Исход 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Втора казна: страдање од жаби

1 3,12; 4,23; 5,1; 9,1 Потоа Господ пак му рече на Мојсеј: „Оди кај фараонот, и речи му – вака вели Господ: ‚Пушти го народот Мој, да Ми изврши служба.‘

2А ако не се согласиш да го пуштиш, еве, Јас ќе ја казнам целата земја твоја со жаби;

310,16; 12,34; Мудр 19,10и реката ќе се исполни со многу жаби, и тие ќе излезат и ќе влезат кај тебе дома, и во твојата спална, и во постелата твоја, и во куќите на слугите твои и народот твој, и во печките твои, и во ноќвите твои.

4Врз тебе ќе скокаат жаби и врз на­родот твој и врз слугите твои.“

54,2.17; 7,9-20; 9,23; 10,13И му рече Господ на Мојсеј: „Кажи му на Арон: Пружи ја раката твоја со стапот свој врз реките, врз потоците и врз езерата, и направи жаби да излезат по земјата египетска.“

6Пс 77,45; 105,30; Откр 16,13И ја пружи Арон раката своја врз водите египетски, и произлегоа жаби; и ја покрија земјата египетска.

7Но и врачевите го направија истото со своето вражање, па изведоа жаби по земјата египетска.

88,25.29; 9,28; 10,8.17.24; 12,31; 4 Мојс 21,7; 1 Цар 12,19; Ер 42,2; Дела 8,24Тогаш фараонот ги повика Мојсеј и Арон и им рече: „Помолете Му се на Господ, да ги отстрани жабите од мене и од народот мој, и јас ќе го пуштам народот да Му принесе жртва на Господ.“

99,5А Мојсеј му рече на фараонот: „Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од куќите ваши, а само во реката да останат.“

10И рече: „Утре.“ А Мојсеј рече: „Не­ка биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг како Господ, нашиот Бог.

11Ќе отидат жабите од тебе, од ку­ќите твои (и од нивните), од слугите твои и од народот твој; само во реката ќе останат.“

12Потоа Мојсеј и Арон излегоа откај фараонот. И Мојсеј Му се помоли на Господ за жабите, што Тој ги беше испратил врз фараонот.

13И Господ направи како што измоли Мојсеј: жабите изгинаа по куќите, по дворовите и по нивите.

149,14И ги собраа на купишта, така што земјата засмрде.

15А кога фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги пос­луша нив, како што беше рекол Господ.

Трета казна: страдања од мушички

16 7,3-4 Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Кажи му на Арон: ‚Пружи го стапот свој, и удри по земјата‘ – и ќе се појават мушички по целата земја египетска.“

17Пс 104,31Така и направија: Арон го пружи со раката стапот свој, и удри по правот на земјата, и се појавија мушички по луѓе­то и по добитокот; сиот песок на земјата се претвори во мушички, по целата земја египетска.

187,11; 9,11; Дан 5,8Се обидоа и вражачите со вража­њето свое да произведат мушички, но не можеа. И имаше мушички по луѓето и по добитокот.

197,4.5.22; 31,18; Пс 8,3; Лк 11,20И му рекоа вражачите на фараонот: „Ова е знак Божји!“ Но срцето на фа­раонот пак се стврдна, и не ги послуша, како што беше рекол Господ.

Четврта казна: страдања од бубачки

20 3,18; 7,15; 9,13 И Господ му рече на Мојсеј: „Стани утре рано и појди кај фараонот. Тогаш тој ќе излезе кај реката, а ти кажи му: ‚Вака вели Господ: пушти го народот Мој, да Ми изврши служба (во пустината).‘

21Пс 77,45А ако не сакаш да го пуштиш на­родот Мој, еве, Јас ќе пуштам врз тебе и врз слугите твои, и врз народот твој и во домовите твои бубачки, и ќе се исполнат со бубачки куќите египетски, и земјата на која стојат.

229,4.6.26; 10,23; 11,7; 1 Мојс 45,10; 47,1-6; Пс 110,9А во оној ден ќе ја одделам земјата Гошен, каде што живее Мојот народ, и таму нема да има бубачки, за да познаеш дека Јас сум Господ (Бог) на (целата) земја.

239,4.6; 10,23; 11,7И ќе направам разлика меѓу народот Мој и народот твој. Утре ќе го има тој знак (на земјата).“

24Пс 77,45; 105,31И направи Господ така: и се појавија многу бубачки во куќата фараонова, во куќите на слугите негови и во целата земја египетска; земјата настрада од бубачките.

258,4; 9,27; 10,16; 12,31Фараонот ги повика Мојсеј и Арон, и им рече: „Отидете, принесете Му жртва на Господ, вашиот Бог во оваа земја!“

261 Мојс 43,32Но Мојсеј рече: „Не е можно така да биде, зашто принесувањето жртва на Господ, нашиот Бог, е нечисто за Егип­ќаните; ако ние принесеме нечиста за Египќаните жртва пред нивните очи, нема ли тие да нѐ убијат со камења?

273,18; 5,3; 1 Мојс 30,36Три дена пат ќе одиме во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог, како што Тој ќе нѝ каже.“

288,15; 9,30; 10,11И фараонот рече: „Ќе ве пуштам да Му принесете жртва на Господ, вашиот Бог, во пустината; но не одете пода­леку, и помолете се и за мене!“

29А Мојсеј рече: „Еве, јас одам од тебе и ќе Му се помолам на Господ, и бубачките утре ќе исчезнат од тебе и од слугите твои, а и од народот твој. Но престани, фараоне, да нѐ мамиш, не пуштајќи го народот да Му принесе жртва на Господ!“

308,12; 9,33; 10,18И отиде Мојсеј од фараонот, и Му се помоли на Господ.

31И Господ направи како што измоли Мојсеј, и си отидоа бубачките од фара­онот, и од слугите негови, и од народот негов; не остана ниедна.

327,12Но пак се ожесточи срцето фа­раоново, и пак не го пушти народот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help