4 Царства 16 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ахаз, цар на Јудеја(2 Лет 28,1-27)

1Ахаз, синот на јудејскиот цар Јотам, стана цар во седумнаесеттата година на Ремалиевиот син Факиј;

2Ахаз беше на дваесет години, кога стана цар; тој царуваше шеснаесет години во Ерусалим, и не го правеше она што беше правилно пред очите на Господ, својот Бог, како неговиот предок Давид,

33 Мојс 18,21туку одеше по патот на израилските цареви, и дури синот свој преку оган го пренесе, следејќи ги одвратните дела на народите што Господ ги беше от­странил од пред лицето на Израилевите синови;

45 Мојс 12,2принесуваше жртви и кадеше по идолските светилишта и по могилите и под секое сенчесто дрво.

515,37; Ис 7–8Тогаш царот на Арам Рецин и Ре­малиевиот син Факиј, израилскиот цар, тргнаа против Ерусалим за да го освојат и го држеа Ахаз под опсада, но не можеа да победат.

6Во она време арамејскиот цар Рецин ѝ го врати на Арам Елат и ги истера Јудејците од Елат; и Едомците се населија во Елат, каде што живеат и до денес.

7Ахаз испрати гласници до асирскиот цар Тиглат-Пилесер да кажат: „Јас сум твој роб и твој син; дојди и заштити ме од раката на арамејскиот цар и од раката на израилскиот цар, кои се кренаа против мене.“

812,19Ахаз зеде сребро и злато, колку што се најде во домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и му го испрати како дар на асирскиот цар.

915,29Асирскиот цар го послуша: и отиде асирскиот цар во Дамаск, го презеде и ги пресели жителите негови во Кир, а Рецин го уби.

10Царот Ахаз отиде да го пречека асирскиот цар Тиглат-Пилесер во Да­маск и го виде жртвеникот што беше во Дамаск, и му го испрати царот Ахаз на свештеникот Урија ликот на жртвени­кот и план на целиот жртвеник.

11А свештеникот Урија изгради жрт­веник според планот што царот Ахаз му го испрати од Дамаск; тоа го на­прави свештеникот Урија, пред да дојде од Дамаск царот Ахаз.

121 Цар 13,9; 3 Цар 12,32-33Кога дојде царот од Дамаск, го виде жртвеникот, се доближи тој до жртве­никот и принесе на него жртва.

13Запали своја жртва сепаленица, при­несе жртва приносница и жртва ле­аница и го пороси жртвеникот со крвта на неговата жртва за помирување.

14А бронзениот жртвеник што беше пред лицето Господово, го премести од предната страна на храмот, од местото меѓу новиот жртвеник и домот Госпо­дов, и го постави отстрана на тој жрт­веник кон север.

15Ез 46,4-7И му заповеда царот Ахаз на свештеникот Урија и рече: „На големи­от жртвеник пали ги утринските сепаленици и вечерната жртва приносница, сепаленицата од царот и жртвата приносница од него, сепалениците од сите луѓе на земјата и жртвата приносница, и жртвата леаница од нив, и роси го жртвеникот со крвта на секоја сепаленица и со крвта на секоја жртва, а бронзениот жртвеник да остане, додека јас да размислам.“

16Свештеникот Урија го изврши сето тоа, како што заповеда царот Ахаз.

17И ги извади царот Ахаз краиштата на подножјата, ги симна од нив мијалниците, го симна и бронзеното море од бронзените волови што беа под него и го постави на под од камен.

18И ја крена саботната стреа што беше вградена пред храмот и надво­решниот царски влез во домот Гос­подов, заради асирскиот цар.

19Другите дела на Ахаз што тој ги извршил, опишани се во летописите на јудејските цареви.

20Ис 14,28И почина Ахаз кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во Давидовиот град. На негово место се зацари неговиот син Езекија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help