Псалми 134 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 134Похвална песна на Господ

1 112,1 Фалете го името Господово, фалете го, слуги Господови,

2133,1вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог.

353,7; 105,1Фалете Го Господ, зашто Господ е добар; пејте му на името Негово, зашто тоа е мило;

4Ис 41,8зашто Господ го избра Јаков за Себе, Израил за Свој сопствен посед.

594,3; 2 Мојс 18,11Бидејќи знам дека Господ е велик и дека нашиот Господ е над сите богови:

6114,3Господ прави сѐ што ќе посака, на небото и на Земјата, во морињата и во сите бездни;

7Ер 10,13; 50,15доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Тој, Кој ги изведува ветровите од скровиш­тата нивни,

877,51; 135,10; 2 Мојс 11,5; 12,28Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток,

95 Мојс 11,3покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на фараонот и врз сите слуги негови,

10135,17-22; 5 Мојс 1,4порази многу народи и истреби силни цареви:

114 Мојс 21,33-34; Неем 9,22Сион, царот аморејски, и Ог, царот башански, и сите цареви ханански;

12и му ја даде нивната земја во на­следство на Својот народ Израил.

13101,12; 2 Мојс 3,15Господи, името Твое е вечно; Гос­поди, споменот за Тебе е од род во род.

1471,2; 5 Мојс 32,36; Евр 10,30Зашто Господ ќе го штити Својот народ и ќе биде милостив над слугите Свои.

15114,4-8; 5 Мојс 4,28Идолите на незнабошците се сребро и злато, дело на раце човечки;

16имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат;

17имаат уши, но не слушаат; ниту, пак, во устата нивна има здив.

18Слични на нив ќе бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се надева.

19Доме Израилев, благословувај Го Господ! Доме Аронов, благословувај Го Господ!

20Доме Левиев, благословувај Го Господ! И вие, кои се боите од Господ, благословувајте Го Господ!

21Нека е благословен Господ од Си­он, Кој живее во Ерусалим!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help