѕидот имало врапци. И додека очите ми беа отво­ре­ни, врапците испуштија врз нив нешто топло и на нив се појавија бели дамки. Одев кај лекари, но тие не можеа да ми помогнат. Ахијахар ми испраќаше хра­на, сѐ додека не замина во Елимаида.

Примерна чесност

11Мојата, пак, жена Ана во женските одделенија предеше волна,

12и испреденото им го испраќаше на богати луѓе, кои ѝ плаќаа за тоа, а ед­наш ѝ подарија и едно јаре.

135 Мојс 22,1-3Кога го донесе дома кај мене, јарето почна да вреска; јас ја прашав жена ми: „Од каде ти е ова јаре? Да не си го украла? Врати им го на оние чие е, заш­то не е дозволено да се јаде она што е крадено.“

14Јов 2,9Таа ми одговори: „Ми го дадоа ка­ко подарок заедно со платата.“ Но јас не ѝ верував и настојував да им го врати на оние, и се налутив. А таа ми одгово­ри, велејќи: „Каде се твоите милосрдни и праведни дела? Ете како се пројавија сите тие во тебе!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help