1 Летописи 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Давидов псалм за слава при пренесувањето на ковчегот

1Го донесоа ковчегот Божји и го поставија среде скинијата, што ја беше направил Давид за него и Му принесе на Бога жртви сепаленици, и помирителни жртви.

22 Мојс 39,43; 4 Мојс 6,23-26Кога Давид заврши со сепалениците и принесувањето на помирителни жрт­ви, го благослови народот во името Господово,

3Ис 16,7и им раздаде на сите Израилци, и на мажи и на жени, по еден леб, по едно парче месо и по чаша вино.

4Тогаш постави тој на служба пред ковчегот Господов некои од левитите, за да славословат, да благодарат и да Го превознесуваат Господ, Бог Израилев:

5Асаф – за раководител, втор по него – Захарија, Јеиел, Шемирамот, Јехиил, Матитија, Елијав, Ванеја, Аведар и Јеиел со харфи и лири, и Асаф – да удира на кимвали,

6а Ванеја и Јахазиел, свештеници, – да трубат постојано пред ковчегот на заветот Божји.

Славопојни песни(Пс 95,1-12; 104,1-15; 105,1.47-48)

7Во тој ден Давид за првпат даде псалм за славословие на Господ преку Асаф и браќата негови:

84 Цар 19,19; Пс 106,1; 118,1; 136,1„Славете Го Господа, разгласувајте го името Негово; кажувајте ги делата Негови меѓу народите;

92 Мојс 15,1пејте Му, свирете Му; раскажувајте за сите Негови чудеса;

10Пс 65,2фалете се со Неговото свето име; нека се весели срцето на оние, кои Го бараа Господа;

11побарајте Го Господа и силата Не­гова, барајте го постојано лицето Не­гово,

125 Мојс 4,34; Пс 77,43спомнувајте ги чудесата, што ги изврши, знаците Негови и судовите од устата Негова;

13вие, семе Израилево, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови!

14Тој е Господ, Бог наш; Неговите су­дови се по целата земја.

151 Мојс 8,1; Пс 97,3; 111,5Помнете го вечно заветот Негов, словото, што го заповеда за илјада родови,

161 Мојс 12,7; 15,18она, што му го вети на Авраам и во кое му се колнеше на Исак.

171 Мојс 35,9-12Тој му ја постави на Јаков за закон и на Израил за вечен завет,

181 Мојс 13,14-17велејќи: ‚Тебе ќе ти ја дадам земјата хананска, како ваш наследен дел.‘

195 Мојс 7,7Тие тогаш беа малубројни, мошне малку и во неа беа придојдени,

201 Мојс 20,13и талкаа од народ до народ и од едно царство до друго племе;

211 Мојс 12,17; 20,3; 2 Мојс 7,15-18; Пс 9,4но не дозволи никому да ги навредува и ги разобличуваше заради нив царевите:

221 Мојс 20,7‚не гибајте ги Моите помазаници и не правете им зло на Моите пророци.‘

23Пеј Му на Господ, цела земјо, навестувајте го од ден во ден спасението од Него.

24Ис 42,12; 66,19Разгласувајте ја меѓу незнабошците славата Негова, и меѓу сите луѓе чудесата Негови,

252 Мојс 18,11; 5 Мојс 32,39; Ис 40,25; Пс 17,2; 2 Лет 2,5зашто Господ е голем и достоен за слава, пострашен од сите богови.

26Зашто сите богови на народите се ништо, а Господ ги создаде небесата.

27Слава и величие пред лицето Него­во, сила и радост во Неговото Свето место.

28Пс 28,1-2Воздајте Му на Господ, племиња народни, воздајте Му на Господ слава и чест!

29Пс 28,1-2; 2 Лет 20,21Воздајте Му ја на Господ славата на името Негово. Принесете дар, дојдете пред лицето Негово, поклонете Му се на Господ во сјајот на светлината Негова.

30Пс 2,11; 33,8Трепери пред Него, цела земјо, за­што Тој ја основа вселената, и таа нема да се разниша.

31Ис 44,23; 49,13Нека се веселат небесата, да ликува земјата, и нека се вели меѓу народите: ‚Господ царува!‘

322 Мојс 20,11; Ис 42,10Нека се бранува морето и сѐ што го исполнува, да се радува полето и сѐ што е на него.

33Ис 2,4; 14,8; 55,12Да ликуваат заедно сите дрвја во лаговите пред лицето на Господ, зашто Тој доаѓа да ја суди земјата.

34Ис 12,4; Пс 104,1; 1 Езд 3,11; 2 Лет 5,13; 7,3Славете Го Господа, зашто Тој е добар и милоста Му е вечна,

35и речете: ‚Спаси нѐ, Боже, Спаси­теле наш! Собери нѐ и избави нѐ од народите, за да го славиме Твоето свето име и да се фалиме со Твојата слава!‘

363 Цар 8,15; Пс 71,18-19Благословен Господ, Бог Израилев, отсекогаш и засекогаш!“ И сиот народ рече: „Амин, алилуја!“

Богослужби во Ерусалим и во Гаваон

37 2 Лет 8,14 Давид ги остави таму, пред ковче­гот на заветот Господов, Асаф и браќа­та негови за да служат пред ковчегот постојано, секој ден,

38Аведар и браќата негови, шеесет и осум души; Аведар, син Једутунов, и Хоса – за вратари;

391 Цар 2,35; Ис.Н. 9,3а свештеникот Садок и браќата негови, свештеници, ги остави пред Гос­подовиот дом, што беше на висината на Гаваон,

402 Мојс 29,38; 4 Мојс 28,1-8за да принесуваат жртви на Господ врз жртвеникот за сепаленици постојано – наутро и навечер, и за сѐ што е пишано во законот на Господ, што Тој му го даде на Израил;

41и со нив Еман и Једутун и другите избраници, кои беа именувани посебно, за да Го слават Господа, зашто милоста Негова е вечна.

422 Лет 7,6Со нив Еман и Једутун да Го слават Бога, свирејќи со труби и кимвали и со разни свирки; а синовите Једутунови ги постави кај вратата.

432 Цар 6,19-20Потоа се разотиде сиот народ, секој во домот свој; си отиде и Давид, за да го благослови својот дом.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help