Неемија 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Список на свештениците и левитите

1Еве ги свештениците и левитите, што дојдоа со Зоровавел, синот Салатиилов, и со Јешуа: Сераја, Еремија, Ездра.

2Амарија, Малух, Хатуш,

3Шеханија, Рехум, Меремот,

4Идо, Гинетој, Авија,

5Мијамин, Маадија, Билга,

6Шемаја, Јојарив, Једаја,

7Салу, Амок, Хелкија, Једаја. Тоа се началниците на свештениците и бра­ќа­та нивни во дните на Јешуа.

8А левитите: Јешуа, Бинуј, Матанија, главен при славословијата, тој и бра­ќа­та негови, Кадмиел, Шеревија, Јуда,

91 Лет 23,28и Бакбукија и Униј, нивни браќа, кои заедно со нив служеа.

10Јешуа го роди Јоаким, Јоаким го роди Елијашив, Елијашив го роди Јо­ја­да,

11Јојада го роди Јонатан, Јонатан го роди Јадуа.

12Во дните на Јоаким старешини на свештенички семејства беа: од Сера­и­евиот дом – Мераја, од Еремиевиот дом – Ананија,

13од домот на Ездра – Мешулам, од Амариевиот дом – Јоханан,

14од Мелихуевиот дом – Јонатан, од Шеваниевиот дом – Јосиф,

15од Харимовиот дом – Адна, од Ме­рајотовиот дом – Хелкај,

16од Идовиот дом – Захарија, до Ги­не­тоновиот дом – Мешулам,

17од Авиевиот дом – Зихриј, од Минјаминовиот дом и од Моадиевиот дом – Пилтај,

18од Билгаовиот дом – Шамуа, од Ше­маевиот дом – Јонатан,

19од Јојаривовиот дом – Матенај, од Једаевиот дом – Озиј,

20од Салаевиот дом – Калај, од Амо­ковиот дом – Евер,

21од Хелкиевиот дом – Хашавија, од Једаевиот дом – Натанаил.

22Што се однесува до левитите, ста­ре­шините на нивните семејства беа за­пи­шани во списокот во дните на Ели­јашив, Јојада, Јоханан и Јадуа; и исто така и свештениците до царувањето на Дариј персиски.

23Синовите Левиеви, племенски ста­решини, се запишани во летописот до дните на Јоханан, Елијашивовиот син.

24Началници на левитите беа: Ха­ша­вија, Шеревија, и Јешуа, Кадмие­ловиот син, и браќата нивни, при нив поставени за славословие при благодаренијата, спо­ред наредбата на Давид, Божји чо­век, смена по смена.

25Матанија, Бакбукија, Авдија, Ме­шулам, Талмон, и Акув беа вратари, кои чуваа стража при вратните прагови.

26Тоа беше во дните на Јоаким, синот на Јешуа, Јоцадаков син, и во дните на Неемија и на свештеникот Ездра, книж­ник.

Неемија управува со осветувањето на ѕидините

27 5 Мојс 20,5; 2 Цар 6,5; 1 Езд 3,10; 1 Лет 15,16; 25,6 Кога требаше да се осветуваат еру­салимските ѕидови, ги повикаа левитите од сите места, и им заповедаа да дојдат во Ерусалим за да се изврши осветувањето и радосното празнување во славословија и песни, при звукот на кимвали, псалтири и гусли.

28Се собраа синовите на певците од Ерусалимскиот округ и од селата Не­то­фатски,

29и од Бет-Гилгал, и од околината на Гева и Азмавет, зашто певците си беа изградиле села во околината на Еру­са­лим.

302 Мојс 19,10; Јов 1,5И се очистија свештениците и левитите, го очистија и народот и портите и ѕидовите.

31Тогаш ги изведов на ѕидот јудеј­ски­те началници и поставив два големи хо­ра певци, и едниот од нив одеше десно по ѕидот кон Гноишните Порти.

32По нив одеше Хошаја и половината јудејски началници:

33Азарија, Ездра, Мешулам,

34Јуда, Венијамин, Шемаја и Еремија;

35а од синовите свештенички со тру­би: Захарија, син на Јонатан, син на Ше­маја, син на Матанија, син на Михаја, син на Закур, Асафов син,

36и браќата негови: Шамаја, Азарел, Милалај, Гилалај, Маај, Натанаил, Јуда и Ананија со свирките на Давид, Бож­јиот човек, и книжникот Ездра пред нив.

37До Изворните Порти, спроти нив, тие излегоа по степеништата на Давид­овиот град, по скалите што водеа кон ѕидот над Давидовиот дом, до Водните Порти на исток.

38Другиот хор врвеше наспроти нив, а по него јас и половината од народот, по ѕидот од Кулата кај печката до ши­рокиот ѕид,

392 Лет 33,14и од Ефремовите Порти, покрај Старите Порти и Рибните Порти и Ха­нанеловата Кула, и кулата Меа, кон Овчите Порти, и застанавме при Зат­ворските Порти.

40Потоа и обата збора застанаа пред Божјиот дом, а и јас и половината на­чалници со мене,

41и свештениците: Елијаким, Ма­асе­ја, Минјамин, Михаја, Елјоенај, Заха­ри­ја и Ананија со трубите,

42Маасеја, Шемаја, Елеазар, Озиј, Јо­ханан, Малкија, Елам и Езер. А пев­ци­те пееја високо; водач им беше Јиз­ра­хи­ја.

43Во тој ден се принесоа големи жрт­ви и се веселеа, зашто Бог им беше дал голема радост. Се радуваа и жените, и децата и веселбата ерусалимска се слу­ша­ше надалеку.

Деловите зачувани за свештениците и левитите

44 3 Мојс 27,30; 5 Мојс 18,8 Во истиот ден беа поставени луѓе над одделите за приноси од првините и десетоците, за да ги собираат од нивите околу градовите, делови определени со Законот за свештениците и левитите, зашто на Јудејците им беше драго да ги гледаат свештениците и левитите кои служеа,

451 Лет 23; 25–26; 2 Лет 8,14и вршеа служба на својот Бог и работите околу очистувањето и беа пев­ци и вратари, според наредбата на Да­вид и синот негов Соломон.

46Пс 136,4; 2 Лет 29,27; 35,15Зашто уште одамна, во дните на Давид и Асаф, беа установени главни певци, како и песни за Бога, пофални и благодарствени.

475 Мојс 18,8Сите Израилци во дните на Зоро­ва­вел и во дните на Неемија им даваа де­лови на певците и на вратарите како храна за секој ден, и им ги даваа осве­те­ните приноси на левитите, а левитите им даваа на Ароновите синови.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help