Исаија 53 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Страдањето и славата на Божјиот Слуга

1 40,10; Јн 12,38; Рим 10,16 Кој поверува на тоа, што го чул од нас и кому му се откри силата Господова?

211,1.10; 37,31Зашто изникна Тој пред него како младо дрвце и како стебленце од сува земја; нема во Него ни убавина, ниту ве­личие; ние Го видовме, и во Него нема­ше изглед, што ќе нѐ привлекува кон Него.

352,14; Пс 21,6; Мк 9,12Тој беше презрен и отфрлен меѓу луѓето, човек на болки и свикнат на страдања, и ние го одвраќавме од Него лицето свое; Тој беше презиран, и ние за ништо не Го сметавме.

4Мт 8,17; Евр 2,10Но Тој ги зеде врз Себе нашите бол­ки и ги понесе нашите слабости; а ние мислевме дека Тој беше поразуван, каз­нуван и понизуван од Бога.

5Рим 4,25; 1 Кор 15,3; 2 Кор 5,21; Гал 3,13; Ефес 2,14; 1 Птр 2,24А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззако­нија; казната за нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се из­лекувавме.

6Ер 50,6; Ез 34,5; Пс 118,176; 2 Кор 5,21; 1 Птр 2,25Сите ние бевме заблудени како овци, секој си одеше по својот пат, – и Господ ги натовари врз Него гревовите на сите нас.

7Ер 11,19; Пс 37,13-15; Мудр 2,19; Мт 26,63; 27,12-13; Мк 14,61; Јн 1,29; Дела 8,32; 1 Птр 1,19; 2,23Тој беше измачуван, но страдаше доброволно и устата Своја не ја отвора­ше; како јагне Тој беше одведен на ко­лење, и како што е овцата пред стри­жа­чите свои безгласна, така и Тој не ја от­вори устата Своја.

8Плач 3,54; Ез 37,11; Мт 9,15; Дела 8,33Тој беше лишен од праведен суд. Кој може да зборува за Неговите наследници? Зашто беше отсечен од земјата на живите; заради беззаконијата на Мојот народ беше осуден на смрт.

9Пс 43,17-21; Плач 3,6; Варух 3,4-11; Мт 27,38.57-60; 1 Птр 2,22Му определија гроб со злодејци, но Тој беше погребан кај богатиот, иако Тој не беше направил грев и во устата Негова немаше лага.

10Мт 20,28; 26,42; Јн 4,34; Рим 3,25; Евр 2,17; 1 Јн 2,2Но волјата Господова беше да Го казни, и Го предаде на мачење; а кога ќе го принесе Својот живот како милос­тивна жртва, Тој ќе види долговечно потомство, и волјата Господова ќе на­предува преку Неговата рака.

11Ез 4,4; Дела 3,13-14; 7,52; Рим 3,25-26; 1 Птр 3,18Ќе се зарадува поради трудот на ду­шата Своја и ќе види светлина. Пра­вед­ниот Слуга Мој ќе ги оправда мнозина и гревовите нивни врз Себе ќе ги поне­се.

12Пс 2,8; Мт 26,28; Мк 10,45; Лк 22,37; 23,34; Фил 2,7; Кол 2,15; Евр 9,28Затоа Јас ќе Му дадам големо нас­ледство, со силните плен ќе дели, зашто Себеси на смрт се предаде, и меѓу зло­дејците беше вброен и ги понесе врз Се­бе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help