Изреки 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Жена – прељубница заведува млад човек

1 2,1; 6,20 Синко, пази ги зборовите мои, и со­криј ги во тебе заповедите мои.

24,4; 5 Мојс 32,10Пази ги заповедите мои, и ќе живе­еш; пази го и учењето мое, како зеница­та на очите свои.

33,3; 2 Кор 3,3Врзи ги на прстите свои, напиши ги на плочите од срцето свое.

4Мудр 8,2-18; Сир 4,11-19Кажи ѝ на мудроста: „Ти си ми сестра!“ – и наречи го разумот твој роднина,

52,16; 5,3.20; 6,24за да те пазат од туѓа жена, која збо­рува пријатно.

6Сир 30,1-13Ете, еднаш гледав од прозорецот на куќата моја, низ мојата решетка,

7и видов меѓу неискусните, забеле­жав меѓу младите едно неразумно мом­че,

8кое минуваше преку плоштадот близу до нејзиниот агол и кое одеше по патот кон нејзината куќа,

9на квечерина кога се стемнуваше, во ноќната темнина и во мракот.

10Ис 3,16-23; Ез 16,10-14И ете, во пресрет му доаѓа жена, наконтена како блудница, со подмолно срце,

11зборлива и нескротлива, нозете неј­зини не се запираат в куќи:

12де на улицата, де по плоштадите и на секој агол поставува стапици.

13Таа го зграпчи, го бакна и со бес­рамно лице му зборуваше:

14Ез 23,40-44„Жртва за мир имам денес: денес ги исполнив заветите свои;

15затоа и излегов да те пресретнам, за да те побарам, и те најдов;

16со покривки го украсив леглото свое, со разнобојни платна египетски;

17леглото свое го попрскав со смирна, алој и дарчин;

18дојди, ќе се насладуваме со љубовта дури до зори, дојди да се радуваме во милување,

19зашто маж ми не е дома: тој замина на долг пат;

20една ќеса сребро зеде со себе; ќе си дојде дома кон полната месечина.“

21Проп 7,26Со многу ласкави зборови таа го привлече, со меката уста своја го овла­деа.

22Тој веднаш тргна по неа, како што вол оди на колење и како елен – на ис­трел,

23додека стрела не му го пробие црниот дроб, како птичка што се фрла во стапица, а не знае дека е таа за нејзи­на погибел.

24Сир 26,9-12И затоа, синко, послушај ме и внимавај на зборовите од устата моја.

25Да не скршнува срцето твое по неј­зиниот пат, да не талка по патеките неј­зини,

26зашто таа многумина смртно ранила, и многумина јунаци таа убила.

27Нејзиниот дом е пат кон пеколот, кој води во внатрешните живеалишта на смртта.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help