4 Царства 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јорам, цар на Израил

1Јорам, синот на Ахав, стана цар над Израил во Самарија во осумнаесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Јосафат и царуваше дваесет години.

2Тој правеше зло пред очите на Гос­под, но не така, како татко му и мајка му, зашто ја собори статуата на Ваал што ја беше направил татко му.

310,29; 13,11; 14,24; 15,9.18; 3 Цар 12,26-32; 13,33-34; 14,16; 15,26.34; 16,2.9.29Сепак, тој се приврза кон гревовите на Јеровоам, Наватовиот син, кој го наведе Израил да прави гревови, и не отстапуваше од нив.

Во воен поход против моавската земја

4 2 Цар 8,2; Ис 16,1 Моавскиот цар Меша имаше многу добиток и му испраќаше на израилскиот цар по сто илјади јагниња и по сто илјади неистрижени овни.

51,1Но, штом умре Ахав, моавскиот цар се одметна од израилскиот цар.

6Во она време царот Јорам излезе од Самарија и ги преброи сите Израилци,

73 Цар 22,4па отиде и испрати да му кажат на јудејскиот цар Јосафат: „Моавскиот цар се одметна од мене. Ќе дојдеш ли со мене во војна против Моав“ Тој одговори: „Ќе дојдам; Јас сум со тебе. Мојот народ е и твој народ, а моите коњи се и твои коњи.“

8И рече: „По кој пат да одам?“ Тој рече: „По патот низ едомската пустина.“

9И тргнаа израилскиот цар, јудеј­скиот цар и едомскиот цар, и одеа по заобиколен пат седум дена, и немаше вода за војската и за добитокот што одеше по нив.

10Тогаш рече израилскиот цар: „Ах! Господ ги изведе овие тројца цареви за да ги предаде во раката на Моав.“

113 Цар 22,7Но Јосафат рече: „Нема ли тука пророк Господов, па преку него да Го прашаме Господ?“ Одговори еден од слугите на израилскиот цар и рече: „Тука е Елисеј, Шафатовиот син, кој полеваше вода на Илиевите раце.“

125 Мојс 18,18; 1 Цар 3,19; Ер 1,9; 27,18И рече Јосафат: „Во него има слово Господово.“ И отидоа кај него израилскиот цар и Јосафат и едомскиот цар.

13И му рече Елисеј на израилскиот цар: „Што имаш ти со мене! Оди кај пророците на татковците свои и кај пророците на својата мајка.“ И му кажа израилскиот цар: „Не, зашто Господ ги изведе овде овие тројца цареви за да ги предаде во раката на Моав.“

143 Цар 17,1; 18,15И рече Елисеј: „Се колнам во жи­виот Господ Саваот, пред Кого стојам! Ако не го почитував Јосафат, јудеј­скиот цар, не би те почитувал и не би те погледнал;

153 Цар 18,46; Ез 1,3; 3,14; 8,1; 33,22; 37,1туку повикајте ми свирач.“ И кога свирачот свиреше, тогаш раката Госпо­дова се допре до Елисеј,

16и тој рече: „Вака говори Господ: ‚Направете ја оваа долина јама до јама‘

17зашто вака вели Господ: ‚нема да видите ветар и нема да видите дожд, а оваа долина ќе се наполни со вода, од која ќе пиете вие и вашиот ситен и крупен добиток;‘

18но тоа е малку пред очите на Гос­под: Тој и Моав ќе го предаде во рацете ваши,

19и ќе ги поразите сите укрепени градови и сите главни градови, и ќе ги исечете сите добри дрвја, и ќе ги за­п­рете сите извори, и сите добри ниви и ќе ги затрупате со камења.“

20Утредента, додека се принесуваше принос, одеднаш потече вода по патот од Едом, и земјата се наполни со вода.

21Кога слушнаа Моавците дека царевите доаѓаат да војуваат со нив, беа собрани сите што носат појас и постари, па застанаа на границата.

22Изутрината станаа рано, кога сонцето изгреа над водата; на Моавците таа вода оддалеку им се причини црвена како крв.

23И тие рекоа: „Тоа е крв; се степале царевите меѓу себе и се истребиле еден со друг. А сега на плен, Моаве!“

24И тие дојдоа до израилскиот логор. Станаа Израилците и удрија по Моав­ците, кои почнаа да бегаат од нив, но, тие и понатаму трчаа по нив за да ги дотепаат.

25Ис 16,7.11; Ер 48,31.36И ги разрушија градовите, и во се­која добра нива секој фрли по еден ка­мен, и ја наполнија, и сите водни извори ги затрупаа, и сите плодни дрвја ги исе­коа. Само во Кир-Харешет ги оставија камењата на ѕидините. Но и него пра­ќарите го опколија и го разрушија.

26Кога моавскиот цар виде дека ја губи битката, зеде со себе седумстотини мажи, наоружани со меч за да се пробијат кон едомскиот цар, но не можеа.

27Суд 11,30-40; Мих 6,7И тој го зеде својот првороден син, кој требаше да царува по него, и го принесе како жртва сепаленица врз ѕидот. Тоа предизвика големо гадење кај Из­раилците, и тие се повлекоа од него и се вратија во земјата своја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help