Дела 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Савловото преобраќање

1А Савле, дишејќи уште со застрашувања и убиства против уче­ни­ци­те на Господа, дојде кај прво­свеш­те­ни­кот

28,3; 22,5; 1 Мак 15,15-24и побара од него писма за синагоги­те во Дамаск, така што, ако таму најде некои што го следат овој пат, мажи и жени, врзани да ги доведе во Ерусалим.

322,6; 15,8; Гал 1,12.15Но, додека по патот наближуваше до Дамаск, наеднаш го обзеде светлина од небото,

4и, откако падна на земја, слушна глас што му зборуваше: „Савле, Савле, зошто Ме гониш?“

5Лк 10,16А тој одговори: „Кој си Ти, Го­спо­дине?“ А Господ му рече: „Јас сум Исус, Кого Го гониш. Тешко е за тебе да се риташ против бодило.“

6Тресејќи се од страв и ужас, тој пра­ша: „Господи, што сакаш да направам?“ А Господ му рече: „Стани и влези во градот; и ќе ти се каже што треба да правиш!“

7А луѓето, што одеа по него, стоеја занемени од вчудовиденост, зашто слушаа глас, а никого не гледаа.

8Савле стана од земјата и, макар што му беа очите негови отворени, ништо не гледаше: и водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.

9И три дена остана слеп, и ништо не јадеше, ниту пиеше.

10Во Дамаск, пак, имаше еден ученик по име Ананија, кому во видение Гос­под му рече: „Ананија!“ А тој одговори: „Еве ме Господи!“

11Тогаш Господ му рече: „Стани и оди во улицата што се вика Права, и во домот Јудин побарај го човекот од Тарс, по име Савле; ете, тој сега се моли.“

12И во видение виде еден човек, по име Ананија, како му пријдува и полага раце над него, за да може да прогледа.

13А Ананија одговори: „Господи, од мнозина сум слушал за тој човек колку зло им правел на Твоите светии во Еру­салим;

14Рим 10,12а тој и овде има овластување од првосвештениците да ги врзува сите што го повикуваат името Твое.“

15Ер 1,10; 1 Кор 1,2Но Господ му рече: „Оди, зашто тој ми е избран сад, за да го изнесе името Мое пред народи и цареви и синовите Израилеви.

1615,26; 21,13И Јас ќе му покажам колку треба тој да пострада заради името Мое.“

17А Ананија отиде и влезе во куќата и, откако ги положи рацете свои над не­го, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати за да прогледаш и да се исполниш со Дух Свети.“

18Тов 11,13-15И одеднаш како лушпи да паднаа од очите негови, и тој прогледа и кога ста­на, се крсти.

Савле проповеда во Дамаск

19А откако прими храна, Савле зак­репна. Потоа неколку дена преседе со учениците во Дамаск;

20и веднаш почна да проповеда во синагогите за Исус дека е Тој Син Божји.

219,14; Гал 1,13.23И сите што го слушаа, се чудеа и зборуваа: „Не е ли ова оној, кој во Еру­салим ги гонеше оние што го повикуваа тоа Име, та затоа и овде дошол за да ги доведе врзани пред првосвештениците?“

2218,28А Савле стануваше сѐ посилен и ги збунуваше Јудејците кои живееја во Дамаск, докажувајќи им дека Овој е Христос.

2320,3.19Кога помина многу време, Јудеј­ци­те се договорија да го убијат.

24Но Савле дозна за нивниот заговор. Тие, пак, дење и ноќе го чекаа на портата за да го убијат.

25Затоа учениците го зедоа ноќе и в кошница го спуштија по ѕидот.

Савле во Ерусалим

26А кога пристигнаа во Ерусалим, Савле настојуваше да им се придружи на учениците; но сите се плашеа од не­го, бидејќи не веруваа дека тој навистина е ученик.

27Варнава, пак, го зеде и го одведе кај апостолите, па им раскажа како Савле по патот Го видел Господа, дека Гос­под му зборувал, а исто така и дека во Дамаск отворено го проповедал името на Исус.

28Рим 15,19И оттогаш тој остана со нив, влегу­ва­ше и излегуваше во Ерусалим, и смело говореше во името на Господа Ису­са.

29А зборуваше и се препираше исто така и со елинизираните Јудејци, кои се обидуваа да го убијат.

30Штом разбраа за тоа браќата, го од­ведоа во Кесарија, од каде го испратија во Тарс.

312,47; 16,5А црквата по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беше во мир, се изградуваше и живееше во страхопочит кон Господ, и растеше со утехата на Светиот Дух.

Оздравувањето на Енеј

32Петар откако ги обиколи сите, сле­зе и кај светиите што живееја во Лида.

33Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на постела, зашто бил неподвижен.

343,6-7; Мк 2,11И Петар му рече: „Енеј, тебе те ис­целува Исус Христос. Стани и направи си ја постелата сам!“ И тој веднаш ста­на.

35И го видоа сите што живееја во Ли­да и во Сарон, и се обратија кон Господ.

Оживувањето на Срна во Јопија

36Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше.

37И токму во тоа време таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната одаја.

38Лк 8,41-42А бидејќи Лида беше близу до Јо­пи­ја, учениците штом слушнаа дека е Пе­тар таму, веднаш испратија двајца луѓе кај него, молејќи го да дојде до нив што побргу.

39Петар стана и тргна кај нив. Кога пристигна, го одведоа во горната одаја. И дојдоа кај него сите вдовици, пла­чеј­ќи и покажувајќи му ги ризите и об­ле­ките што ги беше правела Срна додека живееше со нив.

40Мк 5,41Петар, откако ги истера сите надвор, падна на колена, се помоли, па се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ И таа ги отвори очите свои, го погледна Петар и седна.

41А Петар тогаш ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива.

42И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господа.

43А Петар престојуваше долго време во Јопија кај некој си кожар Симон.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help