Софонија Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)
ВоведПророкот Софонија живеел и пророкувал во втората половина на седмиот век пр. Христос, во времето кога владеел царот Јошија и ги спроведувал верските реформи.Долго време Јудејците очекувале да дојде од Бога ветениот Господов ден, кога Господ ќе ги уништи нивните непријатели. Пророкот Софонија ги потсетувал дека, кога тој ден ќе дојде, Господ ќе ги казни и неверните Јудејци, а не само паганските народи! Во оваа книга пророкот предупредува дека му претстои казна на Ерусалим, но и дека градот во иднина, сепак ќе биде обновен и во него ќе живеат праведни луѓе.