1 4 Цар 20,1-11 Во тие денови Езекија се разболе смртно. И дојде кај него пророкот Исаија, синот Амоцов, и му рече: „Вака вели Господ: направи тестамент за домот свој, зашто ќе умреш, нема да оздравиш.“
2Тогаш Езекија се сврте со лицето кон ѕидот и се помоли на Господ велејќи:
3„О, Господи! Сети се дека јас одев пред Твоето лице верно и со предано срце кон Тебе и вршев она што беше угодно пред Твоите очи.“ И силно заплака Езекија.
4И дојде словото Господово кон Исаија и му беше речено:
5Пс 38,12„Оди, кажи му на Езекија: вака вели Господ, Бог на твојот предок Давид: ја чув твојата молитва, ги видов твоите солзи, и ете, додавам кон твоите дни уште петнаесет години,
631,5; 37,35ќе те спасам тебе и овој град од раката на царот асирски. Да, ќе го зачувам тој град.
7И еве ти знак од Господ дека Господ ќе го исполни словото што го изрече.
87,11-14; 37,30; 4 Цар 20,11Еве, ќе ја вратам десет стапки назад сончевата сенка, која мина по стапките Ахазови.“ И се врати сонцето десет стапки по стапките, по кои тоа слегуваше.
Благодарноста на Езекија9Молитвата на јудејскиот цар Езекија, кога беше болен и оздраве од болеста:
10Пс 106,18; Јов 17,11-13„Си реков во себеси: кога ги преполовив дните свои, треба да влезам во портите на Подземјето; јас сум лишен од остатокот на годините свои.
11Пс 26,13; Проп 9,5-6Јас реков: нема да Го видам Господ Бог во земјата на живите; нема да видам повеќе човек меѓу оние што живеат во светот;
12Пс 89,5-6; Јов 4,20; 7,6; 14,2; 2 Кор 5,1-4; 2 Птр 1,13-14моето живеалиште се симна од местото и се оддалечи од мене како овчарски шатор; како ткаач треба да го пресечам животот свој; Тој ме отсече од основа; дење и ноќе чекав дека Ти ќе пратиш смрт.
13Пс 50,9; Јов 10,16; Плач 3,4Чекав до утрото; како лав Тој ги кршеше сите мои коски; ден и ноќ чекав дека ќе ми испрати смрт.
1459,11; 1 Мојс 27,1; Ез 7,16; Наум 2,7; Пс 68,3; 121,1; 123,1-2Како жерав, како ластовичка цивкав, како гулаб тагував; очите мои гледаа кон небото: Господи, притеснет сум, спаси ме.
15Што да кажам? Тој ми рече, и Тој направи. Мирно ќе ги поминам сите години на животот свој, помнејќи ја тагата на душата своја.
16Ос 6,2; Пс 29,2-3; 103,3-4Господи, така живеат луѓето, и во сето тоа за Тебе ќе живее мојот дух; Ти ќе ме излекуваш, ќе ми даруваш живот.
1743,25; Мих 7,19; Пс 84,2; Евр 12,11Ете, за добро ми беше силната тага, Ти ја спаси душата моја од погибелниот ров, ги фрли зад грбот Свој сите мои гревови.
18Пс 6,5; Сир 17,27; Варух 2,17Зошто Подземјето Тебе не Те слави, смртта Тебе не те восфалува, слезените во гроб не се надеваат на Твојата вистина.
195 Мојс 4,9; Пс 77,3-7; 146,2Живите, само живите ќе Те прослават, како јас сега; таткото ќе им ја соопшти на децата Твојата верност.
2023,16; Пс 29,12; 33,3Господ ќе ме спаси; и ние во сите дни на нашиот живот со звуците на моите жици ќе пееме песни во домот Господов.“
21Тогаш рече Исаија: „Нека донесат суви смокви, нека ги изгмечат и нека ги стават врз чирот; и царот ќе оздрави.“
22А Езекија рече: „Кој е знакот дека ќе отидам во домот Господов?“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.